Па тоа ти е на улица Перо Наков кај поранешна А1 тв, до таму можеш да одиш со 23-само приватен има, можеш и со 3 б кој оди до кванташки пазар, или 54 и 44, тие одат во тој реон.
-паа кога ке отидеш на Клиника прашај некој од таксистите или обезбедувањето и прашај тие знаат да ти објаснат by the way дали некоја од вас феминки знае каде се наога природно математички факултет? и со кој автобус би можела да стигнам до таму?
Треба да пратам по Карго нешто на една другарка од друг град, никогаш немам праќано па ме интересира каде имаат пунктови во Скопје, да одам од таму да го пратам ? знае некој?
ПМФ е на Гази Баба, карши хотел Континентал. Не можеш да го видиш од булеварот ама таму е Зависи од каде ќе одиш до таму се стигнува со 65, 45, 2, 16...
Ве молам да ми објасните како се стига до училиштата ОУ Блаже Конески и ОУ Димитар Македонски во Аеродром. Кој автобус оди до таму? Итно е Ве молам.
До Димитар Македонски можеш со 7ца, 7б или 17ка. Ќе го прашаш возачот каде ти е поблиску до училиштето дали во населбата или на стара последна 7ца. Кога има деца во автобусот гледам дека се симнуваат на стара последна 7ца.
3, 5, и 15 симни се на автобуската после железничка станица и пооди некои 100м па сври десно на уличката. Пред тебе е училиштето. А и ќе прашаш некој по пат
Прво со 9,до југодрво па од другата страна 3,5,15,23,се симнуваш кај скопјанка после нова железничка и ке прашаш (ова за блаже конески)
[СДК] Сакам да кажам... Здраво. Моево прашање не е баш за оваа тема но незнаев каде да го сместам па решив тука. Ако може и ако знае некоја девојка која е од Куманово каде се наоѓа продавницата на http://swanson.com.mk/ . Пишува дека е на Ленинова бр 46. Денеска барав и неможев да ја најдам, а под итно ми ја треба за еден лек. Ве молам ако знае некој веднаш нека ми пише или во коментар или во порака. Благодарам однапред .
Незнаев каде да прашам, затоа овде. Колку е оддалечен Рамстор од Економскиот Факултет (Кирил и Методиј ) во Скопје ?
Ако го бараш Рамстор - маркетот најблиску сега новоотворен имаш во ГТЦ (на самиот влез од кај Соравија) кој пешки ти е оддалечен околу 10мин. Ако одиш во Рамстор-трговскиот пешки ќе ти одзеде околу 20-25 мин. (преку плоштад и улица Македонија), а можеш и на Бит-пазар да си фатиш 9ка која те остава пред Рамстор-трговскиот и стига за околу 5-10мин. (има околу 3-4 станици и мора да помине 3-4 семафори).