Најслатко црвено вино ти е Витач на Тиквеш,од сортата Вранец.Односно е полу-слатко. Црвените вина поради високите содржини на танин се суви и со ниска шеќерност за разлика од белите. Од белите вина полу слатко е Темјаниката.
Стрикно брзосмртка од 130 денари. И стрикно со мешање со друг пијалок: бело-кисела вода, црвено-кока кола, розе-газоза. Тие што знаат, знаат
Обожавам т'га за југ на Тиквеш и Александар на Бовин од црвени вина. Од бели сакам Темјаника и Траминец, а исто и Розе-то на ГД Тиквеш е многу убаво.
Имав можност да го пробам во неколку ситуации Темјаника Луда Мара (Special Selection) од Тиквеш. Подобро нешто не сум пробал до сега во живот. Од тогаш веќе обичната Темјаника Класик не ми е тоа - тоа.
Александрија Куве и овошните винца од Сопот(винаријата) од малина и капина-не знам колку беше флаша,и дали може да се купи на друго место освен таму.. Ако може,ако има некој инфо известете ме плс.
Не знам дали е за оваа тема, но не успеав да најдам посоодветна. Ми треба препорака за wine tasting локација, каде покрај убаво вино има и фина храна и фина, автентична атмосфера. Може низ цела Македонија, само ве молам некој да ме просветли, не успеав да најдам тоа што барам