1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kакво вино преферирате?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од wolf4e, 14 септември 2011.

  1. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Не пијам вино, пиев порано по некоја чаша онака за друштво но сега неможам ни капка да мириснам.
     
  2. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Бело,бело,ами какво??????? :D САмо бело ;)
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Оф оф - вино. Виното за мене е вистинско доживување. Го обожавам! И не го мешам никако со ништо! Најголема навреда и грев. Евентуално пијам вода покрај виното, да не буде главобоља од вина :D

    Со сирења, риби, благи работи најубаво оди секако бело вино и тоа по можност суво.
    Со благи работи дури би избрала слатко вино од видот на Токај - воедно да си кажам Токајот го обожавам како вино, особено оној најслаткиот (5 степени). Ама тој оди специјално само со благи работи, торти итн.

    Од белите вина најомилена ми е Александријата. Всушност онака глобално сум навлечена од нашиве вина на Александрија Куве - црвената или розето. Уф!
    Розето ми е особено добро со риба.
    А искрено дури ни Смедеревката розе не ми е лоша, ич ама! Со риба како иде, мераци!

    Од црвените веќе реков - Александрија Куве и Т’га за југ. Црвените најубаво секако ми одат со месо и со потешки јадења.

    Тоа би било за нашите вина. Од странските мислам дека поубаво вино од St. Emilion 2004 (црвено вино) немам пиено. Исто така едно германско - му го заборавив именцето, мислам дека до ден денес го чуствувам вкусот.
    Токајот ми е омилено од областа Токај (Унгарија, Словачка, па се до границите со Алзас, Франција).
    И од италијанските Chianti особено црвеното со некои добри тестенини ми е сон.

    Со француските вина да не почнувам, ги има премногу. Мајстори се за добри вина и за вистинско уживање во храната и се разбира во виното. Мислам односно сигурна сум дека за секое сирење имаат посебно вино кое одлично оди во склоп со истото.

    Голем впечаток ми оставиле и вината од Чиле, особено црвените.

    Ајде завршувам тука затоа што можам нескромно да речам дека сум била на многу дегустирања и што све не сум пробала од винава. Ма обожавам вино и точка! :)

    Едит. Го заборавив и Портото. Типично женско, црно, благо вино - девојки вреди да се проба :mm:
     
    На Trendafilka, Annath, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Вино обожавам. Го пијам редовно во ладните периоди од годината, зимата најмногу. Црните ги преферирам и белите не толку често ама од нашиве Траминецот и Темјаниката.

    Од црните Т' га за југ е незаменливо вино меѓутоа доста јако ... Кратошија сакам и најчесто ја конзумирам.
    Ќе кажам само дека како нашиве вина ретко има. Имам пробано и туѓи нели странски вина единствено ми остави убав впечаток шпанското (сега не ме напаѓајте зашто не победија во кошарка :tmi: :D ) Убаво, питко вино слично на нашите. Додека од другите пробани вина ќе кажам дека се доста слатки и лесни скоро како шампањско да пиеш.

    И мал пример: Дедото (американец) на мој братучед кој сега брзо се женеше пред свадбата на коктел собиранка за запознавање на фамилиите донел вино од Бовин. Го пробал и бил презадоволен па и како изненадување на зетот нели и затоа што му се допаднало како квалитетно вино решил да купи и донесе.
    А и доста мои пријатели странци и познаници кога се тука уживаат да пијат од нашиве вина.
    Факт дека треба да си го цениме нашиот квалитет и да го промовираме.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Не обожавам многу!
     
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Црвено вино обожавам да пијам, ама да биде некое поблагичко :) . Убаво ми е и розето. А бело вино неможам ни да го помириснам имам пробано 2-3 пати, дали не било погодено незнам ама не би го пробала пак не ми прави ќеиф.
     
  7. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    дефинитивно бело! :)
     
  8. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Црвено......мммм :)
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Денес научив нешто ново за винцето па ајде да го споделам со вас, јас битно се радувам што не сум имала поим за овие видови на вино а ете - денес ги научив ^_^

    Значи во рамките на белото вино има ткн. ледени вина и сламени вина. Кога прашав зошто токму така се викаат (јас мислев едново може да иде во замрзнувач а второво се чува во слама :tmi: ) ми објасни момаков дека тоа е така, затоа што кај ледените грозјето се остава односно складира до првите зимски мразови. Се обработува за вино значи дури во зима. А во вториот случај се суши грозјето на слама.
    Во двата случаја тоа значи дека грозјето повеќе се суши а повеќе се собира односно кумулира шеќер и затоа овие вина се обично многу благи - и нормално многу скапи, затоа што се специфични :)

    Се пијат најубаво со нешто многу солено, односно или со мувлести, ароматични и многу солени сирења или пак со foie gras (францускиот црн дроб кој им е многу прочуен и е екстремно вкусен и секако солен).

    Уф бре ми се пријаде :) И да, мерак ми е да слушам вакви експерти, човек што се нема да научи...додека е жив. Па ете, ако некој од вас за ова не знаел - ко мене, можеби научил нешто ново и корисно :)
     
    На LivingGlam и sesilija им се допаѓа ова.
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Кој не сака,тој не знае што е најтешко Црно Тиквешко ;)

    значи го обожавам црвеното вино сега и овде баш кога му е сезоната и му се радувам :D

    белото не ме сака многу,па ајде некогаш една чаша со друштво :)
     
  11. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Црното вино ми е најубаво! Малку е потешко и појако, ама кој има пракса нема гајле :lol: Црвеното вино исто, слично како црното, но сепак си го преферирам црното! Повеќе овие ми одговараат во есен зима и пролет а за преку лето, додека е топло, белото вино (ладно) е супер освежување.

    Во однос на храната, па се знае, црното оди со месо (свинско претежно), црвеното со црвено месо, а белото оди со риба. Со црното оди благо (торта, чоколадо), и периодов има костени :) а со белото оди кикиритки, бадеми и лешници (потпечени) и слично.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Преферирам секакво вино. :)
    Виното е мојата прва љубов, започна со Витач во парк, продолжи со бунар и неизбежната смедеревка, па розе, каберне сувињон, ризлинг...

    Навистина пијам секакво винце, од најноскобуџетни во тубичка (еве сега имам некакво си црвено, во мало тубиче, само за греење е, малку шеќерче, цимет и каранфилче, виново воскреснува просто) :D па се до убави, квалитетни наши и француски вина.

    Убедливо тврдам дека Александрија бело од Тиквеш е едно прекрасно и квалитетно вино, нит боли глава утредента, абре ко нов си. :)
    Ми се допаѓаат и Куве едициите од белото и црвеното, иако се поскапички.
    На Виноскоп пробав совињон бело од Дудин - какво вино :o , ми се идеше да го грабнам целото шише за себе.

    На Стоби - црвено македонско трпезно, каде бре ќе најдете толку пристојно убаво вино , литар за некои 105 ден? Да живее Македонија!

    И овие Сан Сити - бело, црвено и розе на Сковин се исто супер винца, а за Бовин, тука веќе немам коментар, сите до едно.
    Ќе одам ќе запросам некој што работи од Бовин, чисто да ме снабдува со залихи до крајот на животот. :D

    И вината на Пивка се добри. :)

    И евтинки и скапички винца, ма се е тоа Божја течност. За сите имам место во мојот дом и стомаче. :lol:

    Многу сакам и сангрија и шира... :wasntme:
     
    На Ariel, eli25, wolf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Јас не пијам многу вино,но сепак што сум пробала,повеќе го сакам белото.Црвеното го сакам само кога е греено :) И сама си го подготвувам :) ммммм :inlove:
     
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    секакво :D
     
  15. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    црвено и Rose wine .... мммм го обозаваммммм,одлично е :)
     
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Виното го одбирам во зависност од храната со која го консумирам :)

    Сепак повеке сум за бело вино, некако полесно ми е. Се навлеков на Мускат-Темјаника од Бовин. Прекарасно бело вино со многу богата арома.
     

    Прикачени фајлови:

  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Моментално на греено ме тера умов :)
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас веќе си ја отворив сезоната за црвено вино (во комбинација со пилешки прсти, мх мх :lol: ).
    Црвено пијам најмногу, бело многу ретко, а црно воопшто не пијам.
    Пијам и домашно, и Александрија, и Тга за југ, и Вила Марија...
    Особено после ручек зимно време одлично доаѓа, таман да те фати дремка попладневна :)
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да се напијам по некоја чашка и црно и бело вино. :)
    Црното обично го мешам со кока кола + ако има нешто солено за мезе на пример пилешки прсти ммм
    а белото убаво ми е со швепс.
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Си сакам секакво вино!
    За зимно време повеќе си сакам црно вино
    [​IMG]
    [​IMG]
    А инаку си сакам и бело вино поготово Александрија
    [​IMG]
    Белото може да се каже дека и повеќе си го сакам да си го пијам како шприцер или бунар.