1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kако да ги пријавам родителите?

Дискусија во 'Дете' започната од sarchy23, 25 јуни 2013.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Добро бре Еловес не мора да и веруваш, никој тука не те тера да даваш совет, ако сакаш ќе дадеш ако не ќе си ја прескокнеш темата...simple as that. :!:

    И кога веќе кажуваш дали мајка и видела или да разговара со роднини итн, твојата мајка што прави кога татко ти ти ја корне косата или те претепува, се прави дека не гледа?
    Што е со другите роднини и тие ли се праваат дека не гледаат?
    Или тоа за тебе важи ама за другите не важи, секако во Мк никој не те гледа кога треба да ти се помогне туку само кога треба да се оговара.

    Не знам дали девојчето лаже или не, не ме ни интересира, битно сите сме го поминале тој период на пубертетско лудило и всушност начинот на кој што се справува родителот со тој период одредува дали ќе продолжиш со глупости или ќе се освестиш на време.
    Важно никоја не заслужува да биде претепана за било која причина, си постои разговор, казни а ќотекот само ќе те потикне и понатака да правиш глупости од инает ако не за друго, никоја не извлекла никаква поука од ќотекот затоа што и нема поука.
     
    На Viki693 и Lovely93 им се допаѓа ова.
  2. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Тоа што го направила е е во ред, и тоа дека сите на тие години децат сакале и требало тоа да го доживеат, не е оправдување. Меѓутоа, таа не е мало дете, да го истепаш и да престане, туку требало едноставно да разговараат со неа и да и наметнат казна. И не мислам дека нешто ќе постигне ако пријави во полиција, штом татко и работел таму, само може муабети да почнат да се шират. :emo:
    а можеби едноставно е трол
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Како прва и најосновна работа несакам мајка ми да се спомнува овде. Ама ко веќе праша да ти одговорам дека мојата мајка има шекерна болест, висок притисок и уште што не од нервози. Додека мене ми ја корнеа косата иако тогаш мајка ми не беше дома, беше во Скопје во болница. Другиот пат мојата мајка беше онесвестена и и течеше пена од устата и и се слоши а брат ми беше уште помал и плачеше. Сеедно не сум должна овде да објаснувам и да се правдам. Ама моето неможе во никој случај да се спореди со нејзиното. Од прва причина што јас бев модра по телото, не по лицето. Друга работа е тоа што јас никогаш не бев толку блиска со никого за да кажувам за тоа и да приметеа нешто лажев дека сум паднала оти бев помала 4/5 одделение. Иако сега се каам за тоа што не кажав. И на крај краишта кога веќе ја спомна мајка ми жена како жена што му може на толкав маж? Плус трпела и таа се и сешто само за да не ни се растури семејството, кога можела не бранела ама таа не смее да се нервира малку и треба за да се изнервира и да и се покачи шекерот и неможе на нози да стое. Така да тоа помина ден денес дома сме ОК можам да кажам вака гледано на се нема такви работи од причина што јас сум веќе поголема. Друга работа е што јас во ниту еден момент не напишав такво нешто овде на форумот. Се согласувам дека е анонимно и може да пише секој се и сешто ама јас не напишав и никогаш нема да напишам. Што јас имам ако ти го прочиташ мојот проблем и ми одговориш со некој коментар со кој на некој начин ми се потсмеваш? Ништо. Ако веќе сакам да разговарам со некого знам многу добри и фини феминки на кои со задоволство би им пишала во инбокс и сигурна сум дека тие нема вака да ми одговорат како ти со овој коментар. И ако си ти таа што е толку наивна и верува на секоја глупост што ќе ја прочита овде тоа е твој проблем. Девојчето да беше навистина толку истепано немаше да пишува овде. Ама очигледно е дека во последните 2/3 недели па и месец дена некој убаво не врти. Ние овде се расправаме караме совети на сите страни а тој некој ни се смее зад монитор оти и било досадно со другарка и. И ова се вика привлекување на внимание, ништо друго. И не дискутирам повеќе што сакате мислете ич не ми е гајле. И јас не оговарам никој, ниту пак обвинувам и осудувам само гледам реално ан работите. Таа ако навистина има ваков проблем сигурно дека прво на нас ќе помисли, мислете си така вие само. Да ги има секакви но прочитајте ги внимателно нејзините два коментари и ќе сфатите за што ви зборам. И не се карам ниту пак имам намера да се карам за некој кој 2 пати годишно ќе влезе на форумот ќе напише една глупости и околу тоа се прават проблеми.
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^ Еловес жал ми е ако сум ти оставила впечаток дека ти се потсмевам.
    Никогаш не би се потсмевала на туѓата несреќа, прво како човек, после како мајка, само ти го праша девојчето каде е мајка и во целиот случај и затоа те прашав каде е твојата мајка, не со намера да те навредам туку претпоставувам дека и мајката на девојката не смее да гукне исто како и твојата, односно се беспомошни во целата ситуација.

    Инаку мислам дека секоја жена која трпи ќотек за да го задржи семејството само прави противуслуга на децата, тие утре ќе си мислат дека е нормално да се трпи ќотек во случај да е женско а да дели ќотек ако е машко.

    Јас веднаш би го напуштила сопругот да крене рака на мене или пак на децата, тоа не е средина во која би сакала да ми растат децата.

    Поената на предходниот пост ми беше дека нема потреба од сфаќање на форумот толку сериозно, ако мислиш дека има фајде да советуваш пиши, ако не прескокни ја темата.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ве молам не се расправајте.
    Прочитајте и ги постовите на дотичната претепана, па заклучете сами колку таа е примерна за годините што ги има.
    Не се сложувам дека ќотекот излегол од рајот, за се треба да се разговара, ама едноставно луѓе сме ќе излезеш од сопствена кожа понекогаш.
    Ако проблемот со детето се провлекува низ години, а ти правиш се (без успех) за да го изведеш на вистински пат, тогаш подобро земи обеси се за да не ги гледаш неговите глупости или подржувај го во постапките, друго решение нема.
    Не знам дали постои родител кој што сака детето да му е пијаница, проститутка/проститут :lol: и бог да чува според мене најлошо од се наркоман.
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Без разлика дали е измислено ова или не, тепање од страна на родителите затоа што ќерката незнам, закаснала 1 саат, се опила, мириса на цигари и сл. постои. Доколку излезе од контрола со модрици и рани а не е само едно потчукнување пример во нервоза(кое не го оправдувам ама ајде може наредниот ден со разговор да се среди), треба да се пријави. Знам за случај каде откако го пријавија таткото не крена рака повеќе. Далеку од тоа дека стана идеален татко и сопруг, но очигледно го заплашиле добро во станица, плус видел дека неговите дома имаат храброст да се спротистават, па си ја повлече малку опашката. Советите дека сите ќе те разберат, па ќе те тепа уште повеќе, ќе дојдеш до дом и слично, немојте, зошто ги терате да трпат нешто што може да се среди? Ако е вистински монструм тогаш да, пријавувањето може само да го разгневи и да направи поголема глупост, но во поголем број случаи се работи за личност на која само некој треба да и го покаже местото оти се изживува на сметка на нечиј страв. За комшиите што ќе зборат ич не се секирајте, тие и така сигурно зборат како често од кај вас се слушаат викотници и цркотници. Три дена ќе е хит како дошла полиција и го привела и толку, ќе се заборави после.
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Далерон. И јас ги разгледав постовите на девојчето и пишувала за сексуални проблеми, за цигари дека пушела и уште што не. Сакав да пишам ама несакав да излезе дека се правам паметна и дека се знам. Тоа што и го направил татко и ако е вистина не е во ред, но се приметува дека и таа не е некоја мирна ќеркичка. И да е ова вистина којзнае уште што друго имала направено па до овој степен стигнало. Ако татко и нема проблеми со алхоколот или нешто друго не верувам дека за џабе би ја истепал.

    Бittersweet не ми е намерата овде да се расправам со вас. Се надевам дека уште долго ќе се дружиме и затоа несакам да имам никакви замерки или кавги со било која од вас. Но од километар се познава коа некој лаже. Во првиот пост вика ја немал тепано до сеа, во вториот вика неодамна ја тепал. Мило ми е ако успеам некому да помогнам тука но се вознемирувам кога гледам дека ние меѓусебе на кавга ја тераме што се вика поради некој член што ќе влезе на форумот а 2 пати годишно а ич нема да влезе.
    Ти би го напуштила сопругот но зависи од ситуацијата. Ако имаш убава плата да плаќаш станови, кирии, храна, сметки, ако децата ти се мали градинки и уште што не. А ако немаш? Како што беше ситуацијата на мајка ми. Неможше таа со две деца да се врати таму од кај што дошла оти вујко ми беше женет и тој со дете ама на 2 спрат а баба ми и дедо ми доле на први во 2 соби. Добро дете им е не заслужува никој да го малтретира ама кога немаш каде и како што ќе направиш. А платитте у Македонија знаеме какви се. Има луѓе кои земаат добра и убава плата ама има некои кои и со 6 илјади го поминуваат месецот. Е сега ти претпостави си како можеш да поминеш месец со 6 илјади. И јас немислам дека ќотекот е нормална работа. Животно не се тепа камоли човек ама некогаш никој не те праува што мислиш и како мислиш. Мојот татко е само со 4 одделение завршено повеќе не продолжил оти немало кој да оди по овците и е работник кој работи каде ќе најде. Што значи нема ниту осмо одделение завршено и неможе да најде работа никаде. Освен ете така да работи на некоја куќа со мајстори нешто градежно. Животот му бил тежок да но никогаш нема да го оправдам тоа што е алхоколичар оти незнае да се сноси со ниту еден проблем веднаш вика се дере и уште што не. Сеедно неможеме моето со на девојчето што го напишало постот да го споредиме. Да не должам многу оти ќе треба да ви пишувам а вие да читате од јутра до сутра јас си го кажав моето и не ми е намерата со никого да се расправам. И немојте да се зачудите ако по некое време ви пише дека и било досадно со другарка и. Сакам да помогнам секому ама не на ваков начин.
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Доста сите со тоа трол или не, како да се плашите да не бидете истролани, што ви можат вас? Сами себе си се лажат. Факт е дека тука се разви општа дискусија и секој има право да го искаже своето мислење. А дали е трол или не, нека се позанимаваат малце модераторите. Јас не сум се замарала никогаш да анализирам мислења на некоја членка или пак истите да ги копирам, како не тоа ќе правам. Си има модератори. Мое е само да коментирам, ако сакам да барам тролови ќе се пријавев за модератор.
     
    На butterfly4 и Daydream им се допаѓа ова.
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Не знам кој е во право а кој греши. Мислам дека во тинејџерските години не ги разбираме родителите баш најдобро. Тоа го сватив откако станав родител. Не оправдувам тепање дете од било која причина. Ете ќе проба и алкохол и цигара може да запали. И пијан тинејџер ќе ти дојде дома :) Па и ако пуши тоа на неговите 17-18 години си е негов избор. Јас можам само да објаснам дека не е во ред.
    Најважно е воспитувањето кое го има детето од мали нозе, а не она кое, со сила некои родители, се трудат да им го трупаат на тинејџерите. Родителите кои не успеале да ги воспитаат своите деца до нивната 16, воопшто нека не се обидуваат. Сестра ми има шетано по цел град подсината бидејќи се задружи со група наркомани. Татко ми ја опомена еднаш - два пати и третиот пат ја истепа. И што, таа требаше да го пријави? Сега се шегуваме на таа тема ама татко ми вика „ми чадеше главата тој период“. Така да ако било навистина без потреба тогаш не е во ред ама ако имало потреба еден ден можеби ќе му бидеш благодарна на родителот.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    kosmodiks може е трол, може не но има многу други кои не се тролови а се секојдневно тепани од родителите, тука се разви сосем солидна дискусија која утре може ќе им биде од помош на тие девојчиња и мислам дека темава не е за клуч.
     
    На Cka и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  11. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Тепање до толку никако. Родителот треба да знае да се контролира дури и кога удира, нема смисла тоа да се излегува така надвор од линија. И таа ја утнала работата, и татко и. Најдобро е да седнат да разговарат, како таа не треба да прави така, и како ако направи нешто лошо, татко и како зрела (се надевам) личност треба со умерена казна да сесправи со тоа.

    А за воспитна шлаканица - па ако не разбира од збор, прави две грешки - пр. продолжува да пие, и не ја почитува родителската наредба = непочит. Ако е потребно, може да се употреби, ако навистина не се разбира од збор.

    Малолетник не смее да пуши и пие. Е сега во секое семејство е различно. Браво за тие што браневте младост лудост, можам да ја замислам подршката на вашите за алкохолот. Јас пред 17тина години пиев само понекогаш некое пиво, или една чашка мартини и ништо повеке. Си одев дома во 5 наутро, само 5 пати во годината пиев, колку да не ме исмеваат и да наздравам за нова година. Цигара запалив прв пат на 19. Алкохолот и цигарите не се за деца и точка. Поздрав до феминката над мене што се дрогира и не се срами од тоа. (без навреда)