е де...јас на твое место идам дома се кријам под ќебе и плачам успат не искачам 5 години од дома извинете на сарказмот ама морав добро бре девојче 17 години имаш до сеа требаше колку толку да знаеш сама да се снајдеш у животов не е ни прв ни последен .......ако тој не сакал ќе си најдеш некој што ќе те сака и тти ќе го сакаш
Девојки бре, помагајте!!! Значи има еден дечко со којшто се запознавме пред еден месец, и тоа во теретана , значи секој ден се гледаме, ама вака пријателски... Прво почнавме така да си фрламе погледи, потоа ептен со друштво почнавме да се собираме, а мене никако да ми текне да се заинтересирам да се распрашам дали има девојка...Кога тој да имал Но поминав преку тоа, зашо зборувавме ептен нели „пријателски“ и ми откри дека оваа многу го замарала и што те знам таму...и си викам овој ке ја остави, ама не сакав да форсирам...И кога една вечер, оп падна глувчето во мои шепи Се смувавме уште еднаш и тоа насамо излезени, и као ми текнува одоколу да прашам, зошто така некако ладно се понаша, и он ми вели а што правиме ние уствари? Го прашав дали му смета, ми рече не, ако мене не ми сметало, и го прашав дали би значело дека ке остане со девојка му, ми кажа дека не сакал да ме повреди, но ниту не сакал со неа да остане, но ниту нова женска, но убаво напомена дека му било пријатно со мене.... И офффф....сега? ? ? !!!!
Ова е очигледно и многу јасно имаш две опции доколку сакаш само повремено да си излегуваш со него ,за таков изгледа и типот по реченицата што ја кажал (дека не сака ни да ја обнови старата ,а камоли да има нова врска ,со што индиректно укажува на тоа дека не сака нешто "посериозно" со тебе- уствари врска),а за тоа дека му било убаво ајде да не му биде убаво ,на кој не му било...... И втора опција доколку ти се допаѓа и мислиш дека сакаш да имаш нешто повеќе со него мислам дека тоа размислување треба да си го оставиш на страна ,зошто дечкото изгледа не сака да се врзе ,доста му било и од претходната па не сака и друга да има девојка ,и изиграва фраер јак сега хихихи Ти најдобро си знаеш сепак
Па да, само сакав некој да ми ја потврди реалноста, а не дека се лажев !Се мислев да пробам со онаа “топло-ладно“ техника, па ако не успее, а јас за тоа време сватам дека само надворешно ме привлекува, ке ги елиминирам сите опции.... Ти Благодарам во секој случај!
Добро ќе ми даде ли некој совет како да ме засака момче малку постаро од мене на кое сум му мила (верувам),но нема никакви знаци за допаѓање-мисли дека сум мала Како да ме засака ???
Искрено, конкретно не би знаел како да ти помогнам, со некој однапред испробан рецепт, зашто зависи за секој човек посебно . Tака што одговор од типот на „Направи вака, вака и вака за да те засака!“ нема да прочиташ од мене . Тоа зависи само од тебе. Едноставно пробај да дознаеш што и како сака дечкото, најди начин да му „влезеш“ под кожа... Комуницирај, покажувај му дека си заинтересирана за неговата комуникација со тебе, па и ете, делувај „позрело“, за некако да му го скренеш вниманието од ставот дека наводно си премала за него...
мој совет само биди тоа што си и секако со некои поразумни потези но не заборавај го детето во тебе едноставно понекогаш машките сакаат жена која размислува зрело но во душата е дете и да не му даваш до знаење дека си заљубена во него т.е некогаш да некогаш не да не знае и сам некогас прави се недостижна а некогаш биди директна . кога машкото не е сигурно во девојката повеќе се заљубува барем јас така мислам
Еве ти добитна комбинација : Биди си ти !!! Не се срами, опушти се....Направи му озбилен муабет, но истовремено, во умерена доза давај му по некој знак дека ти се допаѓа....Покажи му дека имаш добра смисла за хумор...Мислам дека нема дечко кој што може да одолее на добар хумор...Ремети го за нешто...Пример идете на билјард, ако го победиш, удри му ремет....Верувај обожаваме девојки кои што знаат да се забавуваат а да не е тоа во кафич и на подиум во диско....Незнам колку добро се знаете, али кажи му за твојте планови за во иднина....прашај го за неговите....почни нормален муабет, ако е на факултет нека ти каже за неговата струка, нека ти каже за неговите импресии од факултет сега за сега...Значи едноставно темите за разговор си доаѓаат сами по себе....Најважно од се тука што треба да запаметиш е да му покажеш дека знаеш да размислуваш како возрасна и дека имаш многу добра и голема смисла за хумор !!!! (пр. ако е плав, ремети го за тоа )
ете се сложувам со мистери правете нешто што тој не би ни помислил дека ќе го направи со тебе некоја машка работа на тоа нема да одолее и секогаш смешкај се али нежно наивно хехехе ајде гуд лак душичке
Ти благодарам многу навистина.Пробав се,но навистина не оди и со реагирање позрело и тој секогаш прв го почнува разговорот,но кога ќе почнам некоја тема на мој интерес го менува муабетот
Пробај да се претставиш во поинакво светло од тоа што е навикнат да те гледа. Значи дознај што би му се допаднало и направи некои корекции во тој дел во однос на изледот и однесувањето.
Е браво !! Немој да се менуваш. Биди си како што си !!! Ако знае да процени добро ќе те засака кава си ако не не ти ни треба. Побогу имаш само 17 години!!! Уживај во животот!!! Еџ сега јас да се вратам на 17 години!!!
Е браво !! Немој да се менуваш. Биди си како што си !!! Ако знае да процени добро ќе те засака кава си ако не не ти ни треба. Побогу имаш само 17 години!!! Уживај во животот!!! Еџ сега јас да се вратам на 17 години!!! :wasntm Хаха се однесувам со него многу опуштено правиме муабет на секакви теми.Не реков дека не му се допаѓа мојот изглед или однесувањето.Мислам дека ме цени според тоа.Но годините...
Би ти дала совет да не го испушташ момчето од раце.Веројатно многу се срами.А за овок случај потребно е твое залагање.Разговарај со него најискрено,а не преку други .Стискаме палци
Зарем постои рецепт како да те засака некој? Па луѓе бе, станува збор за ептен длабоки чувства кои не се командаат. Биди ти, не се менувај, биди привлечна и зрела, биди онаква на каква тој би паднал. Направи се во твоја можност да те мисли тебе и дека си доволно созреана во негови очи за да сте заедно. Ова ти е за стартни чувства до некаде, иако пак сум на тоа дека не постои правилен начин.
Биди своја , биди фина , биди паметна , биди лејди , биди машкуданска лејди ,докажи дека не зависиш од никого...
па кратка прикаска он е 2 години помал од мене и ептен сака фудбал имам физичко со него и незнам шо да правам за да ме засака бидејки ич не ме ферма ХЕЛП! и откај па ти знаеш дали има рецепт мош има ако некој знае нека ми пише
Направи му од овие вуду маѓиите или како беше тоа... право и свадба може да спремате! Се шегувам... -Види, неможеш никој да направиш да те засака, може само да го привлечеш физички а после тоа си останува на него. Само биде своја, културна, со доволно памет во глава и можеби тој ќе почуствува нешто за тебе и така ќе се збилижите.
Само немој да бидеш тоа што си ти. Тоа е најголема лага ( биди тоа што си ти) што некој некогаш ја кажал.