Незнам за во какво својство си заинтересирана, дали за нешто интимно со партнерот или за поголемо друштво, па ќе ти предложам места и за двете комбинации Во Скопје има неколку места - Винарија Кувин е мала винарија која се наоѓа во Ѓорче. Вината што ги прават се врв! Нудат wine tasting за поголема група/друштво, ама мислам дека не повеќе од 10 луѓе. Има само една просторија со една маса, па целото искуство е доста јуник и интимно во рамки на друштвото. Мислам дека имаше 2 мениа со 8 или 10 различни вина. Уз вината има и разни мезиња - саламчиња, кашкавалчиња, канапеи, домашна пита, овошје и слично. Освен што има дегустација, пред да се седне, сопственикот на винаријата, кој е и вински витез, раскажува за целиот процес на правење на вино и го покажува подрумот кај што се чуваат бурињата и шишињата. Навистина препорачувам! Слично искуство нуди и винарија Картал, со што винаријата е малку поголема, има место за повеќе луѓе и има повеќе маси (мало накај средно место). Принципот со мезињата е сличен Камник - мене ми е за special occasions. Вината им ги обожавам, самиот ресторан ми е врв, од храна до услуга до се! Ако сте љубители на храна и поспецифични специјалитети, и можете да си дозволите малце повеќе, дефинитивно топло го препорачувам. Надвор од Скопје Винарија Лазар е мојата омилена винарија која ја посетуваме често со сопругот и со друштво. Се наоѓа во близина на Кавадарци и Неготино. Има прекрасно дворче и храната е врв. Во рамките на самата винарија си има ресторан, може да си земете флаша, вино на чаша или да земете мени за дегустација со неколку вина и храна која оди со тие вина. Освен што има ресторан, има и неколку соби за спиење, ако ви тргне со пиењето може да си преспиете. Цените се пристојни, нормално зависи што ке одберете. Попова Кула - Местото е фантастично! Препорачувам да се преспие таму. Има поголем ресторан, дворот им е огромен, и слично како и во Лазар нудат различни комбинации за wine tasting со и без храна. Ваше е да одберете
Одлични препораки. Никогаш немав слушнато за тие малите. Доколку знаеш за уште винарии, слободно пиши ги. Би било супер да се посетат еден ден.
Дали некој знае место во Скопје каде што има убаво греено вино и полабава атмосфера да не е со прегласна музика?