Од несподобност да се соочиме со некој работи ја правиме најлесната работа на свет навредување на интелкт на другите.Муабетот со тебе е до тука.Имај убав ден
Девојчево се извини на муслиманските верниците што ги навредила,а кои во мир ја практикуваат религијата. Се извини и на вулгарноста. А не мораше,бидејки според истрагата на нивното јавно обвинителство немало говор на омраза ,нејзиниот говор бил против Исламот,а не против муслиманите. Бласфемијата во Франција е дозволена. Сепак нејзиниот живот е загрозен ,нејзината слобода,нејзиното право на школување од страна на муслиманите. Кога се работи за неа нема радикален и не радикален ислам,сите се против неа.
Ова тероризирање на девојчето трае веќе со недели, а на неа и е загрозен животот пошто вратила со иста мера и му е повредено егото на мачо менот. Интересно. Сите религии се едно исто, али радикалниот ислам е веќе сосема друго ниво на екстремизам. Да навредиш некоја со изразот "гнасна лезбејка" и потоа цела држава да и се заканува пошто девојката ја навредила опасната религија треба стварно да и фалат 90% од мозочните клетки.
Да споделам мислење за случкава. Сè започнува со повреденото его поради одбивање на дејт од страна на девојката, за да ситуацијата ескалира до овој степен. Значи прво и основно имаме ОГРОМЕН проблем на светско ниво (очигледно) што сè уште девојките не смееме да одбиеме дејт со некој затоа што после тоа следи одмазда во вид на навредување, ширење на секакви муабети (кои во Маќедоња се и прифатени од широка народна маса како вистинити), па дури и преку физички напад. Додека не се научи машкиот пол дека нормално нешто е и одбивањето, ќе има уште доста вакви случки. Е сега конкретно за ова, не можам да речам дека станува збор за слобода на говор туку за говор на омраза од двете страни. Секако прво од негова страна, па потоа и од нејзина. Не ми се допаѓа речникот ниту на едниот, ниту на другиот. За него, очигледно е дека е хомофоб. Знае дека темата со прифатеноста на ЛГБТ е сè уште чувствителна во цел свет, па „удрил“ таму кај што другата страна се чувствува најслабо. За неа, очигледно е дека е тинејџерка. Она што се кажува дека во Франција е дозволено богохулење не знам колку е релевантен аргумент за ситуацијава, бидејќи сè се случува во виртуелна комуникација. Интернетот не е Франција, интернетот е една платформа без држава, но еден од да кажам препорачаните начини за употреба е да не се употребува за ширење на говор на омраза. Ова важи и за двете страни. Слобода на говорење е да објасни став за Куранот и исламот како религија или пак општо за сите религии зошто не верува во истите или не ги практикува. Сосема друго е тоа да го направи со несоодветен речник само за да „му врати“. За да му врати можела и да го нарече глупак и да заврши со тоа. НО, можам да ја сфатам реакцијата со оглед на годините. Следно, се јавуваат со закани за силување и за линч. Ете тука веќе ми претежнува вагата за да застанам во одбрана на девојката. Нема да се согласам со речникот кој го употребила, ќе се согласам со ставот кој го има за исламот и ќе се согласам дека треба да биде заштитена, а заканувачите казнети соодветно.
Се сложувам со поголемиот дел од постов Прпл ама у слобода на говорење спаѓа и критика на одредена религија, а за тоа да не ти следува закана по живот. Богохулието ко такво е дозволено и никој не треба да испашта поради тоа, треба еднаш да се ослободиме од тие религиозни догми.
Токму затоа и пишав: И јас сметам дека треба да е дозволено богохулието, а дали е (конкретно за интернет) не знам. Е сега она што според мене не треба да се прави е да се вмешува религиска определеност или сексуална ориентација во лични препукувања, затоа што ни едното ни другото немаат врска со повреденото его на дотичниот. Тоа е менталниот склоп на голем дел од машката популација, дека како тоа тие да бидат одбиени. Проблемот е во неговото уверување дека ја заслужува секоја девојка која ќе ја посака. И секако дека се сложувам дека никој не треба да живее во страв по сопствениот живот затоа што некои усвитени глави решиле да изигруваат џелати на сите кои ги покосуваат нивните верувања.
Јас бев таа. Иако стопати објаснив со која смисла беше тоа факинг, џабе беше. Ама и да ме банираа, немаше да се извинувам и потресувам. Нека. Они битно ако им е детето геј, ќе го трујат со хормони на своја рака, нека му отиде цело здравје у пм за они да се среќни дека не сакаат да го прима отпозади ама битно за книгата жалопојки пишуваа. Мислам замисли да си попотресен за книга отколку за детето свое. Ако се препознае таа од која го читав тоа, не ме интересира. Само кажувам како кажала. А мислам дека нема Македонец што не кажал вулгарности за некоја партија или Заев или Грујо. Па да се поставуваше по истите правила немаше еден жив да има.
Ебено абстрактен поим - Алах. За (најверојатно) непостоечки ентитет милионско анти - интелигентно племе тргна во одбрана.
Иако и јас би се налутила некој да збори така против мојата религија или Господ, овојпат застанувам во одбрана на Мила и го оправдувам нејзиното понашање. Бидејќи тоа што е кажано е кажано во афект. Била обвинета дека е расист?Како да дејта некој за кого не е на ниеден начин привлечена?Не морала да биде осудена од негова страна дека е расист само бидејќи го одбила. Од расист до геј има илјадници светлосни години разлика. Можда малце претерала со зборовите ама не заслужува смртни закани по живот и не заслужува да седи дома затворена од страв да не ѝ направи некој нешто надвор. Фала Богу бар власта ѝ дала полициска поддршка, кај нас да беше до сега ќе ја каменуваа..
Ама види не е до егото. Тие се жртви на "верата", радикални дивјаци. Тоа е проблемот. Не требало таа тоа да му го спомнува. Подобро да го навредела милион пати него лично отколку да му спомнела вера. Знаеш, кај нив простувањето е предавство и грев, така ги учат, а одмаздата е награда. Тоа потекнува од пред Маврите да стигнат во Шпанија и пред селџуците да стигнат на Балканот. Таквите нивни верувања сега ги има единствено кај талибанците и низ блискиот исток и северна Африка, од каде потекнуваат тие дојденци во Франција и другите европски земји. Од друга страна пак, кај нив има "даует" т.е. повикување во нивната вера. Тоа е добрата страна на приказната. Повикуваат со милост најчесто луѓе како девојката, богаташи, криминалци итн. Е сега тие даиите и хафизите (луѓе кои го знаат куранот татамата, кои знаат сѐ) треба да превземат мерки да си ги смират дивите тинејџери кои се закануваат бидејќи според нивната вера, нели, секој човек потекнувал од Адем и Ава и убиство на еден човек значело убиство на цело човештво. Тоа го има на повеќе места во збирките на хадиси отколку повиците на одмазди. Со "и јас сум Мила" не се постигнува ништо, со знаење и истражување се постигнува, кажете му на Џони!
Да не треба на секој со кој комуницира биографијата да му ја изучи? Со се потекло, со културни обичаи и што се не, да не случајно навреди некој Тој прв ја навредил, му возвратила. Сега ќе трпи смртни закани и ќе се крие од најмирољубивата религија на светот, додека западот ги толерира овие испади поради политичка коректност т.е. улижување за поени.
Да да JE SUIS MILA! Неоспорно и треба полициска заштита, како и на секој шо е под сериозни закани шо не значи дека е правилно навредувањето на цела група поради кавга со еден од нив. Пред 16 години дошла на светот ќе одредува место на богови и религии. И јас пораснав во земја на војна, масакри, рамковен договор и не осетив потреба вака да се изразувам, шо ако испровоцира некој психопат на терористички чин против недолжни? Денешните деца наместо мама тато ги воспитува интернетот и после проблеми еден куп.
На човек, кој е во состојба да направи масакр врз група на луѓе и ич око да не му трепне, најчесто и не му е потребен повод за истото. Бројни напади сведочат за тоа.
Има повод. Рајот и девиците во рајот, простување на дотогашни гревови...но тоа во друга тема. Проблемот лежи во нечии политики на глобално ниво. Ова со Мила ќе биде само колатерална штета и за нејзините поддржувачи и за поддржувачите на радикалните диви млади незнајковци. Единствена окористена страна ќе биде политиката. Како и да излезе на крај, можеби не стојам во целост ја страната ја Мила но и те како стојам ПРОТИВ нечовечката идеологија на дивите фанатици.
Тој муслиманот шо ако испровоцира некој геј на терористички чин против недолжни? Значи они скрос си биле океј, ама некој ги испровоцирал па зеле да убиваат. Набивај чувства на вина. Срам како не ти е
Леле. Значи утре ако има нов терористички напад (скраја да е), девојчево ќе е крива. Ез ај сед, Заев треба пола Македонци да ги истреби што се за ВМРО по логикава зашто сите го пцујат, кажуваат ваков е, таков е. Брејвик во 2011 кој го испровоцира да убие 70 души во одморалиште во Норвешка? Патем кога го уапсиле изјавил дека ги мразел муслиманите и сакал да ја спаси Европа од нив па тоа го поттикнало нападот. Терористи мислам дека се единствени за кои одобрувам смртна казна. Можда и за други ама овие највеќе. Знам дека смртта би им била спас ама ваквите се многу често добро обучени и никаде, ни во затвор не се сигурни. Особено што секогаш се стремат да убијат што повеќе луѓе па токму на јавни отворени места напаѓаат.
Толку краток пост а толку истропани глупости алал! Не можи секој така! Живеј малце во реалноста, не можам да ти разработувам хипотетички ситуации да беше баба машко во превод геј тероризам и не можам да и набивам вина на некоја шо нема да ме прочита. И мене ми се пцујат групи на граѓани, ми се пцуеја и на 16 ама јавно ќутам. Такви муабети дома, пред цел свет под име и презиме не. Не бранам овдека исламисти то се твои спинови ама чисто инфо некој во очи да ми спомнува пикање прсти во шупак епа можда ќе му ја влепам.