Општи прашања Kaj se naoga ulica `Димитар Македонски` во Скопјево? не можам на мапа некако да се снајдам за оваа улица, барам продавница поточно се вика Адванс Медија
Општи прашања Девојки, ајде која знае да ми каже поточно каде се наоѓа лабораторијата ХИСТОЛАБ. Девојката која ми ја закажа биопсијата рече ул 50 Дивизија бр.34 позади дрзавна болница (заден излез). Јас имам ориентација кое каде е ама точна локација незнам. Фала ви
Општи прашања Се надевам дека уште ти треба ова Кога одиш накај државна, ама не главниот влез туку уличката позади Рамстор. Пред рампата (по угорнината) има раскрсница, трафика има на самата раскрсница, аптеки, продавница за јакни (конфекција), стари книги на едни скалилки продаваат...На таа раскрсница вртиш лево и одиш околу 100тина метри. Гледај на десната страна од улицата. Има мала уличка нагоре (на десно) и се гледа таблата со натпис Хистолаб, нема шанси да ја утнеш. Ама објаснив Се надевам ме разбра, ако ти треба подетален опис пиши. Поздрав
New Age cafe ако за тоа мислиш се наоѓа во едно мало уличе во редот на Кузман студентскиот дом на крајот од тој ред има мало уличе што врти лево на крајот од лева страна е. Се надевам ме сфати.
Општи прашања социјално се наоѓа во центар, кај црвен крст. подетално - првата улица десно кога одиш накај олимписки базен. се надевам дека ќе се снајдеш
Ако не грешам, кога влегуваш во ГТЦ од плоштадот, во првиот пролаз лево што води кон кејот. Ќе влезеш во ГТЦ, доаѓаш до првиот пролаз лево, на едниот ќош имаш оптика, отспротива има чорапара. Ботони е одма после чорапарата. Се надевам дека ме сфати.
Од плоштад влезот во трговски што гледа, епа од лева страна е одма, пишува со огромни розеви букви BOTTONI, нема шанси да не го видиш. Тука во пролазот е одма.
Оваа тема некако ми се виде најсоодветна да прашам. Дали JYSK има продажен салон само во Skopje City Mall, или пак уште постои салонот во Драчево (или некаде натаму, кај и да беше)?
Општи прашања Музејот на вмро се наоѓа до камени мост, не од страната на плоштад, туку од кај чаршија. Штом го поминеш мостот, одејќи од плоштад кон чаршија, од левата страна објектот е музејот.
Во Капиштец има три, а можеби и повеќе. Едната е дијагонално наспроти Зебра, од прилика наспроти зградите на Народен Фронт број 5 кадешто се наоѓаат продавниците на Стружанка, Фабер и Нарди и сите останати. Се наоѓа на аголот на зградата т.е. кога одиш од Жито Луксот по улицата по која вози 57-мица, правец Ѓорче - Центар од десна страна некои си 100 метри подалеку од Жито Луксот. Другите две се во стариот трговски Капиштец, внатре, на втор кат.
Колку што имам видено по билборди мислам дека има и еден негде кај Кванташки пазар во Mr. Bricolage карши Супер Тинекс мислам дека е...