Црно во зима, Александер, на нашата Валандовска винарија, преубаво вино и штета што не е за наш пазар па морам да се гребам кај роднини и пријатели. Во лето бел Траминец, мелем на душа, иако не го пијам често, го сакам битно.
Па во лето бело винце...а во зима црвено Можам секој ден баш по цел ден да си пијам црвено со пепси мх мх
Црвено вино ми е омилено но бидејќи во лето неиде црвено знам летно време да си се напијам Траминец но црвеното греено не го менувам за зимно време ме е најубаво
Јас обожавам и црвено и бело.За на зима повеќе црвено.АЈ сега да ми кажете рецепта за греено вино,сакам вечерва да направам
И јас во зима сакам црвено, ама да биде благо. Воопшто не ги сакам оние што имаат киселкаст вкус Исто, пијам и розе. Во лето пијам бело, само заради дечко ми. Тој обожава бело, а мене многу не ми е по ќеф. Порадо би пиела вотка, ама ајде се за негов атер
За на трпеза црвено вино. Да лизга со јадењето. Александрија Куве е фантастично, а кога имам можност и на Камник. Бело обично го мешам со кисела вода, кога го пијам во топли денови. Кога сум излезена чисто бело, дали Александрија, дали некое на Стоби, сеедно ми е. Сега за празнициве, се прелеавме со белото куве на Камник, па ќе избегнувам некое време.