Општи прашања Тоа ти е на улицата од кај Тутунски, накај Аеродром/Лисиче што оди. Мислам 3та македонска бригада ја преименуваа сега. Е, фактички не вртиш накај меѓуградската автобуска туку продолжуваш малку право накај лисиче и од десна страна ти е тоа (некаде после тоа евн му доаѓа). Ако ме сфати, не можеш да го прмашиш
Каде се наога комплекс Панорама? Поточно улицата Тодор Александров(салвадор аљенде), треба да идам во Афродита-с салонот а појма немам каде е помош?
Зависи од кај си. 8 почнува од Влае (под мостот Влајко) и почнува од Љуботенски пат. Сега ти зависи од каде си. А за во зоолошка ќе се симнеш кај поранешниот катастар што беше, пред градски парк. Нема шанси да ја утнеш
Еве низ кои улици поминува бул.”Партизански Одреди”, бул.”Илинден”, бул.Г.Делчев”,бул.”К.Мисирков” , ул.”Цветан Димов” и ул.”Бутелска” и ОБРАТНО'. Мислам дека неможеш од соборна, ама не сум сигурна.. нека каже некој друг ако знае.
^^ Не можеш да ја фатиш кај Соборна, бидејќи оди по Илинденска, не по Рекорд и Партизанска. Еве карта, како се движи.
И со 15а можеш да одиш до зоолошка. Таа тргнува од Ново Лисиче, потоа Железничка, Рекорд, пред Влада, по Илинденска итн.
Саемот се наоѓа до Хотел Континентал, Автокоманда. Кој автобус ти одговара зависи од каде тргнуваш, а пред Континентал застануваат 45,2,50,16,65..или 12 од друга страна на саемот.
^Толку ли е блиску до Хотел Континентал? Планирам денес да одам со 50ка, од која страна е ако можи некој да ми објасни?
50ка застанува точно пред Континентал, а саемот е веднаш зад хотелот, само за да влезеш ќе треба малку назад да се вратиш од станицата бидејќи влезот е од друга страна. Прашај било кој во околина, ќе ти објасни од каде треба да одиш. Има знамиња, реклами, плакати и сл. каде што е влезот и паркингот на саемот.