На светски познатите саеми и дегустации каде има натпревар на огромен број на вина од цел свет, тешко дека вакво нешто ќе помине пред професионални дегустатори. Не се случува ниту на регионални саеми, ниту па имам чуено за наши локални манифестации. Не знам од каде е информацијава, но искрено, не е за верување. Инаку, секоја визба плаќа за учество на дегустација, што е нормално, но тоа не значи дека виното ќе добие медал.
Само бело или евентуално розе. Црвеното ми е премногу тешко и добивам главоболки следниот ден. Не се разбирам во луксузни вина бидејќи релативно ретко консумирам. Секако некои вина ми се поубави од други на вкус, но не обрнувам многу внимание.
Предлог за добро црвено, да оди со црвено месо? Цена небитна. Не пијам црно вино, ич не се разбирам. (Не сакам Александрии, Т’га за југ и сл, нешто боље )
Овие вина што ги наведуваш се наменети за широка потрошувачка. Еве предлог за префинет вкус: Александар и Император од Бовин. Вренец од Сопот, Вранец од Езимит. Има и други секако, разгледај по маркетите.
Lugje nekoe slatko crveno vino sto ke mozam da go pijam bez da jadam mnogu posto koga pijam jadam mnogu malce i ako e nekoe so gorcliv vkus povrakam mnogu :/