Го гледате Jersey Shore? Сега почна новата сезона на MTV. Омилен учесник ми е Вини. Го чекам вашето мислење
Не гледам од проста причина ОДВРАТНИ МИ СЕ,па поготово она малоно,набиено никакво,како и да се вика,што на секоја реклама на МТВ (за следна епизода) си го покажува г'зот Пример до каде може да оди Америчкава глупавост
зошто да им е срам? Како и секоја емисија. Снуки им е одвратна на сите, па и на мене но не е срамно да ја гледаат Снуки и Поли Д и мене ме нервираат. Малата се опива и прави глупости.
Изгледав нецели 5 минути случајно вртејќи по каналите додека бев на одмор. Може некој да ми ја објасни целта на ова тв-шоу? Мислев дека дното е допрено со Вистинските домаќинки на Беверли Хилс или така нешто... сум се прелажале бре.
Изгледав и јас едно 5 минути од с*ањево и со секоја изгледана минута буквално чувствував како ми опаѓа интелегенцијата, или што би рекол Херкул Поаро сивите мозочни ќелии, кои почнаа да ми извршуваат масовно самоубиство. Група на неписмени, напумпани, грди и мрсни неандерталци. Со реално шоу како ово прашањето е само how low can they go? Се разочарав кога Леонардо Дикаприо изјави во интервју дека обожавал да ги гледа
Епа вака. Јас почнав да ја гледам емисијава кога почна новата сезона во Италија. И сакав да знам какво мислење имате за емисијава а не да се навредуваме дека кој ја гледа емисијава траба да му е срам или слично.
Не е навредување туку жива истина.Само нискоинтелигентни личности би гледале вакво шоу . Не знам стварно која им е фората на американците со ваквите глупости,а да знаете има многу будали во Америка што ги пратат затоа и рејтинзите им се толку големи.Подобро би потрошила време на некој добар филм или добра серија него ли на овие глупаци.Прашање за оние што пратат. Што интересно а уште повеќе поучно наоѓате во ова??? Нетрпеливи сте да видите кој ќе испадне најголем дебил од нив или кој повеќе глупости ќе направи??? Мислам која е поентата стварно не разбирам.
A за сметка на тоа се прекинуваат одлични серии Не сум слушнала за ова шоу до сега. Незнам за што се работи....најверојатно би требало да биде објаснето нешто повеќе во првиот пост од оној кој ја отворил темата. Може некој по карака рецензија ќе се заинтересира па ќе гледа Мене ми беше доволно мислењето од неколку форумџики во чии вкус не се сомневам, за да никогаш не се ни обидам да видам за што станува збор
Сметајте ме за неинтелигентна колку сакате ама да, ја имам изгледано секоја епизода од секоја сезона и многу ја сакам емисијава. Зашто? Па забавни ми се, а и нема нешто попаметно да се прави во терминот кога се дава, а тоа е обично околу 22-23:00 саат во недела. И јас не можам да сватам како некои гледаат Госип Грл, Прељубници, Волци, Лисја, се турско,индиско и шпанско итн. ама не вреѓам, ствар на вкус е тоа. Ја у принцип и сакам вакви реалити шоу програми во стилот на Џерси Шор, Големиот брат или Преживеан. Нејсе, оваа сезона сега што ја даваат на MTV во Италија е најдобра, има најлуди работи. Не ми се свиѓа само Дина, не знам што им требаше да ја вметнат. И цела среќа што Ангелина ја нема веќе, само тензија правеше низ куќата и со сите се караше. Некад напињаат и Семи и Рони те се заедно те не. коа се скарани и не зборат мир у куќа. за Снуки не знам што да кажам, некако искомплесирана ми е целата. Џеј Вау ми е најбоља од девојките. Вини и Поли Д се оноа парти енималс. Иначе мене омилен ми е Мајк - Д Ситуејшн (не заради стомачните , туку онака најфацка ми е и само сплетки прави да не е досадно ) и еден податок само чисто информативно, оваа емисија со години наназад од кога почна да се прикажува е една од најгледаните во Америка, сите учесници направија пари за уште 10 поколенија после нив и имаат во просек по 7 и нешто милиони фанови на фејсбук. а тоа не е за потценување барем според мене. За толку пари не гаќи, сите голи би се соблекле, ама пусто македонче не признава. што да се прави.
А што не е за потценување?Демек ако имале 7 милиони фанови тоа е доказ дека е прекрасно шоу??Барем госип грл е тв серија со нормални глумци и со некаква содржина,а ова што е?Кој повеќе ќе се испијани и ќе се избламира?Кој пониско може да падне?Направила пари некоја си Снуки таму(мислам така беше) со тоа што се бламира пред цел свет и прави будала од себе,со своето тотално неморално однесување и со нејзиниот ефтино,провокативен изглед,и тоа треба да е супер?Да е во ред?Да не е за потценување?Дај те молам.
^^Снуки ни јас не ја сакам нешто посебно, прочитај убаво што пишав за неа, ама не значи ако еден е таков дека целото шоу не чини. И реков и пак ќе кажам работа на вкус е , а за вкусови не се дискутира.
Ми се плаче. Ми се траќа глава од ѕид. Ми се слуша Андријана Ацевска. Ми се љупи чушки со турпија за нокти. Ми се требе ориз со бокерски нараквици. Чао.
Ја пратам емисијата, сега заврши сезоната што беше снимена во Италија, сега се очекува новата да почни некаде јануари која е снимена во Seaside Jersey Shore... И да ќе заборавев да кажам дека сум нискоинтелегентна личност затоа што ги пратам, затоа што е нешто нормално што се случува во секојдневниот живот, не дека нешто ќе научиш ама ти го претставува реалното, ама ние пусти светици сите па не гледаме А , овие што гледаат шпански, турски, индиски , госип,( како што напомена феминка погоре), што им го затупија мозокот на луѓето е тие се високоинтелегентни, еве капа ви симнувам за интелегентноста , да баш од нив има што да се научи Ако гледаш ,гледаш ако не ,не , ама дури не се извреѓаме, дури не се напрајме паметни овде на форумот не сме живи...
значи кога сакам нешто паметно пуштам Discovery. ова е забавна емисија. никој не рече дека има којзнае каква високо интелигента содржина.