Bидов дека нема за вино,а јас најголем обожавател сум Kакво вино сакате?Pозе,бело, црвено? Jас најмногу сакам бело вино,така да е слатко и да има вкус на овошје Bо Mакедонија најмногу ја сакав Cмедеревка ,розето не ми е лошо,а цревното не го можам,како отров ми е A уште едно прашање,бело вино со каква храна оди,розе и црвено? Спојлер гледав на една емисија како бираа какво вино (благо,појако,црвено бело розе) со која храна оди и со која не се меша? Cе надевам ви се допага темава
Јас домашно вино сакам најмногу Бело вино со благи работи , колачи,риба, а црвено со месо и некои специјалитети
На лето бело (александрија или далвина), а на зима црвено (т‘га за југ, александрија и едно со ниска цена но убаво (го заборавив името)). И да, еден од омилените пијалоци ми е.
Ма секакво. Знам да уживам во секакво вино, во секое време од годината. Понекогаш чисто, понекогаш со кока-кола, газирана вода, спрајт... зависи од расположение. А понекогаш си го сакам чисто, да уживам во вкусот и да си пијам од висока чаша. ВО ВИНОТО Е ВИСТИНАТА!
Па не сум баш некој љубител на вино, ама ако веќе бирам би избрала бело вино. Особено со пилешко, мх мх е тоа ми е убава комбинација. Значи вака само вино да пијам е ептен реткост, најчесто со јадење
Пенливо за аперитив Бело со риба и морска храна Розе со мраз мој стандарден летен избор Црвено зимно време
Црвено зимно време. Белото летно време и тоа мора да ми е пробано и да знам од каде е пошто избегавам вина кои од 1 голтка смрде здивот. Розето го обожавам лете-зиме никаква мака си немам однего, не дека го фалам дедо ама најубаво розе праве. Верувале или на за месец дена од дома извлеков околу 60кг розе само за мојето друштво ...
Обожавам вино! И црвено и бело и секаково . Уживам додека го пијам. Во последно време од црвеното вино многу ми е лошо, но пак си пијам . А белото . Чиарс. Спојлер
Виното ми е еден од омилените пијалоци, во лето обожавам да пијам бело, а во зима црвено. Ама според мене белото има поубав вкус.
До коска сум навлечена на Александрија куве од Тиквеш. Поубави се само Лимитед едишн од Тиквеш, ама скапи се. Сакам Вранец и Каберне совињон - зависи сп што го јадам. Виното го комбинирам само со храна, не ми оди без ништо. Мерло не ми се допаѓа многу. Сакам да пробувам нови сорти, и секогаш кога купувам - си купувамнекое стандардно (Александрија куве ) и некое ново, непробано. А бога ми и дегустации по винарии ми лежат Пијам и бели вина, ама нема некое на кое сум страшно навлечена. Вообичаено земам Шардоне, Траминец или СОвињон Бланк. И Мускат од Сковин или Темјаника за со торта Розето многу ми се допаѓа, ама немам навика да го купувам и пијам. Во зима, александрија куве, пармезан и пршута ме носат на чекор до екстаза.
Сепак повеќе сум по белото, дури и со се ми оди, сепак нели највкусно е со некоја даска. Темјаника најубаво ми лежи
Виното ми е еден од омилените пијалоци. Може да се пие со се, бело со благи работи, риба, морска храна, пилешко месо, црното со свинско, јагнешко, зајачко месо и други специјалитети, но најубаво е со велешка пита пастрмајлиа Повеќе го сакам црвеното вино, фаворит ми е Плава крв од Вила Марија но и сите вина од Вила Марија, исто така ги сакам и вината на Тиквеш, посебно Александрија Куве
Сакам секакво вино, но сепак нај нај ми е црвеното... Најубавото вино е домашно Но би ги издвоила „Т’га за Југ“ и „Александрија“
Јас сум пре за белото вино. Црвеното не го поднесувам баш најдобро, а голем обожавател сум на вина, па сакам подолги ''дружења'' со нив. Ја сакам Александријата, Мускат и Македонското бело на Сковин. ммм
Jaс сум многу голема обожавателка на белото вино Сега да не звучам како алкохоличар,ама кога мислам на обожавателка,мислам на тоа дека уживам во секоја голтка и мирис Не дека не се случувало да се опијам,тоа да,ама со оглед на тоа дека имам проблеми со желудникот,за жал морам поретко да го консумирам Црвено не пијам никогаш. Од белите вина,Александрија најчесто или Траминец.Смедеревката не ја можам Поубаво вино д она што го прави мојот будучи свекор,во живот немате пробано.Ми се чини,ради него пропив вино,порано се со водки и џинови Особено меракот е поголем кога за мезе имаш пилешки прсти и сирење на скара. Ах,ми се пријаде и припи