Здраво феминки ми треба ваша помош еден моите другари мој школски ме свига и ми го окажува тоа и некако има чуден однос и јас неможам да го разберам ме зафркава со некои работи но и мене ми се допага тој па како да го показжам тоа help me!!!!
Ми се свиѓа еден дечко повозрасен од мене нема инстаграм ниту фејсбук а и не живееме во исто место го гледам само на одмори зима лето итд.. По некои работи погледи поздрави мислам дека ме свиѓа ама со оглед на тоа што е повозрасен не можам точно да проценам можеби е само љубезен. Како да ја искористам на најубав начин следната прилика ако не друго да бидам на чисто со самата себе. Сите совети и мислења се добредојдени. ☺
Па биди малку поотворена со него, шегувај се, отворај теми на разговор кои сметаш дека би му биле занимливи. Сепак ти го познаваш, веројатно знаеш некои работи за него па според тоа размисли за што би можеле да разговарате. Доколку е заинтересиран за тебе тој ќе продолжи со почеста комуникација и верувај дека и самата ќе забележиш дали сака нешто со тебе. Ако сеуште немате разменето телефонски броеви можеш да ја наведеш ситуацијата да дојде и до тоа па може да почнете и да се слушате па да си договорите и некое излегување. Во случај да е заинтересиран за тебе би требало да се опушти па и тој ќе превземе нешто, нема се да остане на тебе. Можеби е срамежлив, така ми личи според однесувањето.
Со оглед на тоа дека не се гледате често , а сепак ти оставил впечаток преку погледи и поздрави , мора да има некоја хемија . Следен пат обиди се да почнеш разговор со него , најди заедничка тема. Ако е заинтересиран и он за тебе ќе почне почесто да комуницира со тебе , па може и да те викне на кафе. Сепак вреди да го направиш првиот чекор.
Не знам за хемија али логички малце колку повеке време поминуваат само со гледање мислам дека тој ке и прииди зато што така му дава директен знак дека треба да тргни кон незе да се запознаат, а штом тој дојди до тебе е тогаш не треба многу смо прашањето е кога ке се доближат премногу двете лица и тогаш настапува магија. И не чекај и оваа година така да ти помини.
@Zaljubena26 @_minnie @ELIDavor многу добри идеи верувајте ќе ги применам, ма ќе дадам се од себе и ќе ве известам за резултатите
A за бројот на мобилен едноставно можеш да му речиш, онака низ муабет: - ми текна нешто мислев денеска да ти покажам. и ке се чепниш во чантата демек го бараш и ке му речиш: дај звони ми неможам да го најдам или можеби ми е заборавен на една клупа на која седев пред ова. И така ти ке го имаш неговиот број, а тој ке сфати дека ти не си падната од Сатурн. P.S: Кој не сака снаодлива девојка.
Направи се што е во твоја моќ , сигурна сум дека ќе стигнеш до целта. Кога се сака се се може и обавезно пиши ни .