Зошто го пишувате ПиЊо? Можеш и црвено со зачината храна, треба да е само полесно, со помал процент на алкохол и послатко.
Незнам точно, да е црвено битно, некоја варијација на црвено до розе дури. Незнам да се изјаснам пред сомелие, но знам што преферирам.
Не знам , јас од Novecento видов, инаку пино го викам. Може секогаш да се најде по нешто, де... Ама на крај пак е белото подобар избор.
Ње зњам... И јас повеќе го преферирам белото... Или да се изразам поконкретно. Од црвеното имам тешко пијанство пропратено со уште потежок мамурлак. Од бело нит глава ме боли, а и некако полесно го консумирам.
Леле, не, не, не Јас црното го преферирам повеќе. Зборев дека со зачинета храна белото повеќе ми иде. Инаку, Совињон Бланк Елегија од Далвина, во сабота го пробав, таква арома кога го отвори келнерот цела маса замириса одеднаш. Многу питко и многу убаво. Ама од берба 2016, никако не од 2017
Јас сум поголем љубител на белите вина ама сакам да почнам да пијам по една чашка црвено вино секој ден како Французите Па ако сакате да ми препорачате некое поблаго вино слично на Сангрија да нема кисел вкус? Тга за југ ми 3 многу кисело...
Да ми препорача некој што се разбира од вина,( ја не)некое поубаво вино,не е проблем и поскапо, ми треба за подарок, за повозрасна личност, машко. А не пијам алкохол така да баш и не знам што да изберам.
Црвено. Јас гласам за црвено, освен ако не си сигурна дека личноста на која и носиш вино преферира бело. Натаму се е игра на колку сакаш да потрошиш и која е пригодата.
Црвено на Бовин Мерло, бело на Бовин Мускат Темјаника или ако сакаш поскапичко Дисан (црвено) .. Мене ми е црвеното врвно вино, се надевам дека помогнав, поздрав
Бело суво, ама почнува хијатус за мене, не иде вака. Од 3 чаши денес болна лежам по ѓаволите. Порто е исто убаво ама во минимални дози.
Фала ви на сите за предлозите, ќе изберам најверојатно некое од овие. Само уште за ова J.P Chenet merlot cabernet. Некој ако го има пробано да ми даде мислење?
Македонско вино купи. Имаме премногу убави македонски вина, не купувај странско. Ако веќе ти изгледа штосно шишето, белите Елегија на Далвина се во такви широки шишиња. Совињон бланк им е супер. Јас гласам за Александрија Куве. Не е скапо и е убаво. Освен ако не си решена повеќе пари да потрошиш. Тогаш кажи цена и да бираме вино. Јас на Бовин не сум љубител баш, сметам дека се преценети за квалитетот. Ваљда од кога им го пробав киселиот Каберне Совињоњ ги хејтам
Убаво ти кажала @DAngel , купи наше вино. Александрија Куве е одличен избор, а и Мускат Темјаника на Бовин. Моја препорака е Мускат Отонел на Тиквеш. Ако сакаш фенси вино, земи Темјаника Голд на Камник, ама мене лично самото вино не ми е ништо посебно. Кажи цена и боја и ке дадеме предлози.