Јас па колку дуќани имам фатено што зимаат роба од Бит Пазар и Шутка. Ехеееее....боље идете си таму па земете.
дали некоја од вас драги феминки знае каде се наога мебел ви и со кој автобус се стигнува таму т.е. каде се чека?
Дали некој знае да ми каже каде се наоѓа Per Te Street Restourant ( https://www.facebook.com/per.te.355...0.1423254944./723617271001404/?type=3&theater ) Јас никако не можам да се снајдам, па кога би можел некој да ме упати баш би и била благодарна
Ова ти е веднаш после Плеј кафе, во правец накај собрание. Му доаѓа спроти Краш. Даме Груев ти е едносмерната улица што се сече со улица Македонија. Се надевам ме сфати
Ако сака некој да ми каже каде се наоѓаат по познативе кафулиња каде што денес се излегува.. Скоро се преселив овде па уште не знам Фала ..
Тие што живеаат во населба Ѓорче Петров, да ми кажат каде се наоѓа продавницата за мебел Розмајер. Успеав да најдам дека е на ул. Лука Геров но сепак не можам са се снајдам преку google maps. Фала доколку некој се потруди да ми објасни .
Се надевам се снајде колку толку месецов што помина. Освен на кеј и на ул Македонија имаш интересни кафичи/кафанчиња во Дебар Маало, тоа ти е карши парк. Има убави и во парк пред стадионот. Имаш и на Партизанска, и одма до Универзална, во Кафе Че, таму има скоро секој месец попуст на лапај.мк, има и карши Соборна.
фала ти @kjukli . Мислев на тоа , кое кафуле по име каде се наоѓа. Затоа што една пријателка ми вика да се сретнеме во Јuice bar чинам така беше..и сега јас ваква ама со тек на време ке научам кое каде се наоѓа.(од овие по познативе кафулиња.) да не ми се смеат пошто не знам кое каде е. Фала ти
Кога нема да знаеш некое слободно пиши Не е тешко за учење, но има навистина многу. Најубаво ти е кога се договараш да се чекаш да биде тоа на некоја автобуска или нешто во близина, да не трагаш кој кафич каде е. Имаше и една апликација за телефон, но моментално не ми текнува како се вика.