Аромата на ванила нема да ја осетиш ако не си навлезен во виното.. Ниту аспарагусот, ниту сувата слива, ниту аромата на капина.. Ама ако сакаш ванила ете на Камник мерлот сингл винјард.. Иако 99% од луѓето нема да ја осетат како ни јас .. Треба уште да ги тренирам сетилата..
И ја би. Али цугам коктел во недостаток на добро вино. @Nigredo Odor имам од порто круз и дона ана има да те отворат цела не само сетила. Има да шеташ “раширена” без ванила
ФриМајнд, мора да признаам дека не се разбирам многу во вина, ама твојот опис неодоливо ме привлече. Ги бирам и Круз и Ана заедно искрено.
Немој некогаш ако те влече пат накај Порто да идеш по винарии на проба на вина. Ем лазев ем се држев за чашите да не ми ги земе некој. Ама јас сум хроник по вина не ме земај за пример јас сум само обожавател. Имав прилика да славан една нова година со една девојка од Франција која има завршено факултет за вина и има своја приватна винарија. Меѓу другото донесе најдобри вина од Франција чие чинење мене ми беше непристојно да пијам. Од оние “популарните” кои ги викаме Шатје и меѓу другите донесе шампањ кај нас популарен како Брут а тоа значело суво вино Јас лично не бендисав ни едно отворив Т’га да презентирам најнизок ранг на вина кај нас. Имав признание дека е океј вино за секој ден. Заклучокот беше дека не е цената мерило за квалитет. Имаше други критериуми за цена на вино. Имаше вина од 10 евра стварно подобро прифатени од оние со нули назад.
Јас пред извесен период добив информација дека наградите си ги купуваат/плаќаат самите винарии, и баш се разочарав што така наивно сум верувала во тие златни медали. Ова погоре ич не го сакам ради името
24часа подоцна ни а ни б да ми одговорат на прашањата. За каков кастмер сервис збориме, а сакаме луксузни вина да продаваме? Не се научија да прават пари и не се научија.
Пуштив луѓе малку да ги искараат. Комплицирано е од странство немаат сепа банкинг систем и не иде баш плаќањето лесно. Пејпал уште не е дозволен, сметки во мкд немаме оддамна е се затворено. И да сакаш да пазариш нешто едноставно е невозможно без обезбеден процес на плаќање. Ама за сето тоа мора прво некој да комуницира со тебе
Виното што ми треба во моментов е домашно вино од визбата на тетин ми од Охрид. Значи немате претстава какво го прави,поубаво црно вино немам пиено.. Ептен женско вино е, внатре содржи и рибизли од нивниот двор берени тоа му дава мала киселост ама не преголема доволно колку да ти присака душата наеднаш да испиеш 2 чаши и содржи капини, мерак за душа е. Да се породам и одма капарам 5-6 кила за дома..