1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kако се справувате со обврските во домот

Дискусија во 'Дом' започната од bibush, 31 јули 2013.

  1. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Здраво,

    Од неодамна започнавме да живееме сами со дечкото, и двајцата а особено јас се соочив со еден куп работа низ домот која нели по дифолт е "женска работа" (со што не се согласувам но изгледа дека ќе треба да се помирам со некои работи). Инаку работам, доаѓам дома во 4.30 и незнам кога да направам јадење, да измијам садови, да исперам, да изпеглам, да исчистам и слично, а кога да одморам, кога да спијам, кога да уживам во заедничкиот живот, а тек за обврските од постдипломски да не правам муабет.Од страна на дечкото имам минимална помош, иако сметам дека тоа не треба да е помош туку рамноправно работење низ дома, ама тоа тешко дека може да се добие од македонските мажи.
    Ме интересираат вашите искуства и совети.
    Поздрав
    Да дополнам, да не е премногу општо... Ме интересира дали на пример готвите од кога ќе дојдете од работа или можеби купувате готвени јадења, јадете нешто набрзински а нормален ручек само за викенди... дали сами чистите или имате помош од мама, свекрва или плаќате жена од време на време или редовно, дали можеби со тек на време сте се навикнале и увежбале па ги извршувате овие работи побрзо и полесно...
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    како се справувате со обврските во домот

    Koга не работам (како сега), со домашните обврски се справувам со цепкање на епизоди и мотивација (ај уште ова и после ќе си пијам кафе и ќе си ставам сладолед :D детска фора, ама кај мене уште пали ). И со планирање. Пример кујната ќе ја исчистам целосно сосе плочки, садови, мијалник и тн дури кога ќе престанам да ја користам.

    Кога сум на работа, навистина гледам колку што можам да не ја терам работата со јадење готова храна па макар ако треба да се потпрам на полесни рецепти и поедноставни јадења. Ако некој дел може уште од вечер да се подготви, супер, ако не никому ништо.

    Со чистење не знам колку ќе сум од помош, ова станче сега ни` е мало и одма се чисти со мој труд само. Прашина бришење и усисување секој ден и за викенд деталното чистење ми е уште полесно.
     
  3. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    како се справувате со обврските во домот

    Сега ти е тешко, ами замисли од сето тоа добави и едно бебенце ваше...ке се навикнеш, не се секирај.
    И мене ми беше тешко, мама ми готвеше, мама ми средуваше, али кога станав тинејџерка ме научи на се потребно што треба да знае една домакинка. Таа е многу чиста жена, никако не трпи дамки, трошки, прашина и несредени кревети и слично. Секогаш ми е кажувала средувај керко дома да ти е чисто како во хотел и никогаш не оставај работата за утре. Толку пати ми е го повторувала и ме научила како, шо пред да изчистам и средам на сабајле не седнувам да јадам. Маж ми шо вели -фурија си, так так се блеска... Епа шо да правам, сега и јас не трпам несредено како мама хаха...Читав некаде, дека ако сатот беше 27 сати а не 24 ке ни бидеше доволно (3 саати плус ако имавме) можно е...Али bibush ке се навикнеш на тоа секогаш да се брзаш и понекогаш да запоставувааш себе поради маж или работа или дај Боже дете ;) ...
    На работа сеа за сега не одам (со виза сум) али зафатеноста со детето е исто како на работа да си :D и во Скопје и во Охрид имаме кука, и се трудам колко што можам да ги вртам и двете... Дури чистам го замолувам маж ми да го гледа детето, това ми е доволна помошт, не сакам да ми се плетка тој во нозе и да ми кажува што да ти помогнам, по што јас како што можам да си изчистам, тој не може , нормално...маж е...редкост е тоа маж да чисти како што треба...
    Пред тоа сум одела на работа, али сум немала фамилија за гледанје, сега имам фамилија али на работа не одам ... па ке видиме како ке е после неколку месеци кога ке почнам работа...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    како се справувате со обврските во домот

    Лошо е што дечко ти не ти помага околу обрвските. Можеби така си е научен од дома, ама мораш малце по малце да го тераш да подработува и да сфати дека не се тие само женски работи и нормално дека ќе ти биде полесно.
    Јас не работам, па пак дечко ми ми помага и за чистење и за пазарње и скоро и да не прави разлика меѓу тоа што сите балканци се научиле ,,женски работи,,.
    Не ги разбирам таквите мажи демек дошле од работа па мора да се одморат и цела работа оставена на жената, а таа треба да прави ручек, да измие садови, да исчисти, а паразитот дреме и единствено што прави е ги крева нозете една по една, за одоздола да поминеш со правосмукалка или џогер. Мислам, стварно е глупаво и нечовечки. Кога веќе сте решиле да почнете заеднички живот, треба и обрските да ви бидат поделени, во спротивно колку и да работиш, не се постигнува се сама.
     
  5. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    како се справувате со обврските во домот

    Во моментот сум со сопруг со двегодишно дете, и одам на работа. Живееме сами.
    Ручек не правам ручаме кај свекрвата- што ми е од голема помош.
    Но некогаш стигнувам да средам и завршам голема работа а некогаш ништо...некогаш сум ко заулавена по чистота и не застанувам, цело време по земја лазам збирам трошки, бришам прсти од стакло, усисувам 2 пати на ден, ја гланцам кујната по 100 пати.
    И оддеднаш ми пука филм. Лежам и гледам-
    играчки на сите можни страни.
    Трошки по земјата,
    масата замачкана од сок и смоки
    трпезариската маса- врз неа се ( далинско од клима, клуцеви, наочари, книга, тетратка, весници од 4 дена последователно, чаша од сок, празно шише, крем, влажни марамици.....уште на попот шапката)
    И си лежам и си гледам и мува не ме лази. некако се искулирувам....
    Но не за долго, зашто уште еден ден ако ми трае кулирањето....ќе откачам од кулирање.
    Некогаш си имам стратегија, понеделник Веце, вторник спална, среда дневна (мада дневната секој ден се преберува и подзабришува), исто и кујна, четврток ходник и скали, петок дворот....
    Ама само ја имам стратегијата- ретко ја исполнувам, затоашто секогаш излегува нешто непланирано, а и не е се во одржувањето на домот. детето си го бара своето и игра и анимација и прошетка и дружба..,
    А и големото дете исто така си бара внимание.. :lol: за помошта од него имам објаснувано во соодветнта тема.
    башка пријатели и социјален живот...
    Совет- сработи што можеш да сработиш, ама направи си термин за пиење кафе, за цигара пауза, за друштво, за маж, за дечко, за дете...
    работите дома никогаш не завршуваат. За жена работа дома секогаш има...па макар и си ја измислила самата
     
    На bibush му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.224
    Допаѓања:
    124.272
    како се справувате со обврските во домот

    Еднаш со мајка ми бевме кај една нејзина пријателка.
    Седнавме во дневна, а имаше алишта наоолу, чисти, испеглани, ама не беа раскренати. Жената рече вака
    - Мене не ми е чисто по дома, ама чиста ми е душата. Немам време се да ми биде под конец, морам да и направам јадење на свекрвата, на работа сум по 10 саати, бев за снаата купував штоф за фустан, пријателата ми е болна, бев да и пуштам инјекција, еве маж ми сакаше чорба, па ај и за него една ставив, па до кај комшиката, не знаела шербет да направи и така секој ден. Ненам време чисто да ми биде, ако не ви е убаво, жал ми е.
    И не ми се верува колку беше во право жената. Ова секогаш ми е у глава - да ми е чиста душата, не куќата. АКо она сакала да средува се по дома, ни свервата ке вечерала, ни на мажот ке му угодела ни на пријателката - дека имала за чистење по дома.
    Затоа, јас не се замарам многу за чистење - гледам да е пристапен патот до веце и еднаш неделно да направам генералка - прашина, метење, тресење. За другото не се замарам.
    Иако ја слушам баба ми, бог да ја прости, во позадина - жена мора да биде чиста, прашинка да нема, монопол сум работела, и маж и две деца, и лозје и нива, и пак у 5 ке станам да метам у двор. Чиста да бидеш. :) Ама, малце потешко, бабо.
     
    На eliesaab и ines.h им се допаѓа ова.
  7. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    лесно им е на постариве жени, не оделе на работа се грижеле само за семејството и за домот. работата им било хигиената во домот, ручекот, децата, мажот. нормало ако си по цел ден дома се ке ти свети. јас многу сакам да ми е чисто, едно кафе денот пијам ама сакам тогаш да сум опуштена да не мислам на пајнците, на ручекот.... додека не одев наработа се беше ко под конец а сега се трудам да биди исто. играчките не ми сметаат бидејки е нормално дека со двегодишно дете ке има играчки насекаде, подобро да игра со количина отколку по цел ден на компјутер да гледа цртани. домашните обврски ги извршувам кога ке дојдам од работа и за викенд а ручек правам од вечер или ако е нешто што се прави набрзина кога ке дојдам од работа и секако мора да се има време за детето, мажот, пријателите па добро ми оди засега. не е сјајно ама е ок, а постариве нека велат што сакаат ние живееме во поинакво време :)
     
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Домашните обврски стануваат рутина, не дека е лесно, ама кога се има добра организација, се’ оди полесно.
     
    На eliesaab, Aleksandra9999, KuklickaMoja и 2 други им се допаѓа ова.