Пијам и бело и црвено вино, бело почесто преку лето, црвено преку зима. Често си правиме и варено вино, одлично е за овој период
Кај можам да најдам баш вакви малечки чаши за црвено вино..Како оние помалите што се продаваа на виноскоп..Тогаш си купив 2 и едната ми се скрши, некако бутур ми е само една сега па сакам да си ја заменам.
Баш вакви мали има во Џамбо,а поголем избор имаш на пластичарската јас баш пред некоја недела си купив и за бело и за црвено вино и не се скапи
Најпрво би го споменала Сангрија. Ме освежува, а и самото тоа што е по благ , дефинитивно го прави да ми е омилено. Потоа би било Траминец, кој ми е некако полесно, не ме режи(ако можам така да кажам).
Претежно пијам бело, но не одбивам ни убаво поблаго црвено вино. Го преферирам, т.е најчест ги пијам белите на тиквеш-александрија, траминец, шардоне, белан. Но најубаво бело вино што сум го пиела ми е дефинитивно Вила Марија. Од црвените ми се допаѓаат на Дудин црвените, ептен квалитетни вина иаку се доста тешки.
Мала сум за алхохол,па и не пијам. Но за да наздравам на ручек или вечера,знаам да се напијам црвено вино.Една голтка де. Белото воопшто не ми се допаѓа.