Имаше во ТЦ Глобал, ама дали беше на втори или трети спрат не се сеќавам. И мене ми треба - одамна не сум била натаму и ако знае некоја нека каже дали уште ја имаме продавницава и на кој спрат се наоѓаше.
Да ја има продавницата во глобал.. Само и јас не знам дали беше на втори или на трети спрат но сигурна сум дека е веднаш до скалите (гледа во скалите ако може така да се каже) Сепак мислам дека беше трети спрат!
Општи прашања дали знае некоја од вас каде се наогаат министерството за транспорт и врски и дирекцијата на паркинзи-општина центар хитно ми е
Општи прашања Министерство за транспорт и врски е веднаш позади Собрание на Република Македонија, а за дирекцијата не знам
Општи прашања Министерство за транспорт и врски беше после камени мост, кај црквата св.Димитрија ,на веб страната сеуште ја имаат оваа адреса Контакт Улица "Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје, Република Македонија Телефон: + 389 (0)2 3145 497, + 389 (0)2 3123 292 но, лани го префрлиле М.за транспорт и врски привремено во поранешната зграда на Министерство за надворешни работи, со тоа што Секторот за патен сообраќај и инфраструктура останува во сегашните простории на улицата “Црвена Скопска општина" а Дирекција на Паркинзи од плоштад по тие уличките, мислам накај т-хоме кога се оди, тука некаде (Ул.8-ма ударна бригада) еве која зграда е Спојлер
Општи прашања Министерство за транспорт и врски е сега префрлено и се наоѓа во зградата што порано беше на Министерство за надворешни работи, позади Собранието, прашај на портирниците кај што има обезбедување, ке ти кажат ЈП Паркинзи на Општина Центар ДИРЕКЦИЈA Ул.8-ма ударна бригада бр.20а
На Партизанска незнам дали има,ама кај Драмски театар во карпош има со сигурност.Истата улица само до крај кога одиш накај базен Младост неможеш да го утнеш. Некои 200 метра после театарот.Се надевам ти помогнав барем малку ич не ме бива за објаснување ако можам како да до објаснам слободно прашај пак!
Општи прашања Девојки дали некоја знае да ми објасни поубаво каде се наогаат продавниците на Contessa во Скопје. На нивната страна пишува Ул. Тодор Чангов 51-24a- Скопје но јас до толку не сум таксист па по улица да се снаогам.
Општи прашања Епа не можам да ти помогнам Јас кога некое место не знам каде е точно, си се ориентирам по нешто што знам, и си бројам улици, си гледам кај треба да свртам,и на крај се снајдувам
Општи прашања дали некоја фемиинка знае каде се наога салонот на Ауди Порше Македонија Антонија Ристовска ке има модна ревија таму
Дали некој може да ми каже каде се наоѓа капијата на 0:23 секунди од овој спот? Стварно итно ми треба... http://www.youtube.com/watch?v=rfTZgyRuFiA Знам дека е некаде во Скопје, ама никако да ја пронајдам...
Има ли некаде низ Скопјево продавница специјализирана за Canon, или немора бе да е само за тоа ама да има производи за Canon?
Не ми е баш за овде прашањето тука ајде ако знае некој да ми одговори , ми треба сунѓер нешто како душек да биде , за да го ставам одозгора на штиците . ДАли знаете од каде да го набавам тој сунѓер/душек?
Калцедониа Ве молам да ми кажете каде се наоѓа бутикот Калцедониа, за долен веш и костими за капење, не сум од Скопје, Фала
Од плоштад накај Тренд уличката (не таа спрема мекдоналдс). До неа има и Интимисими мислам лесно ќе ја најдеш.