Барем овој период додека лазат после к си одат ке мијат рац сами ,сега ги стват одма рацете у уста затоа ми е,не се навредувам во никој случај чисто дискутираме како мајки
Немој така, какви други чорапи. Лошо правиш. Верувај и после ќе биде исто. Ќе трча и чепка надвор и ќе јаде. Дур е мало можеш да го контролираш, кога ќе биде поголемо ич. Зар во градинка и школо ќе знаш колку пати раце мие.
Кај нас почна со лазење на 8-9 месеци некаде и никогаш ништо не сум постилала,ниту пак сум миела нон стоп раце,ако го научиш на толку хигиена после ќе си имаш мака,како ќе стекне имунитет.Во право е Ирена утре во градинка да не мислеш на секое ќе му ги мијат рацете,јас дур се свртам некогаш ја гледам она си лапнала нешто од земја што и паднало,раце миеме после секое идење од градинка,надвор или ако е измацана,ни цуцла сум стерилизирала освен кога беше бебе,инаку со жешка вода мијам и толку,па е еве ја здрава
Sto postilate na zemja za da lazat bebushkite? Ne mi e prasanjeto vo vrska so higienata, a zaradi toa sto moeto dodeka uci da lazi mnogu cesto se prevrtuva i paga na glavceto? Mm mi veli da ne se sekiram toj pad ne e od visoko, no sepak da ne si povredi glavceto. Koga postilam od onie kako gumeni kocki za na zemja, vednas zapocnuva da gi grizi, da gii jadi, i na toa se koncentrira, posle postelav od onie gumenite kako musama kilimcinja, eve kako na slikata, no pak koga ke padne na glavce se udira . Opasno li e toa paganje od nisko, taka li ucat da lazat padni-stani, prevrtuvajki se , site li se taka, ima li potreba da se sekiram?
Со коцките иста мака и не постилам ништо. Инаку удар во теме не е баш безопасен, нема врска што е од ниско, па јас обично зад неа дремам.
Јас бев дома без теписи, најубаво ми е така за хигиена, но кога почна да лази ставив во дневна два големи од крај до крај на собата. Така учат со падни стани тоа е. Но мене ми беше и ради лизгање кога почна да проодува. И сега ми е така, да пораснат децава ке ги тргнам теписите. И јас прво пробав со гумените коцки, ама само ги расфрлаше и ги гризеше, па ми беше страв да не скине парче и ги тргнав.
Ништо не ставам, кај што е послано, послано е, другото е ламинат. Паднал неколкупати, ама фала Богу ништо страшно. Цело време сме пред него, зад него за да не се повреди, оти навистина нема осет, знае и со главата во ѕид да оди ненамерно, од што не знае дека може да се удри. Ама па како ќе научи да паѓа. Мене повеќе страв ме фаќа што се крева со рацете нагоре застанат на колениците, па се фрла на земја како да плива.
Почна и моево да лази на 9м ама уште не нормално кај мене е пархет па се мислам да не му е тврдо на кокенцата па затоа не се пушта туку се влече Изгледа ќе треба да постилам теписи
Па не може одма да почне да лази по пропис, ќе се влече малку на почеток, како ќе станува постабилно и посигурно во движењето, ќе престане да се влече, нема да можеш да го стигнеш
Да ја активираме малку темава. Мајки на 8 м дали вашите бебиња лазат или лазеја? Јас моево го оставам на меше на под на кревет ама не сака да биди на меше подолго од 2-3 мин, одма почнува да плачи. Па си велам како ќе се научи да лази кога не сака воопшто на меше?
Мојот пролазе на 11 месеци. Јас мислев нема да лази ама сега не можам да го стигнам Значи не е правило кога ќе пролазат и дали, ако им дојде ќе лазат ако не директно ќе почнат да одат
Мојата лази наназад. Се труди и нанапред ама неможи и се нервира и плачи. Инаку има деца воопшто не пролазуваат дирек проодуваат или паткаат.
Кога ќе му биде интересно самиот да се врти од грб на стомак и обратно. Не треба ти да го ставаш на стомак за да пролази, туку кога е на земја/тврда подлога самиот да биде активен и да дојде до позиција за лазење, со тоа што прво наназад ќе почне, а после и нанапред.
Првото на 10,5 месеци прооде(протрча) без предходно да лази , а второто на 6 месеци почна да лази и прооде на 10,5 месеци
Мојот син почна да лази на 7.5 месеци, од 5-6 месеци го ставав на рамна подлога на под.... на 14 месеци прооде стабилно сам,не користевме дубак