во уличката што е зад автобуската карши Градежен факултет...на 50 метри. значи позади тц Буњаковец ќе дојде
Мислам дека е пред зградата на поранешен Телеком...како тераса што е. Имаше порано и на Водно ама мислам дека веќе не постои.
помеѓу трафиката и бурекџилницата, одма до десниот тротоар...на четири метри од фото студиото. работи секој ден, освен среда. понатаму...
Кај фонатаната во парк, во зградите над кафаните. Има реклама, па ќе знаеш во кој влез да влезеш, на прв спрат е.
Во Капиштец, во близина на ортопедскиот завод Славеј и домот за деца без родители. Автобус број 57 те симнува точно спроти Заводот. Треба само улица да поминеш.
Ако се симнеш со автобус кај Веро Центар тогаш ќе одиш само право, преку мостот и одма на чело е МКЦ. И од автобуската кај Веро се гледа. Поточно се наоѓа спроти црквата Света Богородица, веднаш позади основното училиште Кирил и Методиј што е. Се надевам помогнав.
дечки може прашањево не ми е за тука, но не можам да најдам соодветна тема за тоа... дали некој од вас порачувал онлине од Сефора и колку се плаќа царина ??