За вкусови не се расправа, нели... Ама... не Сум го пиела, и сум го начекала да биде ОК. Ама заден отпадок им е на Тиквеш па ич не се замараат со какво ќе биде, затоа некогаш ќе биде и за никаде.
Од црните вина глава ме боли,1-2 чаши е ОК за посебни поводи. Белите вина ме смируваат. Alexandria и оние од Сковин не се лоши.Најчесто купувам вина од 0,75л...
Нема поголем Starter pack од Вранец виларов и Македонско црвено. Коа доаѓаат странци, нон стоп им го препорачувам. Никад не сум утнал. А покрај овие две црвени, го поштувам Траминецот од класичните тиквешки. И чистиот мускат, поготово оној на Далвина. Секако во комбинација со Вардарец сирење или пак Осоговски овчи кашкавал. Од постарите, ќутук тврд.
E, ти веќе во буржоазија отиде Под стартер подразбирам oна прво најефтино вино што го пиеш на клупи пред зграда или во парк со друштво, обавезно со пластични чаши, некогаш кока кола за бамбус, и обавезно тикви се правите од по две испиени чаши
Стварно убаво е Македонско црвено, Вранец виларов го немам пробано, ама кога препорачувш вранец - зошто не Т'га? И Каберне Совињон во Кам што го има за 99 денари е повеќе од одлично за таа пара (не знам која винарија беше) Многу поубаво е од Каберне совињон на Бовин на пример, кое е шит најголем , а кошта повеќе од Александријата
Мене од поефтиниве ми се допаѓа кратошија, не ја спомнавте А ako сте во можност пpобајте го и Shiraz oд Lidl. @Novecento , jac всушност и не сум некој голем љубител на вино во последно време, и ако баш пијам, пијам некое бело со минерална вода. Хулиганство, ама тоа е
Немам пиено Тиквешова Кратошија стварно треба да го пробам. А Шираз ќе пробам, ама ако го има и во други Лидли, не само во грчкиот. Во грчка немам на план да одам во скоро време
Каберне Совињон у принцип како тип на вино не ми е омилен затоа што малку е повеќе опор, исто како и Пињо ноарот, затоа овие две ретко ги земам и ги препорачувам само на луѓе кои бараат суров вкус во виното. Бовин имаа едно добро, ама да ме убиеш не можам да се сетам сеа... Инаку се класа над сите други по цена... за квалитет, не знам баш. Можеби од Имако. Имако мускатот не им е лош затоа што е доста евтин а изненадува. Другото е, онака...
Ги сакам и каберне совињон и пињо ноар. И од имако имам каберне совињон пиено и супер е. Од далвина имаше еден мускат барик да ме убиеш не знам што друго беше, феноменално Можам да прашам утре и да ти кажам И од далвина Амфора каберне совињон е исто убав. И вранецот Амфора викаат убав бил, не сум го пробала (Амфора се исто линија од 100тина денари). Повардарие со винцата од 150 денари убиваат, до сега лошо не сум погодила. Во кам имаат и вранец за 99, исто убав. Предлог, Каберне франк од Тиквеш, многу го засакав виното. Од Бовин Император, ама па тука е и Александрија куве што ти е пак поубаво, а Бовин е повторно поскап. Значи од Бовин ништо, нека си ги чуваат цените Сковин, од поскапите го имам Скупи куве пиено еднаш, на тоа вино ме фати Шиме. Многу е убаво
Темјаника те моли: "Не мешај ме со вода, боли". Се шалам Лоли, ама кога прочитав, истото го помислив како и ти. Јас сум љубител на бело вино. Не Смедеревка, афкорс. А црното не дека не го сакам, туку едноставно повеќе ми оди белото вино. Ја гледам темава активна, ми направивте белја да роварам по алкохолот дома.
Мускат отонел на Тиквеш е највкусно бело вино, за мој вкус. Од бели вина, Rkaciteli од Стоби, 2015 берба ми остана во сеќавање, баш пријатен вкус има, кога ке го начекам ке земам некое шише повеќе. Вината на Камник се преценети, особено Темјаника Голден. Ако ви е за фотки океј, инаку не го препорачувам.
Да, за Далвина Мускат-барикот мислев. Амфорите им се над просек, со доста ниска цена. Одамна не сум ги начекал Повардарие, порано важеа за евтини добри вина. Од скапиве - Александрија куве (сите 3 бои) се подобри од другите во релативно иста цена. Бовин мислам дека беше Император или Александар или Премиер. Нешто од тие помпезини имиња Ме потсети на SS класата на Тиквеш сеа, поточно на Мускат Отонелот. Се имав дебело изгорено со него. Преценет по мене. Далвина го шие во се`.
Убаво е, да Јас сум по црното повеќе, ама кога излегувам со женско друштво обично пијуцкам бело, или кога јадам позачинета храна, едноставно црното не иде, го убива вкусот на храната. За све остало, тука е црното