Kако да ги прјавам родителите?? Имаше премногу тролови деновиве, така да веќе не знаеме кој трола, а кому вистински му е потребна помош.
Kако да ги прјавам родителите?? како да ги ПРЈАВАМ?! уште еден трол на форумов, ај нека се угоде! И тоа со мошне занимлива животна сторија налик на Џеват и Шемса од “Бурни години“... ццц Изгледа на децава им е досадно на распуст, не им се читаат лектирите, па не им преостанува ништо друго освен да си фантазираат и тролаат по фемина!
Kако да ги прјавам родителите?? Od kade izleze sega toa deka e od dva razlicni profila napisano koga ednas pisav od kompjuter,a sledniot pat kako i ovoj od mobilen, od istiot profil? Ocigledno ne ste ja razbrale situacijava pa mene me obvinuvate, da sum se pijancela niz grad neka tepa..Ama zaradi edna pijacka ili dve smetam deka ne zasluzuvam da sum so prsti i modrinki po teloto,so modar nos i poduvano oko.
Kако да ги прјавам родителите?? Сигурно не е за една пијачка, ама ако толку инсистираш јави се во полиција ќе реагираат веднаш, ама ако си во право, се останато пропаѓа во вода. Кој бре родител ќе те тепа толку да имаш помодрено око? Аман Па пријави бре девојче полицијата веднаш ќе дојде.
Kако да ги прјавам родителите?? Параноја жени Арно си кажува момето, од истиот профил си пишувала, а инаку темата е од лани поставена
Kако да ги прјавам родителите?? Офффф Јас ќе отворам детективска агенција (животна желба) ти ќе ми бидеш ортак.
Kако да ги прјавам родителите?? Спојлер *Првата членка ја отворила темава уште пред една година, а проблемот на kosmodiks е од сега. Како ги поврзавте тие две дека се една личност? Плус, kosmodiks е член на Фемина уште од 2012, ако нема зелено цветче не значи одма дека е трол. Можеби грешам јас, ама навистина не гледам тука два профила и тролање. *Во насловот има грешка. Јас лично не оправдувам никакво тепање на деца. Строго сум против тоа. Ни шамар, ни потчукнување, ништо. Се' тоа се смета како удар од родител. Дали ќе го истепаш убаво или ќе му удриш само шамар е исто. Крајниот резултат што ќе го добиеш ќе биде ист. Не се решава ама баш ништо со тоа. Баш напротив, може само уште повеќе глупости да направи од инат и револт (особено ако е во пубертет) или пак да се затвори во себе, да се оддалечи целосно од родителите и утре да не можат ни еден, единствен збор да му извлечат на детето, со што може да се случат многу поголеми проблеми. Па сопственото дете да го чувствуваат како странец. Ете тоа се резултатите од ќотекот. Сметам дека треба да се разговара со детето пред да се случи глупост, секој ден да збориш, устата пена да ти фати, постојано да си во тек со работите, на добар начин да гледаш да му се доближиш. Тогаш ако не издејствуваш кај детето доверба и тогаш ако не сфати дека некои работи се штетни за него, џабе е отпосле да го истепаш откако веќе штетата е направена. Доколку и покрај ова направи глупост тогаш јас лично како родител би сметала дека не сум направила доволно и повторно грешката би ја барала кај мене, а штетата што е веќе направена ќе гледам да ја поправам најмногу што можам, повторно преку разговор. Не знам зошто родителиве мислат дека едно 16 годишно дете не разбира ништо што му збориш? Не ми е јасно зошто не разговараат со децата? Зарем мислат дека со ќотекот ќе направат подобра личност од детето отколку со нормално, човечно постапување? Дури и малите деца сметам дека се премногу паметни, се' сфаќаат, треба да се пристапува и со нив како со возрасен, а не веќе со големи деца. Како и да е, kosmodiks не знам што би те советувала. Полиција не е решение зашто велиш дека татко ти работи таму. Сигурна сум дека нема ништо да постигнеш. Јас би ти рекла да пробаш малку да омекнеш. Знам дека не е само до тебе, туку треба и од другата страна да има реакција ама сепак ете биди ти таа првата што ќе попушти. Не е во ред што си пиела, не е во ред што си пушела, ама секако не е тоа причина за ќотек. Отфрли ги тие пороци. Пред се' за себе. Зашто навистина не е здраво. Не води инат на родителите, почитувај ги и гледај да бидеш понастрана од проблеми. Кога ќе се смири малку ситуацијата, пробај да разговараш со твоите. Заедно сите седни ги и објасни им дека можат да разговараат со тебе, а ти ќе ги сфатиш, не мора да се решава со ќотек. Објасни им како возрасна личност. До тогаш се надевам и ќе ги отфрлиш пороците, па кажи им го и тоа. Ама убаво потенцирај им дека ти не си ги откажала пороците заради тоа што си добила ќотек туку заради тоа што сама си размислила и си сфатила. Доколку ова се повторува често и понатака, тогаш превземи ги работите сериозно во твои раце. Кажи прво на мајка ти или на некој повозрасен член од твојата фамилија, во кој имаш доверба и има разбирање, тетка, стрина, вујна, вујко, чичко па ако и тоа не бива, пријави го. Не можеш ти да трпиш цело време тортури. Се надевам само дека нема да дојде до тоа.
Kако да ги прјавам родителите?? ''Сигурно не е за една пијачка'' па и дроп дома да се вратела ќотек не заслужува никој човек.А ти ако не замонашисе па нема ќотек да јадеш за пијачки Онтопик девојче баш мие жал за твојата ситуација, во подалечното семејоство имам слична и донекаде сум запозната.Најубаво ќе е да го пријавиш зошто малтретирањето од домашните без разлика длаи физичко/психичко остава големи трауми во понатамошен живот.
Kако да ги прјавам родителите?? И јас имам 16 години тогаш бев мала но денеска сега да ме истепа татко ми така како то објаснува девојката нема вам да ви пишувам тука како би ме советувале вие освен да пријавам туку правец во полиција и социјална служба. Ама очигледно е дека девојчето ја удриле неколку пати оти се пијанчела на 16 години, и несакам да читам правдања од типот дека сите го правеле тоа некогаш. Може го правеле ама не на 16 години, срамота е. Денес алхокол и цигари и што треба ништо да не и речат. Точно дека и не е толку страшно тоа ама што ако утре дрога проба тие пак никако да не изреагираат. Мора некако да и укажат дека греши, ама не со тепање. Грешката јас повеќе ја гледам во родителите. Ако на детето на време не му објасниш што е штетно, што не, како треба како не јасно е дека подоцна ќе ти се качи на глава и се за инат ќе ти прави. Посебно сега е во тие години каде што мисли дека никој не ја разбира и секогаш е таа во право, сака да пробува нови работи. Сеуште не верувам дека ја истепале толку колку што кажува. Во секој случај подобро сега татко и да и удри две шлаканици, отколку утре другден кога ќе проба нешто пострашно животот да и удри таква шлаканица па да неможе да се освести. Сеедно не подржувам тепање, но сите сме биле тепани или барем еднаш удрени како деца.
Kако да ги прјавам родителите?? Вака да резимираме, да го игнорираме фактот дали девојчето трола или навистина има проблем, ми е чудно размислувањето на оние што очигледно не тролаат, а претпоставувам дека сеуште не се мајки. Јас сум мајка на девојче на слични години како ова, и да, можеби не до толку но ја имам осетено како дома си има дојдено и мириса на алкохол, среќа дома никој не пушиме па и децата не сум приметила дека пушат...е сега сигурно дека не сум ја прегрнала и сум и рекла браво ќерко што убаво си се напила, ме болело и срце и душа, ама далеку да ја тепаме со мм, и се караме, разговараме, и укажуваме дека ние сме создале во средината и авторитет и почитување, а таа со такво однесување го руши и своето и почитувањето на цела фамилија, со ќотек само може полошо да се направи.....какво воспитување е тоа со ќотек???, па овде уште слушам си го заслужила...море овој таткото да го намлатат малку у полиција колегите И да морам да кажам дека ќерка ми отсекогаш била скроз одличен ученик и значи искушениета се појавуват кај сите деца, но само ќе кажам се да биде во умерени граници и со памет, за да не се случи од една банална грешка цел живот да страдат.....Ќерка ми мислам дека го надмина веќе ова, секогаш разговараме и сме отворени едни према други со децата...но ниту јас сум инсистирала се во детали да ми кажуват ните тие, доволно е она што е битно, каде одат. со кој се дружат, што им се случува во животот, и доколку се појави некој проблем заеднички да го решаваме, а вакви мали тајни и ситници нека си ги задржат за прераскажување на своите деца како некогаш не надитриле бидејќи мислам дека и јас како родител не би поднела се да знам....боли и тоа како боли...иако знаеш дека некогаш и ти си го правел истото
Kако да ги прјавам родителите?? Да не звучам сега како песна на Рибља Чорба ама првата цигара ја запалив на 15, прв пат пиев алкохол на 16, првпат џоинт запалив на 18. Тоа се тие работи што ги правиш кога си млад и ако викате дека сум заслужила мајка ми да ме помодри од тепање за тие мои постапки, вие сте тие што имаат проблем и не, не ви верувам дека вие кога сте биле тинејџерки сте седеле дома и сте везеле гоблени. Првата цигара, првото пијанство, првиот дечко, се се тоа искуства кои треба да се доживеат и се дел од растењето и созревањето.
Максимално реален пост! Браво! Исто така ми се допаѓа и начинот на воспитување и реално гледање (не само како родител) кој го објасни. Eloves, со тебе не се согласувам. Извини ама не е нормално па ни на 16 години да седиш само до сукњата на мама. Не е точно дека не се доживува првото пијанство на 16, од каде тоа? Па некои го доживеале и порано, што на 18 да не се доживува? Јас сметам дека од 18 веќе треба да почнуваме да ги сведуваме на минимум тинејџерските испробувања нови работи и правење глупости, зашто сметам дека поголем дел од она што треба да биде искусено е искусено и треба веќе да сфатиме дека стануваме возрасни и полека да сфаќаме што е за нас а што не е. Јас бев многу мирно дете, па токму на 15 ги добив своите први бубачки во кои искусив се што треба а ПАТЕМ не направив ниедна глупост за која ќе се каам и која би ми го сменила животот на полошо. И со тоа мислам дека не легнав со никого, не пробав дрога и не сум била казнета. Значи, се треба да се помине ама во граници на нормалното. Не е во ред па на 16 да се однесуваш како 25-годишна, а потоа кога сите ќе зборат за тие денови ти да немаш што да кажеш и уште полошо, да почнеш кога не треба да ги искусуваш тие работи, т.е. да се однесуваш незрело на 20 плус години. Тоа е нешто од што ми се повраќа. Има и такви кои се цел живот незрели да, но тие се друг муабет што да правиш, а неизживеаноста е нешто друго. Секогаш викам нема правило, не секој мора да помине исто се и не мора под дифолт да значи дека ако не поминал мора да помине инаку ќе му дојде друг пат таков период. Исто како што мирен не може да стане бесен и бесен не може да стане мирен, значи нема правило кога се тешат ахх остај го нека се издува ќе му помине. Муабетот ми беше, има основни глупости што треба да се поминат и недолични однесувања што се оправдани само во пубертет, кај возрасни не, изгледа одвратно. И сметам дека ради себе човек не треба да се стегне уште на 15-16 и да седи мирен. А доколку на некој не му иде одвнатре е друго, па и со сила не може. Боље бити пијан него стар муабетов, ни тргна со песниве. Сакам да кажам, јас и дечко ми сме мирни и зрели за своите години, но и двајцата сме поминале пијанство во тие години и сме пробале цигара. Јас дури едно време бев и активен пушач, но се откажав. Подобро што го поминав тоа тогаш отколку да ми текнеше да пушам покасно, тогаш е потешко за одвикнување. И еден куп други примери, сега кажав само за најблиски мои примери. И да, мојот најлуд период не траеше повеќе од година, година ипол максимум. На 18 јас веќе бев права возрасна личност, може е и карактерот, може и сериозната врска го воозбилува човек, битно мене ми е убаво. Сега сметам дека сум си таман. Не сакам ни преозбилни луѓе ни вечни пубертетлии. И за да не се разбереме погрешно, под вечни пубертетлии подразбирам луѓе вечно што се глупираат, а не да си весел дружељубив откачен во позитивна смисла, тоа ми се допаѓа, и јас сум таква, не сакам тмурни луѓе. Nausicaa, се согласувам со се, освен за џоинтот. Ни сум пробала ни би пробала. Но тоа е тоа кога ќе кажам дека не сме сите исти.
Јас не барав да се согласите со мене туку само си кажав мислење како и секој друг на форумот. Jaс не седам до суќната на мајка ми и незнам зошто мислиш така и несакам да знам ама сум строго против алхокол. Се имам изјаснето и во други теми зошто. Вам може да ви е нормално некој од 16 години да се пијанчи ама ете мене не ми е. Денес и било прво пинаство, утре ќе и биде второ зад утре ќе и биде навика. А и немора да значи тоа е само можен пример. И јас сум правела глупости и ден денес правиме во школо бегаме од часови и тоа низ прозорец, залепивме лист со натпис ЈАВНО ВЕЦЕ на професорката англиски на часот, вртиме со скриен брoj и уште какви не глупости. Ама јас лично не сум си дозволила да се опијанам со изговор дека ми е прв пат или дека имам проблеми дома. Денес прво пијанством утре друго а третиот ден што треба да правам циркузи и со полиции да ме враќаат дома. Па ви се молам. И мислам дека со тоа што и изнакажавте на кој кога му било првото пијанство само ја подржавте. Овде сите сте постари од мене и не ви солам памет ама времето кога вие сте биле 16 години тоа е пред 10 или 20 години со тоа денес не е исто. Денешните деца се многу понапредни, немаат страв ниту од родител ниту од некој повозрасен и мислат дека можат да прават се што ќе им текне. Си стојам на тоа дека не верувам на целата оваа приказна. Зошто? Каде е девојката сега да ни пише? Незнае што да искоментира на сето ова и ја нема, па сигурно. Некому му бил досаден летниот распуст кој завршува за 12 дена и реши да си ја помине досадата "фарбајќи' не нас. Може татко и ја удрил, ама толку да ја претепал колку што кажува таа нема шанси. Мајка и што правела тогаш, комшиите не слушнале, не се меша таа во луѓе, не ја гледаат целата модра, некој роднина ја нема видено до сега, не прашуваат, зарем некој не би пријавил? На девојчето и е досадно и си измислува овде. А ние како да не кажам што нормално совети се пишуваат мислења битно е да се отвори дискусија. И да, не ми е работата да се карам овде со вас туку како што кажав си кажувам мислење. И не го споредувајте тоа што било пред 10/20 години со тоа сега. Мајка ми ми кажуваше дека кога ќе видела професор од почит се криела, а денес во макпромет на сред маркет додека чекав сончоклед да ми измерат едно дете му вика на еден човек, најверојатно наставник му бил "Кај си бе наставниче, да пукне". Така да за пиењето да не дискутирам страшно е тоа каква е денешната младина. Ако вам ви личи нормално тоа што 8 одделенка сликала пиво на масата со другарка и во чаши и го ставиле тоа на фб тогаш незнам што да ви кажам. Се срамам од тоа што сум дел од оваа младина.
^ Ееј, колку годишни не направи бе нас тука? Па сите што имаме коментирано конкретно за тоа сме во раните 20-ти. Нема врска времето, секогаш имало и добри и проблематични деца. Само порано може јаделе многу повеќе ќотек, сега закони и триста чуда ги штитат, не смееш рака да дигнеш на сопственото дете, твоја крв и месо.
Аман заман, полека бре луѓеее! Значи ќе бидам јасна... Постојат две опции. Од кои едната многу повеќе ми е уверлива, а тоа е дека девојчево гадно се руга со нас тука на форумов, и се смешкаат со другарка и пред монитор (како и секогаш), кога ви ги читаат мислењата со потресно сценарио. И опција број два - Ја кажува вистината ама вие на нероден Петко и капа и чевли веќе му скроивте. Од едно палење цигара и пијанчење ја направивте алкохоличарка и веднаш се спотрчавте да ги земете сите можности в предвид за иднината, кои во реалниот живот пола и повеќе никогаш не се остваруваат. Безвеза.. Јас во тинејџерските години ако е за тоа, локав како дупнато буре секој викенд. Не, не се фалам со тоа, само сум си искрена. Но, како созревав сфаќав дека ми пречи на организмот, па полека откажував знаејќи дека сум се помалку имуна. Затоа денес скоро ич не можам да поднесам алкохол, и повеќе од 5-6 голтки не пијам па макар и обично пиво нека е во прашање. Ама затоа мајка ми или татко ми никогаш не се дрзнале да кренат рака на мене ради тоа. Може кога сме се срчкале со мајка ми знаела да ми префрли или навреди за тоа ама не до тој степен да ме претепа па да одам со модрици. Значи тука не го оправдувам ич татко и во случај ова да е вистина! Иначе сето ова се случува бидејќи во адолесенција ти беснеат хормони, и тоа што ти штети и не го сакаш, ако чуеш дека е кул и ти дава добар филинг го зимаш, не обрнувајќи внимание толку на последиците. Дел од оние со кои излегував пушеа и џоинт, а имавме и такви кои си земаа за право да пробаат и кока. Скоро сите тие денес, (а едно 90% од моја генерација), еве ги живи здрави упишани на факултет и со колку-толку нормални животи без крајни последици. Значи тоа се едноставно минливи фази, сфатете. Кој е моја генерација знае за што зборувам. Другите сега не се потресувајте одма, зошто сакале или не така си е. Колку е тоа добро не коментирам само изнесувам факти во име на поголемиот дел од нашата ни младина. Зашо денес да бараш поштено друштво ти е еднакво како барање игла во сено. Е, правдина нема ама тоа е, од ова кожа не се може.
Јас верувам во приказнава, пошто познавам доста такви особи кои што постојано се малтретирани од страна на родителите поради некои банални работи. Има секакви родители, па и не ми е толку чудна причава. Сеа типката што ја нема да пише е друга работа, али свашта постои по светов. За тоа што некои рекоа дека убаво и направил, мислам со кој памет можевте тоа да го пишете?! Вие ако не сте почнале да пушите и да да лудувате во тие години, можеби вашето дете утре ќе го стори истото, па што ќе правите тогаш и вие ќе го претепате?! Да, родителот ти дал живот и те учи како треба правилно да постапуваш и да донесуваш одлуки, ама не значи и дека тој треба да ти го уништи! Се може да се среди со разговор, па макар и да почне на родителите да им тече пена од уста. Јас пушам, ретко пијам и не заглавувам многу многу до доцна навечер. Имам секакво друштво од наркомани до курви и пропалици. Моите дали 2 пати ме имаат видено во пијана состојба. И што требаше да направи татко ми тогаш?! Да земе каиш и да ме претепа? Во животов ме немаат чепнато, ама од толку зборење више и да ме погледне знам што сака да ми каже. Секој што си прави, за себе си прави. Само треба да е малце паметен па да одлучи кога и во кој момент треба да почне или треба да прекине. Nausicaa и Valerin потполно се согласувам со вашите постови.
Да ама има и мајки од по 30/35 години па и 40. Девојки цел форум на лицето да ме плукате ако девојчето не не лаже. Како и Битанем, Александра (читајте "силуваната") па и онаа со братучедот на дечко и што и се допаѓаше, тој женетиот со деца што сакаше да го смува ете луѓе ова е уште една слична приказна. Единсвено што ми е чудно е зошто не отворила нова тема. Baby-bubu прочитај го уште еднаш постот на девојката и ќе сфатиш прво вика немал рака кренато на неа до сега нешто во таа смисла после вика ме тепаше неодамна. Мислам ко веќе некој планира да пишува приказни нека си напише по ред се како што ќе се одвиваат настаните за да нема грешки и неразјаснети работи. И од еден ист профил пишувајте најмалку една приказна, ако пишувате друга гледајте некои настаници и ситници да ви се поклопуваат со тие од првата приказна. Се надевам јасни сме.
Валерин и неколку други што викате дека е трол феминкава...од каде ви е таа идеја дека е така и ако веќе имате докази пријавете за тоа,си има модератори ќе си средат тоа,а не само празни муабети,трол е не е,глупости на квадрат космодиск многу ми е жал што си се нашла во таква ситуација,но само едно ќе ти кажам-Не оправдувам ни под разно ќотек,плескање,шамари...ама ете ова нека ти биде еден вид лекција(бидејќи се случило веќе)внимавај да не ти се повтори ова пак,а за пријавување во полиција или социјално не се ни обидувај,не функционира тоа во нашава државичка,само поголеми невољи ќе си направиш....
Јас убаво си напоменав дека познавам такви личности кои што се редовно или така изненадно убаво истепани од родителите. Дали тоа било што не купиле леб или што јаделе многу леб, небитно е. Имаш секакви психи во денешницава.. Затоа и реков дека приказнава нејзина може е, а може и не е вистинита.
Ги има секакви, не викам не. Ама ако ова било вистина таа немала да ни пишува овде на форумот туку ќе се пожалела кај некој роднина шо ја знам. Независно од тоа какви ни е државичката стави се 5 минути на нејзино место доколку беше вистинска приказната. Или ајде мене татко ми вчера ме истепал крвнички како што рекоа некои и сум целата подуена и со модро око. Епа шо ја од дома ли нема да излезам? КОмшии, роднини нема ли да ме види некој? Тоа и не поминува така брзо. Мајка и што правела во меѓувреме? Не верувам дека една мајка би дозволила такво нешто. Затоа сигурн ја удрил и таа си прави приказни тука, но такво тепање не верувам дека имало во овој случај. А дека постои се и сешто постои за тоа не викам не.