Јас пишав дека ова го направив повеќе за забава и ми се виде интересно и дека не очекувам премногу. Мош ќе ме мислите за ретард ама ништо не губам ако пробам
Незнам како ке излезе сликата ми кажаа да ја ставам на накој форум и викам овде има ваква тема ama ne izleva
Е ај баш да видиме шо ќе биде......Не верувам ногу ама ќе пробам...Ако не заборавам да ги извршувам ''наредбите''
Јас ова го имав пробано уште пред две години. И да ви ја скратам маката- не работи. Уште тогаш пишеше имаат останато уште толку и толку желби.. (демек во смисла се трошат, па побрзајте)
Ама ние очекуваме се она што сакаме од небо да ни падне,епа нема! Мора сами да се бориме да стигнеме до успехот и само со позитивни мисли,ако веруваме во тоа што го посакуваме,со сигурност ќе успееме.Затоа баталете вакви глупости,се однесуваме како недозреани дечишта. Може од забава да го правиме,но кој будала ќе стои пред огледало и ќе кажува желбата? хахаха.
Се е до психата, ако нешто сакаш многу и мислиш постојано на тоа ќе ти се оствари. Еве и една слика. Се надевам ќе помогне.
Ако сакаш нешто , треба упорност , борбеност , многу време , и прашање е дали ке може да се успее и покрај толкавав труд ! Психата нема врска ... Можеби има , да не се забега многу со психата ако не се оствари желбата
Не е тоа магично стапче, па ќе ми се исполни желбата. Ако било така лесно, немало да има толку несреќни, немажени / неженети, разведени, невработени и сл. Вербата е во самите нас, колку повеке самодоверба имаме и работиме на тоа желбите да ни се исполнат, така и ќе ни се исполнат. Нели велат дека потсвеста тука играла голема улога? Нешто што премногу го посакуваш, ќе ти се исполни. Единствено така, инаку нема нешто некоја направа која исполнува желби.
Секој има различно мислење и го почитувам твоето мислење. Точно дека треба упорност, борбеност и труд, ама според мене игра голема улога и психата.
Дефинитивно. јас незнам, во некои држави до каде одат луѓето (бидејки следам и странски форуми), во Бугарија конкренто, имале ритуали за исполнување на желби, па еднаш дури прочитав имале некој незнам они ги викаат Талисмани за исполнување на желби. Ако дејствуваат, браво за нив, но чисто се сомневам, се е бизнис и заработување на маката на луѓето.
Не се потребни никакви ритуали, како што кажа ти се е бизнис. Ако им се исполнуваат желбите на луѓето тоа е поради тоа што веруваат дека ќе им се остварат. Јас верувам дека се е до психата бидејќи човековата психа е чудо. Затоа луѓе секогаш размислувајте позитивно и верувајте во вас и вашите цели, не дозволувајте другите да ви кажуват дека неможете нешто бидејќи вие можете се што ќе замислите. „Никогаш не ограничувај се себеси поради ограничената имагинација на другите; никогаш не ограничувај ги другите поради твојата ограничена имагинација.“ If you can dream it, you can do it.
Маа штооо ви е бре луѓе?? Само молитва, бог помага за се. Само со силна вера се се може. Што се надевате на нешто безсмислено? Зошто си го тупате мозокот без потреба? Па имате разни молитви и за учење, за се. И секако дека ќе имате визии и такви глупости од ова е нешто надвор од црквата.А штом нештото не е дело на бог тогаш се знае на кого е, значи веднаш ве оттргнува од верата и од бога И немојте да бидете сигурни дека нема да сте во опасност (нормално е штом лутате ) да не зборувам на ова тема повеќе и самата си знам што ме снајде додека лутав по гледање на кафе. Но само со силна вера, молитва и помогна бог ме спаси (скроз бев отидена со паметот гледав духови низ собите по дома, слушав гласови ) Значи паѓаш во замка на ѓаволот штом луташ по други нешта кои се надвор од црквата. Едноставно не си со бог и немаш доволно верба во него дека ќе ти помогне, почнуваш да посегаш по вакви нешта исто како гатање, баење... Ии исто така не ми се свиѓа темава ако има можност предлагам во канта да оди!