детето што го свиѓам е од мој клас и е многу срамежливо, не збори за сакање и такви работи, но нонстоп ми се смешка ми прави смешки, се погледнуваме и насмевнувааме... Mојот проблем е што не сакам да бидам нападна и здодевна и да му покажам дека ми се допаѓа на сладок начин, и секако во случај да не му се допаѓам да не излезам глупава, искористена и понижена... ако има ваква тема се извинувам пошо не можев да најдам Kако и да е ве молам за помош..благодарам однапред...
Kатерина,колку години имаш ти,и колку твојата симпатија?велиш дека детето е од твој клас,па можеш да бидеш опуштена и да му прозбориш прва,нешто што не ти е јасно тој да ти го објасни,или да му побараш некоја лектира,па дури и да повикаш повеќе другари од класот да учите заедно пред тест,писмена ,и секако повикај го и него .Tоа е првиот чекор,и потоа кога ќе се зближите сама процени дали е тип на кого можеш да му ги кажеш чувствата,или не .
и јас размислував многу за тоа ама веке не-дознав дека тој што ми се допага е заљубен-а речиси 100 % сум сигурна дека не е во мене-судбина шта кеш
Здраво! И јас сакам едно дете и во диско секогаш се гледаме ама само ќе се поздрави со мене и тоа е тоа, после само се погледнуваме ама ништо не се случува помеѓу нас. ја имам 18 а тој 20 што да правааааам? а и на фб се имаме допишувано и на телефон сме збореле
И го препуштам мојов профил на братучетка ми во овој случај, сака да праша нешто, а да не отвараме нов акаунт. Вака, ми се допаѓа еден дечко со кој се допишувам околу една година. Во разговорите повремено ми укажува дека му се допаѓам, но знае да се повлече, па пак ќе поткаже нешто, ама премногу е срамежлив и иако има 23 години, немал девојка до сега. Се договоривме да излеземе и се надевам дека ќе си се допаднеме и во живо. Но јас незнам да флертувам, незнам да покажам суптилно дека некој ми се допаќа или да се приближам. Сакам да прашам, ако сакам да иницирам нешто да се случи (мислам на мување или бакнеж), дали да му кажам директно или физички што да направам, да го допрам по рака...? Најсериозна сум, не сум мала, имам 24 години, ама до сега сум имала само една кратка врска и тоа секогаш тој иницираше се и немам искуство.
ми треба помош Ја знаат некои ситуацијата моја-на годишнина се вери со друга мојот бившти. Е сега проблемот е во тоа што немам излегувано со друг, 6 години, не знам ни муабет да направам,ни како да флертувам,ниту како што да зборам,нит како да се приближам некому.. Ми требаат совети,филмови,страници,искуства,ваши ,,фрази,, Се што мислите дека ќе ми помогне..А сеуште не можам да го преболам бившиот,а ми пишува секој ден,а се вери
Ајде и јас да си прашам. Во друштво сме 2 женски и 3 машки..со едниот од нив јас излегов меѓутоа бидејќи сум срамежлива незнам како да му покажам дека ми се допаѓа, со еден збор незнам како да му се пуштам. Не се гледаме секој ден туку поретко можеби еднаш неделно и тоа на кратко, но сакам некако да му покажам. Ќе ве замолам за некој совет или некој трик бидејќи не сум искусн
Уф, не знам како се прави тоа, едно знам ако му се слешкаш и ти се смешка ќе ве биде ... баш ме интересира како поинаку оваа работа остарев не научив на мажи како се пушта не не бива сите за тоа
Леле па мене срам ми е да го погледнам во очи, а не пак да му се насмевнам Другарка ми ми рече: „Не дека не знаеш туку се срамиш!“ Но настрана тоа што се срамам навистина незнам..затоа прашувам. А и другаров бајаги ми свиѓа може да се рече дека го засакав, но не си признавам
Штом веќе сте излегле насамо, ич не се секирај, значи и ти му се свиѓаш. Не мора нешто посебно да му нагласуваш дека ти се свиѓа, тој е свесен дека ти се свиѓа штом веќе си прифатила да излезете сами, може не сакал да биде нападен па одма да ти се пушти. Едноставно биди љубезна, однесувај се најнормално, не мора да ги форсираш работите, ќе си дојде се само по себе и тоа многу брзо.
Кога излеговме се смувавме, но тоа се случи само еднаш оттогаш сме биле насамо но не се смувавме значи остана само на еднаш. Е сега сакам да му дадам до знаење дека ми се свиѓа ама не знам како.
Zezas ti, stom si se smuvala sto Dr treba da se kaze? Smeskaj se I bidi dobra ako e dobar Toj ako ne batali go
Да добар е, но не сакам да остане само на тоа..затоа прашувам како може да му покажам дека ми се допаѓа, а да не излезе дека сум напорна..
па другарка ти нека префрле нешто шо ке му даде до знаење дека ти се допага.....а и ништо да не каже со твојто понашање со твојо срам да го погледнеш ке сване он....срекно
Како што кажа членката погоре смешкај му се Пиши му на фб лајкни му некоја објава А и немој толку многу да се срамеш опуштено само Можеби не помогнав многу, али тоа ми текна тоа напишав.
Мене кога некој ми се допаѓа тоа зрачи од мене колку и да сакам да го сокријам... Така да никогаш не сум имала проблем со тоа Се гледа од авион
моментално тој што го свиѓам се дружиме само и он мислам знае дека го свиѓам но само како другарка ме гледа...
оф мајко сакам двајца едниот од странство другиот оттука (од кај шо живеам) , не знам за кој да се одлучам едниот поќе време го знам другиот скоро ама редовно се гледаме. е сеа ко ќе го видам овој тукашниов само во друштво го гледам, и машко и тро поќе со женско (колку шо гледам), ама секогаш ко ќе ме види си ја мести косата. ама се дружи со мн женски нз. овој странецов го гледам само ко ќе појдам таму кај шо живеј, на одмор. нз шо друго да кажам за него. има поврзаност меѓу нас ДЕФИНИТИВНО и го немам видено со женско друштво ама таму шо прај како прај не знам. можеби е глупо вака шо прашвам други луѓе кои не ги интересира и можеби сум досадна ама шо мислите, вака општо? кој ме сака поќе, со кој како шо било шо кажете. машка гледана точка секако би била пожелна. позз