Мое искуство со две деца . Постариот воопшто не лазеше директ прооде.Некаде на 14 месеци мислам беше. И после породување почна да се глупира со лазење наназад А малово е пак контра. На одприлика 8 месеци почна со влечење војнички. Пред година почна да лази на сите 4. Сега дури на годинка почна да се исправа и да се пушта на кратко ама уште не е стабилен и сигурен. Ако види дека не може си седнува и си лази Индивидуално за сите
Стабилен е да. Дури и на дубакот од надвор се исправа и го бутка. И сака само за една рака надвор да го водиш. Ама не е сигурен за сам сеуште
Моето не лазеше. Се влечеше како змија, ама тоа не траеше долго. Брзо прооде потоа. Некаде на 13 месеци одеше, ама од време на време пак се влечеше.
Моето почна прво да лази војнички (траеше 2-3 недели ова), а после на 8 мес почна да се крева на сите 4. На 10 веќе прооде.
јас изгледа требаше овде да прашам за да предизвикам само што пишав утре дента се пушти, веќе два дена ја ровари цела куќа ептен се гледаше дека се мести
Неколку дена пред 8м почна да лази како моторче во газот да има. Воедно и почна сам да седи т.е сам се исправа на подот и седи. И одма ме бара со погледот да му направам браво
Моето на 7 месеци почна да лази војнички, на 8 и пол почна полека да се исправа на 4, на скоро 10 месеци почна самостојно да седи и истовремено почна да се исправа на ноџиња.
Moeto e 7 meseci se kreva so site 4 i znae da lazi dosega bese na krevet i koga ke zapaga dali so namera ili bez neli paga na meko , no neli treba da lazi na pod i jas celo vreme po nego se vlecam ostaj toa sto mi e naporno bukvalno go drzam za bluzicka preeska udri so glavceto vo podot i se iznaplaka a jas se prepotiv ... Vasi iskustva gi ostavate li sami da lazàat ???
Нормално дека сами. Обезбеди простор да не се повреди, стави подлоги каде што најчесто се движи и остави нека лази. Нормално е дека ќе паѓа, ама ќе научи да си ја пази главата после некое време. Кога ќе почне да оди, тогаш пак колку ќе паѓа.
Ама па ако научи само да оди без никаква помош и кога ќе биде спремно, ќе научи како да паѓа, најчесто на газе.
I nie sme 8 meseci polni ama ni lazenje ni interes za lazenje. Sedi stabilno I si potskokunuva so gazot I taka se dvizi. Znae da skoka silno I mnogu brzo koga e vozbudena,pa trcame po nea da ne se tresne na nos napred ( zasto 2 pati taka padna) Od denes pocnav vezbi od fizio aktiv studio,gi najdov na Instagram. Da probam da zastanuva na site 4,zasto uporno gi pusta nozete I ne ni probuva,samo ke ja vidis se ispravila ko zelka I ke se svrti nastrana ili na grb(ova retko). Me faka za raka,me trga da ja krevam da stoi na noze. Ne praktikuvam taka skoro nikogas, ama denes ja ostaviv da se drzi za granitura I gi trgnav raceve,stoese stablno bez nisanje I koga I stezna gazeto samo si sedna.
Исто скроз. Подава раце, ако и дозволиме за нашите раце се исправа скроз. Сака да стои, седи стабилно. Ако проба да фати играчка подалеку од неа знае и да падне на напред, на глава. Ретко се случува и да испружи раце и да се задржи на рацете. Е од лазење, абер нема, ни пак обиди. Нашиве ќе почнат директно со трчање.
И мојот прво го увежба кревањето на мебел и стоењето, па почна да лази некој ден пред 10ти месец. И за вашите има надеж Сега не можеш да го стигнеш, лета. Лазењето е многу битно, гледам по него колку поцврст и физички активен стана.
На 5 месеци почна на спална да "шета". Ги влечеше нозете према газот, го креваше газот и се буткаше напред. (валда добро објаснив). За 1 недела почна и на подлогата доле да го прави истото. После смени почна со раце да се влече. Сега 6++ веќе ја брка мачката низ цел салон. Уште не лази класично на 4, но го усоврши влечењето и е брз. Иначе стои и се клацка на 4 веќе подолго време и му е интересно па очекувам наскоро да укапира дека може да лази и така.