А од кога почнаа да се вртат од меше на страна или од грб на меше и сл.Ние сме 12 недели но нема баш желба за активности.Главата сама ја држи и се крева од перница но кога ја ставам на меше си легнува на обравче и си кјути
Искрено, прв пат сама на меше се заврте кога и падна папочето. Како успеа и што направи, поим немам. Од две недели спие на страна, нема шанси да ја наместиш некако. Асално да се врти, онака со залет од меше на грб и од грб на меше, околу третиот месец.
Каиши за проодување на бебиња Колку и да се олеснителна работа нема шанси такво да купам, како кученце да шетам. Два месеци горе долу се издржува, ама кои го користат не ми смета, ете јас не можам.
Ние имаме округло со играчки закашени на него и му висат и си ги докачува ама лежи на грб, кога ќе го ставам на стомак претка претка и ќе се измори и ќе си легне со главата настрана па пак и така. А како ги ставате вие на под? На стомак или?
ic da ne se sekiras malo e uste...sin mi do 7 meseci ne sakase da lezi voopsto na mese...placese ako go stavev taka...niti se prevrtuvase do taa vozrast...pa koga pocna od 7,5 i da se isprava i da se prevrtuva ...se naednas...od 9 pocna da lazi ...i eve go na 13 meseci proode ...se sam..niti patkanje niti nisto...sam se potpirase po predmetite i taka se osamostoi...sekoe dete e razlicno i individualno se razviva...ne sporeduvaj so nicie dete
Точно така секое дете е приказна само за себе. Еве син ми на 8 месеци почна да лази а седна на 8 ипол и на 9 месеци почна да стои.
Што нема да слушне човек, каиш за проодување? Небаре децата се кукли, кои можеш да ги управуваш со каиш. Сета таа процедуда околу проодувањето, сета таа нестабилност на децата па и пагање на газето си има свој удел во зацврстување, на мускулите и коските. За пари ќе измислат и машина во форма на дигалка за која ќе го закачиш детето а родителот ќе ја вози. Мислам, сите ние сме растеле стани-падни и глупо е воопшто да се помислува да се купува каиши, за проодување, или справи за лазење. Индустријава само за да заработи ќе измисли се, а младиве мајки грижејки се за своите деца ќе го дадат и последниот денар само за да ги заштитат, а всушност им прават само лоша услуга. Имам впечаток дека некои родители да можат и во стаклено ѕвоно би ги чувале своите деца. Инаку јас сум проодела на 10 месеци.
Исправете ме ако грешам, но Штрумфета тие каиши за проодување се за да се олесни на родителите, затоа што не можеш да го оставиш детето само да оди на улица додека не е стабилно, а многу луѓе имаат проблеми со кичмата и не можат да бидат наведнати цело време. Децата се премногу активни и многу трчкаат, значи многу часови треба да бидеш наведната и да го држиш за раче, особено ако си сама и немаш помош. Тоа не значи дека им правиш лоша услуга на децата (иако малце ми е смешно зошто кутричките се како кученца во нив), но подобро е така отколку да го остават само да паѓа и да се повредува. Нормално, за дома нема да го носите каишот, ќе направиш да му е безбедно од сите страни и да падне да не е страшно
Струмфета, мене не ме мрзи да ја паткам ќерка ми. Прво, не сака да слушне да и се зафатени разете, сака да држи играчки. Секогаш, без исклучок. Второ, од паѓање не се плашам, цела е модрици и баш ми е гајле, така растат деца-буквално. Трето, и да сакаше да патка, јас сум пред операција за дискус хернија на три, и дискус патија на два пршлени, на лето ќе ми биде извршена. И да сакам да издржам паткање, болката ме легнува и се плашам да не го дословце згмечам детето. Може маж ти ќе речеш! Да може, освен што е преку два метра висок, а она е 75 цм. И здрав човек ќе се свитка. Четврто, смешни ми се до немајкаде, ама ич не ми е смешно кога паѓа прао на глава на плочки од што не сака да ја држам за раче, кога ме боцка брза помош со тродон затоа што сум кочена до степен да не можам да земам воздух, и слично. Стаклено ѕвоно не видела, и да сакам немам време и средства. Пред да нападнеш и напишеш се и свашта, препрашај! Ако не ти е јасно, ќе ти објасниме.
Се сложувам дека изгледа како кученце да шеткаш, но се многу практични. И тоа што измислуваат се нешто ново е да се олеснат работите. Кој сака нека си ги користи благодетите од новото време, а кој не сака може да се врати и на крпите од порано, не мора да користи ни еднократни пелени. Секој има право на коментар и секако - право на избор.
Жално е колку сме себични, и само гледаме нам да си олесниме, без да помислиме на тоа мало суштество. Мислите дека е многу подобро да го врзете за каиши, и да го прикачите за себе е подобро отколку да го фатите за рачинњата и да се движи само? Мислите дека тоа дигање на рачињата нема своја функција, него е туку така измислено? Не се сложувам дека е подобро да има играчка која ќе му го одзема вниманието додека се обидува да прооди, туку напротив, детето треба да се сконцентрира на работите пред него, и да им се радува на работите кои се далеку, кои ќе го мотивираат да се движи. Обично во тој период играчката се става подалеку како мотив за да ја достигне, а не да му се даде во раце. Ах, мајки, мајки ќе се караме, јас ли да ве учимам како функционираат работи кои треба вие да ги знаете. И, вашите мајки ги болела кичм, па не сте прооделе со каиши, и не сте лазеле со специјални работи кои секојдневно се измислуваат, па на специјални чаршави, демек бактерии имало....... Туку сте лазеле по тепик, дигајки го главчето кое ви го влече гравитацијата, а оние повозрасните и по земја. Па што им фали? Ништо. А, сега демек било многу битно секогаш детето да држело играчка, која патем речено е полна со хемиски отрови. Во ред е секогаш да се најде оправдување за сопствениот егоиза, но не ме убедувајте дека тоа е подобро за вашето дете. Ништо неможе да ја замени радоста кога детето ќе изоди 5 метри само, со сета нестабилности возбуда на децкото лице, и она кога истото ќе го направи со фиксирани каиши кои го претвараат во фиксирана кукла.
Дали си ти сериозна или се зафркаваш? Или си премногу млада и пишуваш за работи што не ги разбираш или имаш некој друг проблем... Што мешаш па уште играчки и каиши... Очигледно не си мајка, но си била ли покрај мало дете барем еден ден да видиш што значи грижа за дете??? Па кого ли ти уште ќе караш???
Само да знаеш дека понездраво е детето да патка со рацете кренати. Ако можеш ти пробај да одиш така па да видиме колку ќе издржиш. Велиш дека таа положба на држење на телото е правилна?
Како ги замислуваш ти уопште тие каиши?Пошто те читам биле децата фиксирани ,врзани?Прво не се користат за дома.Нивната намена е за надвор.Второ како може да биде поздраво пагањето на глава од НЕПАГЈАЊЕТО?И не се труди да не учиш на ништо ,доволно сме возрасни за самостојни одлуки.И дубакот е штетен,и релаксаторот и кенгурот ништо не е наполно здраво и сигурно па дури ни памперсите(кој знае од што се ги прават).По тебе треба да останеме заглавени во времето на баба ти?Не фала.Осудиме но јас ги користам благодетите на 21 век со одобрување на педијатар.Ти слободно можеш и на извор алишта да переш рачно да не случајно добиеш алергија од прашакот кој патем исто ретко го користеле во времето на баба.
Син ми почна да лази на 6 месеци. На 7 веќе се исправаше на малечкото масиче во дневната соба. Талент невиден беше. Сега гледам снимки од тој период и не можам да си поверувам. На 7,5 месеци стои исправен и со газето игра на музика. Млеко пиеше сам. Се вртеше во креветчето со главата надоле а со нозете нагоре. На 8 месеци го седнував сам на кревет и никогаш не ми се превртел. Прооде на годинка и три месеци. Немав потреба од паткање или каиши бидејќи сам се снаоѓаше во просторот. Или лазеше или одеше исправен држејќи се за нешто. Не паѓаше и беше многу внимателен. Не се ни сеќавам дека паднал. Секогаш кога ќе осетеше несигурност прво ги пушташе рачињата. Ќерка ми па сега ја гледам, тотална спротивност. Трупче...Дури сега (8месеци) почна да седнува сама и тоа воопшто не е стабилна. Се уште паѓа настрана. Нема абер да ја пушти раката за да не се удри. Паѓа како топка и право на нос. Од лазење, абер немаме. Ни напред, ни назад. Не може газот да го помрдне ама госпоѓицата бара да патка. Нозете не ја држат ама ќе се патка или спас се нема. Ако малку ја попуштиш се крши како кокиче на ветер. Воопшто не е стабилна. Си се фрла од мене на земја и се чини Супермен е. Со ова дете се ми се чини ќе видиме мака. Сите различно, само нека се живи и здрави а мама е тука да се погрижи за се, најдобро што знае и умее.
Така е. Кај мене син ми беше како ќерка ти ама прооде на година точно. За ќерка ми ќе видиме, демек седи сама ама ако здогледа некоја играчка понастрана пружа рачиња и се тегне и нормално паѓа
@Strumfeta17 , Срц, ај... Прочитај едно 30-40 пати што напишавме сите ни е погоре, па после едно 40404940303 пати што ти напиша. Глупости невидени, се надевам дека тролаш на темава, дека не си сериозна, затоа што ме фркна глава од толку вреѓање упатено на моја адреса. Полека цуро, ти посакувам да ми ја немаш болката, па и понатаму да мислиш така. Друго не ти се правдам, пошто сум права. Фала, пријатно!
Да, Јагода. Ама кај нас син ми прво прооде па почна да лази, а ќерка ми некако нема абер за лазење уште, ама па не ја ни оставам да почне да се учи.