Јуве е и единствениот тим кој го почитува Кристијано надвор од Мадрид, Лисабон и Манчестер. Навивачите на Јуве се едни од ретките кои со аплауз ги поздавуваа головите на Роки па и логично беше таму да ја продолжи кариерата. Нека му е со среќа и на Роки и на Јуве во наредните години. Hala Madrid!!
Ne mi se veruva deka na nekoi mu e bitno kolku pari Juve frli za Ronaldo i ne mi se veruva deka ne se svesni kakov sampion ke igra za Juve a za marketnig da ne zboruvame.
Среќа серги рамос што не го земаа Јас сум за Јувентус и сакам да освои Лига на Шампиони но целата филозофија на Јувентус е многу различна од други тимови пример: незнам дали сте ја гледале серијата за Јувентус на нетфликс, промена на симболот итн. Роналдо е одличен играч но некако не ми се вклопува во харизмата на Јувентус. Дали ќе донесе успех на теренот или ќе остане само добар еконмски трик ќе видиме? Се надевам дека нема да донесе дебаланс во екипата и да си заминат некои членови. Si amo per Forti
Колку што прочитав, се пензионираше од репрезентација. Ќе играл во друга екипа. Е за ова не сум сигурна.
Јас мислев дека ќе се пензионира од фудбалот. Знам дека има 40 години. А на таа возраст повеќето се пензионираат.
Еден од послабите натпревари на Јувентус...Дојде Роналдо, а Јуве во ист месец отпаѓа од две натпреварувања прво од домашниот куп од Аталанта ,а сега и од Лига на шампиони од Ателтико.М Значи џабе го донесовме за ЛШ кога ќе отпаднеме... Иако не е се изгубено може Јуве да направи разлика со повеќе од два гола,ама останува да видеме
Ако се одигра реваншот напаѓачки а не калкулантски може 3 гола да се шибнат. Е сеа до Алегри е како ќе го спреми тимот а знаејќи го, нема да тргне без глава у напад туку паметно.
Ајде малку да ја активираме темава... Bianconeri каде сте? Ќе има ли Скудето годинава, што мислите? Тешка сезона имаме, што со неискуството на Пирло и неажурноста на управата, ама проблем е што пола тим се повредени или болни. Верувам дека титулата и годинава ќе си дојде дома ама за ЛШ не сум баш оптимист. И со секој натпревар се потврдува дека Роналдо треба веќе да си замине. Не ми е јасно зошто сите го гледаат како "спасител" на тимот, а тој баш и не е во форма. Ама добро, полесно е да се плука по Пирло и останатите играчи
Не сум оптимист за скудето а за ЛШ па уште помалку. Многу фактори се клучни што годинава имаме послаби резултати од задњи 9 години. Повреди на клучни играчи, неискусен тренер и лош трансфер рок на управата како и консолидирање на интер (намерно со мала буква) по све изгледа ќе биде причина за сезона без скудето. Но ние сме Јуве и наше мото е "fino alla fine" што значи ништо не е изгубено до последно коло. FJ
Имаме шанси за титула, бар тоа е извесно. Другото... Ај следен пат, кога ќе го оправиме средниот ред. Мислам дека неискуството на Пирло не е толку голем проблем, колку повредите. Има човекот визија, ама тешко се остварува со овие играчи што му се на располагање, и што дел од нив играат на различни позиции.
Се сложувам Анат, ама работа на тренерот е да им ја најде правата позиција и да извади макс од играчите. А форсирање на некои "играчи" ко Берна или Ремзи ич не ми се бендисува. А за средниот ред немам коментар, само Артур и Мек би ги задржил, друго све пут под ноге