Одамна ви е праен муабетов, најдовте ли такво вино? Ми излезе пред некој ден Бело на Картал "Kartal Chardonnay barrel fermented Бело вино 750мл": Интензивно на носот, каде што се издвојуваат аромите на маслен ананас, печени јаболка и свежа ванила. Го купив, но уште не ми е пробано, не знам колку се осеќа ванилата.
Слатко вино речиси тешко се наоѓа. Ти ги препорачувам Винарија Ерос и Винарија Арабеска. Семејни винарии кои имаат такви слаткасти вина, со малку заостанат шеќер. Ќе ги најдеш на Facebook.