Ај некој што се разбира од вина да ми каже дали старо вино од скоро 300 год. е добро? Се работи за Chateau Jacquet Bordeaux од 1739год.
Пијам само бело вино, црвеното никако не ми лежи и единствено можам да го „поднесам“ во зима, само кога е приготвено како греано. Инаку сум многу голем обожавател на белото вино, а омилено ми е Темјаника. Би се удавила во него!
Виното е мојата пасија , уживам во квалитетно и сортно вино . Мојот избор секогаш паѓа на црвените суви ноти , но не се исклучок мускатните благи тонови од белото вино кои со задоволство ги конзумирам. Поради мојата огромна љубов кон црвеното вино , често знаат да се шегуваат со мене дека дури и во лето на 40 степени на плажа го нарачувам....што да правам, заљубена сум во виното !
Прилично сум навлезена во светот на виното ....ги знам карактеристиките и потребните нешта , но преголемите обврски не ми дозволуваат да се посветам толку на виното....можеби понатака во животот кога малку ќе се олабават јажињата
Го преферирам виното на татко ми! А ги пијам и сите останати Само розе не сакам баш..ама затоа за црвено душа давам..
Морам да признаам дека новата Александрија Куве ме освои и покрај тоа што не сум љубител на розе вино. Што се однесува до црното вино, никој не му му рекол не на едно вкусно и питко Бордо.
Ајде некој што се разбира нека ми препорача некое црвено вино? По можност да е благо, но и да накиселува. Од каде можам да купам и која цена?