Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kакво вино преферирате?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од wolf4e, 14 септември 2011.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Виното мене ми е поврзано со храната, во зависност од тоа што јадам си пијам соодветно винце, онака како мене ми одговара.
    Пр. ако јадам пица или палачински сакам бело вино, Темјаника и Траминец од винарија Тиквеш, или Совињон Бланк од Сковин, зависи каде што имаат.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Белото вино го пијам чисто, не го мешам со кисела вода, не сум љубител на шприцер, освен кога ќе се осетам дека малку по малку ми се здрвувава устата и зборувам како да ме каснала оса на јазикот, тогаш додавам и кис. вода.

    Инаку белото вино го сакам во пролетниот и летниот период, а во текот на есентата и зимата црвеното вино.
    Најомилено црвено вино ми е Витач, без конкуренција барем за мене.
    Мм прави домашно црно вино-две чаши и тупан сум :drunk: , до душа јас сум си и економична-една ми е малку, две ми се многу....да ти е мерак со мене да пиеш, ќе има повеќе за тебе :D .
    Црното/црвеното вино го сакам во комбинација со скара, месо, да не речам свињетина, колку помрсно месото, толку полизгаво иде и винцето.
    Лани мм направи и домашно розе вино-мое омилено, е ова си го сакам со чипс....особено приквечер додека гледаме на пр. утакмица или пак некој добар филм... со винцето до нас, овај во нас.
    Љубител сум на вино, среќа и мажот ми се погоди :P :lol:
     
  2. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Ке може ли да ми дадете рецепт за греено вино? Фала однапред ;)
     
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Исклучиво црвено вино пијам, а најчесто тоа е Вранец...Го обожавам 8)
     
  4. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Пијам вино,од црно,црвено, розе па и бело. Зависи секако од тоа што јадам. Е сега не пијат да се опијанам, туку исклучиво само една чашка. Моите прават домашно вино, така да традиција ни е со секој ручек да си пиеме вино особено во зима.
     
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Зошто е корисно црвеното вино?

    Секојдневно се откриваат сè повеќе и повеќе причини зошто е корисно да се пие црвено вино. Многумина велат дека овој божествен пијалок, консумиран во умерени колични е здрав. Виното е најпопуларен алкохолен пијалок, и е составен дел од многу европски и медитерански култури. Не се работи само за вкусен, туку и за значително здрав пијалок. Препорачливо е консумирање една чаша вино во текот на денот, бидејќи таа количина има корисни својства. Претераното консумирање секако дека нема позитивно влијание врз огранизмот.

    Здрав мозок и здраво срце

    Научно е докажано дека луѓето кои консумираат вино, една чаша дневно, имаат подобра меморија од оние кои не консумираат. Виното спречува згрутчување на крвта и воспаление на крвните садови, а тоа се тегоби кои предивикуваат срцеви заболувања. Покрај тоа, виното го зголемува т.н. „добар“ холестерол, кој го спречува затнувањето на артериите.

    Витка линија

    Студиите покажуваат дека луѓето кои пијат вино се повитки. Луѓето кои секојдневно консумираат вино имаат потенок струк и помалку масти во пределот на стомакот. Алкохолот кој го содржи виното го стимулира телото побрзо да согорува калории. Но сепак, бидете внимателни, бидејќи претераната количина вино предивикува здебелување.


    Подобар имунитет


    Една британска студија покажува дека една чаша вино дневно го намалува ризикот од добивање „Helicobacter pylori“, бактерија која предизвикува гастритис и други проблеми во дигестивниот систем. Освен тоа, виното го намалува ризикот од труење со храна. Значи, виното ги подобрува функциите на имунолошкиот систем.
    Поцврсти коски

    Виното го зголемува нивото на естроген, кој го забавува „трошењето“ на коските со текот на годините. Оние луѓе кои консумираат вино имаат посилни коски од оние што не го консумирaат.

    Менопауза без последици

    Според спроведеното истражување на Харвард, консумирањето вино во периодот на менопауза штити од дијабетес – тип 2. Не е јасно зошто, но се чини дека виното ја намалува инсулинската резистенција кај луѓето со дијабетес.

    Обожавам црвено вино. ;) :lol:
    http://ilike.mk/zivot/zdravje/subcatego ... veno-vino/
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ма какво да е, само бело да е. :)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Домашно, не дека не пијам купено но домашно си е домашно, не може купеното да се споредува со него.
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.515
    Пол:
    Женски
    Поголем грев од тоа да се меша бело вино со кисела вода и црно со Кока -кола ми нема. Ги пијам чисти, поубави ми се, го сакам мирисот и вкусот, сакам да уживам во него.
    Имам корени од Кавадарци, па таму се прави домашно винце, е пред виното ширата ја обожавам. Лани немав можност да отидам во Кавадарци, па ми праќаа по автобус :$ Моите прават многу убаво вино.
    Кога бирам помеѓу црвено/црно и бело предност има црното.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Donatella

    Donatella Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Не пијам многу вино, ама ако треба да одберам поубаво мие белото. :)
     
  10. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Значи немам некоја навика да пијам често вино, ама кога ќе ми текне уживам.. :D
    Нема ништо поубаво од домашно црно вино..плус ако е со убаво домашно испечено црвено месо..мх, мх..мераци.. :) Е кога нема домашно(најчесто :D ), ќе помине и Александрија или Тга за југ..
    И белото не е лошо, ама исклучиво чисто - не сакам да го мешам со вода.. |(
    Единствено розето не го сакам..
     
  11. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Бело вино.Дефинитивно. :)
    Најубаво ми е,уживам кога пијам :) ..до ограничена количина,повеќе од oграниченото лошо е.. :lol:

    Исто и црно сакам,ама црвено неможам да поднесам.. :x
    Некако ми е мене премногу кисело,незнам незнам..го неќум :lol:
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Преферирам бело, всушност само тоа и пијам од алкохол...
    Црвеното вино ми се допаѓа,но веќе по неколку голтки имам некое лошо чувство-како да ми се качува крвниот притисок, лицето ми гори...не ќе да е за мене црвено вино ;)
    А мешање на вино со кисела вода или со таму некакви си сокови ми е исто што и јадење кисела зелка со швајцарско чоколадо!
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Бело вино :) Убаво ми е,поготово Темјаника и можам да се напијам чашка-две.Црвено вино неможам да пијам,тешко ми е и многу јако.Мислам дека само што ќе го мириснам ми се лоши.
    Друго бело вино кое ми е убаво за пиење е Италијанското Villa Sandi Pinot Grigio преубаво е,со блага жичка.
     
  14. zuzuu

    zuzuu Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Бело вино Смедеревка со швепс ммм нешто најубаво! :)
     
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    И јас повеќе сакам бело вино, полесно ми е и не ми се лоши од него. Црвено вино порано многу повеќе пиев, не ми сметаше, а сега може и од неколку голтки да ми се слоши. Тешко ми е и не го поднесувам баш најдобро.

    Од белите вина многу ми се допаѓа Chardonnay на Бовин. Има и едно хрватско кое го имаше донесено сестра му на дечко ми, и плус го пиевме на одмор во Хрватска, ама ич не знам кое беше, од која винарија, и што сорта е. :?:
     
  16. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    ДА..Бело дефинитивно..и шампањ нормално..
    Црвено поретко..само за Бамбус е добро. :D
     
  17. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Јас сакам црвено вино. На белото не можам да му го поднесам вкусот, не знам зошто. Има неколку црвени вина што ги пијам...
    А шампањско сакам...убав ми е вкусот.
     
  18. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    25
    црвено вино дефинитивно ...тга за југ и шато бордо.
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.749
    Допаѓања:
    23.267
    Пол:
    Женски
    Црвено-црно :) и по можност да е домашно, е многу сум мерак :d:
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Не пребирам. Вино си е вино :) Само да не е сладуњаво.