Kако да ги пријавам родителите?

Дискусија во 'Дете' започната од sarchy23, 25 јуни 2013.

  1. sarchy23

    sarchy23 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    сакам да ги пријавам моите родители посебно мајка ми..незнам каде незнам како..не се однесува како родител полна е со омраза, нема почит спрема никој посебно не се однесува како родител...незнам што да правам кажете ми каде можам да ја пријавам??
     
  2. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.354
    Kако да ги прјавам родителите??

    Те малтретира физички?
    Зошто се останато можеш да пробаш да го решиш со разговор,или со некое стручно лице да и помогнете :/
    Не избрзувај ;)
     
  3. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Kако да ги прјавам родителите??

    Дај кажи поконкетно за што се работи..појасни ни ја ситуацијата за да знаеме каков совет да ти дадеме?
     
  4. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Синоќа бев претепана од татко ми и еве денес лицето ми е поддувано и целата сум модринки. Ова му е прв пат да ме истепа, не ни бев толку многу виновна за да го добијам ова.Сестра ми почна да плаче и почна да ја тепа затоа што плачела. Ако го пријавам, што ќе се случи понатаму?
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.906
    Kако да ги прјавам родителите??

    Ке дојде полиција и социјален работник. АКо си уште во модрици, ке зборуваат со твоите и ке одите на советување. АКо пак се случи ке му го одземат родителското право.
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Kако да ги прјавам родителите??

    Ќе се случи тоа што треба да се случи. Никој не заслужува да биде тепан ни луѓето ни животните. За се постои решение кое не е насилно. Ако тој има било какви проблеми нека си ги реши сам, не да ги истура на вас. Пред да го пријавиш, довери се на некој, баба, вујна, стрина, тетка, некој кај кој ќе можете да се засолните, додека да реагира полицијата, сепак денес е недела, не знам колку ќе реагираат соодветно. Каде е мајка ти во целава ситуација? Беше ли на лекар? Каде е мајка ти во целва ситуација? Зошто не ве одбранила? Ако можете уште вечерва одете некаде, не бидете дома. Се може да се очекува од бесен човек. Штом не му било жал да ве удри еднаш, ќе ве удри повторно. Еве овде можиш да пријавиш 02/ 15 700 овој бр е национална СОС линија за пријавување на семејно насилство. Еве и линк http://www.semejnonasilstvo.org.mk/Root ... lt_mak.asp.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.210
    Допаѓања:
    118.977
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Која е причината за ќотекот?
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    А зашто да ја пријавуваш мајка ти ако само татко ти учествувал во тепањето? Можеби ѝ на неа како и тебе ѝ е потребна помош, зашто да ја изгубиш и неа? Ти треба многу поконкретна причина од „понекогаш не се однесува како вистински родител“.
     
    На Twinkles, a.c.k.a и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.737
    Kако да ги прјавам родителите??

    ко што видов имаш 16 год, мислам дека си доволно возрасна да рзаликуваш семејно насилство од случај кога сама си крива.
    Еве у пракса како од прилика оди:
    Прво вадиш лекарско дека нели си тепана, одиш во полиција пријавуваш семејно насилство, се враќаш дома со социјален работник и полицаец одите на советување и тако то се врачате дома,татко ти те тепа уше еднаш оти си пријавила и сега има две опции
    -една ти се откажувашод идеата и се одтанува не тоа до следниот ќотек
    -продолжуваш со процедурата и завршуваш во дом или под стрателство на мајка ти (со која секако ќе треба да ја напуштите куќата, станот во што и да живеете ако сакате да живеете, валда и бездруго ќе бидете исфрлени ако зборуваме за распаднато семејство, нормално човеков кој врши семејно насилство нема да живее по ист покрив со некој кој го пријавил во полиција ), а него му се одзема родителското право.

    како ида е ова не е едноставна одлука, за да пријавиш семејно насилство(зборам да ја тераш процедурата до крај) треба да си спремна за распад на семејството или барем да си спремна да одиш во дом
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Si go dobiv zatoa sto dozna deka sum piela i pusela ovoj vikend.Majka mi smetase deka sum zasluzila, se dodeka snemav vozduh a sekako za sestra mi izreagira zatoa sto ne bese ni kriva ni duzna(iako neodamna ne imase i mene i sestra mi tepano). Nemozam da prijavam vo policija bidejki tatko mi tamu raboti i ke se doznae niz cel grad
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.601
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Не ја оправдувам оваа постапка на татко ти, но колку години имаш ако имаш помалку од 18 тоа и ти што си го направила во ред.
    Сепак ќе ти кажам една работа. Ако е само поради тоа што си пиела и пушела, не вреди да ви се растури семејството. Но од друга страна па што и да е не е добро тоа што така те истепал, иако мислам дека преувеличуваш малку.
    Во секој случај почни да се однесуваш пристојно и како што треба, па види како ќе се однесува тој кон тебе. Грешка на родители е што мислат дека со ќотек може да се реши се. Голема грешка, и ден денес имам белеци и трауми од тоа тепање за џабе. Ти не си видела што значи да изедеш ќотек за џабе и тоа со тие тенките прачки. Знаеш какви белеци остава по рацете, нозете, половината? Срам да му е на човек на физичко да се соблече. А тек па влечење за коса по собата? Толкави влакна од мојата коса во неговите раце. И ден денес кога се чешлам и ги вадам влакната што останале од косата од чешелот се ежам. Зошто? Мојот татко е алхоколичар, твојот не верувам дека е. Јас не пиев, не пушев никогаш макар и да го правев тоа никогаш немаше да ме тепа толку колку што ме тепаше под дејство на алхокол. И затоа седи си мирна каде виновна па и се буниш. Јас не верувам до толку да те тепал дури да снемаш воздух. Самата кажа татко ти работел во полиција така да се соочува сигурно со слични вакви работи и не верувам дека би и ги правел на своите деца. Но да те потсетам дека видел како изгледа и што се прават пијани девојки какви циркузи и инциденти и најверојатно несака и ти да бидеш така. Не викам дека лажеш само прифати дека си згрешила. Најверојатно си мала за да се труеш со алхокол и цигари. И ГО ПРВИОТ ПОСТ ВИКАШ ОВА МУ Е ПРВ ПАТ ДА НЕ ИСТЕПА ВАКА, А ОВДЕ ВО ВТОРИОТ ВИКАШ ОДАМНА НЕ ИМАШЕ ТЕПАНО ЗАТОА ТЕ МОЛАМ ОДЛУЧИ СЕ.
     
    На Lolo5, love.a7x и Taccka им се допаѓа ова.
  12. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    580
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Мислам дека татко ти по природа е насилен човек само што се воздржува, и овој инцидент со тебе му дошло како добредојде да се истури врз некого, мајка сум и знам колку боли да го видиш детето во недолична состојба но такво крвничко претепување не оправдувам, што ако дојде до некој полош удар????

    Значи во твојата ситуација која никако не ја оправдувам, но деца сте и животот ве става во искушение....доволно било да ти се скара и ете ако сметал неказнето да поминеш еден шамар да ти залепи и толку....да те казни со неизлегување и некупување на некои работи....и други слични воспитни мерки...

    Јас како мајка би те советувала да постапиш тактички така да ем нема да се оди право на семејно насилство ем тој малку да се засрами...а ако покажува и друг пат такви насилнички однесувања мислам дека треба и мајка ти малку да размисли а не да смета дека си го заслужила котекот....

    Види и отиди на лекар под изговор дека те боли стомак, нека те прегледат а самиот лекар ке види дека си тепана....и може ке разговара со твоите дека не си болна туку дека те тепале...на твоите не објаснувај многу само кажи дека те боли стомак и ке одиш на лекар...знам дека многу ке ме осудат дека тоа е веке лажење но по мене тоа е поблаг начин како да се заштитиш во иднина.....мислам дека ако татко ти има малку мозок ке размисли како треба да се однесува....

    А за тебе Еловес ми е жал како си го поминала деството....но немој од типот "што се жалиш, јас бев повеке тепана"

    секое добро...
     
    На Lolo5, okcenzi и eloves им се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Крвничко претепување. Абе ајде.
    Пиела пушела што треба?! Да ја мази.
    Не верувам дека крвнички е претепана, ќе има последици ама очиглдно нема.
    Сега што да прави да го пријави?!
    Ако сите пријавуваат за ќотек, ееееееееееее што ќе се случи хаос.
    Само едно знам ако е без причина (што не оправдувам ќотек) тогаш е насилство, ама ако заслужила тогаш е сосема друго.
    Утре-задутре и дрога ќе зема и што понатаму. Како родител не верувам дека тепањето е решение за било што да аправи детето, ама ако тоа е екстремно, ќе се запрашам како да постапам.
    Најверојатно сама ќе пријавам кај социјалните служби да превземат нешто.
    Само ќе кажам не сум се соочила сеуште со такво нешто (како родител) за да коментирам, ама ако се соочам сигурно ќе барам помош од стручни лица.
     
    На zalosna, Umbrella22, feminium и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.601
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Viki693 јас не се жалам тука намерата не ми беше таа.
    И самата кажа дека си мајка како ќе реагираш ако дознаеш дека твојата ќерка пиела и пушела на 16 години да кажеме? Најверојатно ќе разговараш со нејзе, епа секој родител не постапува така. И јас реално не верувам во приказната на девојката баш. Може да ја удрил неколку пати, но крвнички да ја претепал воопшто не верувам. И сега таа мисли дека е осамена, дека никој не ја разбира и дека е во право и затоа се жали овде по форуми и немојте да мислите дека ќе го пријави татко и туку само сака да привлече внимание. Прво вели била тепана за џабе. Епа не е за џабе ако пие и пуши уште сега. Не го оправдувам тепањето ама не ја оправдувам ниту неа. И не верувам дека таа ќе го пријави родителот. Ви кажав и погоре прво вика ја немал тепано до сега, после вика неодамна ја тепале. Јасно е дека лаже. Таа може и воопшто не видела што значи да јадеш ќотек во животот па затоа и вака прави се лигави, да имаше видено немаше да пие и пуши уште сега. И да ја истепал татко и толку колку што кажува мајка и ќе побарала помош, ќе ја одбранела ќе викнела некого ќе сторела нешто, зар само така ќе стоела и гледала од страна? Ма дај ви се молам.
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.386
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Ова е мое мислење само. За ќотек од којшто си потечен и со модрици или не дај Боже посериозно нема оправдување. Без разлика од кого е дојден, без разлика за што е дојдено до тоа. Си заслужила? За лекција? И што ќе ја научи ќотеков? Дека утре aко задоцни со ручекот и мажот ако ја истепа си заслужила? Не е единствена што пие и што пуши на тие години, па не верувам сите да поминале низ истово. Не е лесно да си родител, а најлесно е да си го исплашиш детето и да му убиеш секаквa доверба во тебе утре.
     
    На Lolo5, MilaP, Valerin и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    А мене знаете што ми е најинтересно од се? Младава госпоѓица го пишала проблемот од еден профил, а коментирала за истиот од друг. Знаеш што мислам јас? Нека те скрши татко ти од ќотек следниот пат (ама навистина овојпат), можеби тогаш конечно ќе престанеш да се досадуваш и измислуваш приказни, како и да отвараш секој ден нови профили на Фемина. Си немал ѓаволот работа, си ги е**л децата, простете на изразот. Оди прочитај некоја книга, а можеш и да изгледаш некоја шпанска серија, кога веќе видовме дека си по драмата... интересно ќе ти биде. ;)

    Ги жалам тие родители за кои валкаш уста да ги спомнуваш во ваков контекст ни криви ни дужни, од занимација. Не знаат што имаат дома. Можеби треба ова да го прочитаат па навистина да те истепаат. Со помин нека е..... пубертетот. :hai:
     
    На eloves, zalosna и Daleron им се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Овде нема ќотек, верувај некоја шлаканица, ама децата прават како да е се многу енормно големо.
    Воспитна мерка не е ќотек,ама ако претера и јас би ја исплескала.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    Миличка имаш потполно право за ова што си го напишала.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Kако да ги прјавам родителите??

    И јас приметив ама мислев друго девојче ја видело темата па се надоврза.....
     
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    21.704
    Kако да ги прјавам родителите??

    А зошто не реагираат админите за дупли профили?Од вакви тролчиња станува напорно да се следи форумот.
     
    На leona83 и Daleron им се допаѓа ова.