Мислам дека си од југот таму има кафани во природа здив да ти застане. Таму ќе го пиеме На @LiliBoz не и даваме)
Мене од овие две винарии вината ми се крш. Беа чист маркетинг. И Камник со нив заедно. Тиквеш беше незаменлив со години, мене ми е личен фаворит. Лично сум љубител на Т’га за југ не дека нема подобри вина туку тоа вино баш го сакам. Дестан на Бовин и Александар.
Јас не се разбирам многу од вина. Али, чат пат на некоја прилика пијам Александрија и ми е сосем океј. Стоби ми е ништо посебно. А, Сковин не сум пиела. Не знам.
Не знам зошто читам негативни критики за Стоби. Може сте ги пробале само оние вината кои се во маркети кај нас за 100тина денари, иако и тие се сосема солидни за таа нискобуџетна цена што се нудат. Но, од друга страна имаат премиум вина кои нудат многу повеќе и се во рамниште на она, Бела Вода од Тиквеш, далеку подобри од Александрија и Т'га за Југ посебно кое го носи само името. Јас имам пробано Антигона, кое имаше посебен вкус на миксови од Вранец, Мерлот. И Пино Ноар сум го пробал. Тоа беше по лајт и имаше повеќе благичок, овошен вкус. Од баш, баш Премиум немам пробано, ама имам слушнато дека Вранец Веритас било вино, репрезент за Македонија по квалитет.
Бело... Тиквеш ми се незаменливи... Темјаника, Александрија Куве, Бела Вода за специјални прилики.. И од Бовин сум ок... Стоби не баш... И го сакам "чисто"... Газирана вода настрана, во другс чаша
Ако сакате од среден ценовен ранг, пробајте го Вранец special selection на тикваш, може ќе ви се допадне. Околу 350-400 мислам беше.. Бербата 2015 има дури и медал од IWC пред некои си 3 години..Мислам дека е единственото вино што има добиено престижна награда а е од автохтона сорта на грозје. Од тој ранг на Тиквеш пробајте Гренаш бланк спешл селекшн.. Од тие поскапите на Тиквеш - Барово им е перфектно за со ребра Од уште поскапите на Тиквеш Домеин лепово гранд куве, мн добро црвено вино зреено 18 месеци со арома на сува слива.. @Billy Idol @FreeMind ако имате прилика да ги пробате последниве 2.. гледам дека сте по вината, затоа ве тагнав Дисан барик на Бовин ..и само тоа. Ок има и други убави, како Премиер и Император Сте ги виделе вината My way и Era од Бовин? Не знам баш дали цената го оправдува квалитетот Јес да се закитија со златни медали ама до толку па.. Од Камник има едно гуглајте го вака - Kamnik Terroir grand reserva .. перверзии и цената е малку перверзии Спарк им е убаво ама малку поскапо.. Без навреда ама Стоби ми е синоним за mid-range вино.. Сковин имаа убави вина до пред 6-7 години кога раскурцаа се што можеше.. Бовин .. според мене имаат константен квалитет.. Тиквеш од оние средна класа вина мислам дека имаат најдобар избор..а сега со новиве вина и од повисока класа (за мк стандард де) Камник е повеќе маркетинг ама има и по нешто што им вреди.. Уште би пишувала ама ме мрзи некако
Се надевам ќе го бендисаш..ако не го бендисаш не ме тепај, викни ме ќе го испијам мене ми е мн убаво во тој ценовен ранг..
@Dust им пишав на дечкиве чекам одговор дали вршат извоз иначе можете онлајн да си порачате вина слободно и да ги поддржите: https://wine.mk/ Исто прашав и за плаќање од странство како се врши за достава во мкд. Чекам одговор и адреса од @LiliBoz да и пратам за здраво живо поздрав. Ако може се разбира по мој избор
Плаќање мислам нема да имаш проблем со картичка, испораката им беше 120 денари, не знам сега како е.. А за извоз мислам не вршеа, сега не знам.. Тоа ми е инфо од времето на обуките кога одев, сега може да смениле нешто Уживај во него
Ти ептен на најјако си свртела. Има многу други поубави ароми.Само треба да “тропнеш” подобро. Ај дигај се ако сакаш рака да подавам @LiliBoz малку романтика не е на одмет )