6+++ Ги свиткува двете колена, крева газ, прави напред назад неколку пати, мислиш циља, она уствари замав зима и на крај се фрла на напред со глава и тело Знае и да се влече во даден правец, ама ова со фрлањето и е почесто
На 7м почна војнички да лази. Понекогаш се крева на коленици и лакти и се клати напред назад во место.
Стои со тоа што го држам јас не самостојно да стои и пробувам да го паткам ама не прави чекори јас му ги туркам нозете
Na 7 meseci pocna da lazi a sega so 8++ veke stoi na noze cvrsto i sam se iskacuva na masata na krevetot...
Не го форсирај, има време рано е уште. Син ми не лазеше, прооде на 11 ипол месеци, почна да лази откако прооде. Нема правило. Дали користите дубак? Прашувам затоа што јас имав негативно искуство од него, откако го прекинав повеќе почна да се движи. Оставај го на под, сам ќе почне се да прави
Не користев дубак до пред 5 дена првпат го ставив, се плаши воопшто несака са седи во него не го ни ставам да не го силам, а он си лежи на меше ама само ротира лево десно и нервозен е многу пишти вришти никако да му се погоди само во раце му е најдобро
Ама не се патка бебе остави го на под само се ќе си почне да си прави. Моето е 10м веќе прави чекори се држи уште секако. Вака некако одат фазите: Од лежење седнуваат па се фаќаат да се исправат. Откако самостојно ќе се исправи почнува да скока во место, потоа да се движи во лева или десна насока, потоа само со едно раче се движи према напред како за проодување прават чекорче две држејќи се и седнуваат на газе. Откако ќе усовршат баланс да стојат без да паднат стануваат од под без поддршка и одат. Син ми никогаш не е паткан, немал дубак, немал проодувалки ако сакаш да си ја сочуваш кичмата батали паткање. Ако скокнете фази му го скратуваш учењето и вежбањето на мускулите
Во право си за напишаното, 8+ е и го оставам на под да, но не лази се мачи и само мрмља па ќе почне да плаче дур не го земам. Сите деца различни се, не го форсирам но во дубак го ставам повремено не постојано колку е да е свесен дека може самостојно да циркулира да не е зависен скроз од мене
Моето лази влечечки (војнички), се влече со рацете, а се турка само со едната нога. Вака почна на 8 месеци. Претходно долг период се вртеше околу својата оска 360 степени или се тркалаше меше-грб за да стигне некаде. Пред 3 дена направи 10 месеци. Уште лази војнички. Има цел месец постојано застанува на колена и на раце (во позиција за правилно лазење) ама само се клати напред-назад и на крај ќе се лизне на меше. Не знае сама да седне. Ако ја седнам си седи стабилно, и да ја туркам не паѓа, цврста е, од раѓање ја ставам на меше и од 5 месеци 24/7 е на меше, не сака на грб ни секунда, плаче ако ја свртам (едвај менуваме пелена, за облекување научив да ја облекувам мешечки ). Друго, не сака да стои на нозе држејќи се за кауч, масичка, а може, ако ја ставам ќе стои и ќе се држи, ама го стиска каучот со рачињата, сите мускули и се стегнати и плаче, се плаши. Исто не сака да патка, да ја скокам во скут, туку ги крева нозете под прав агол со телото и се мести да ја седнам. Сака да се искачува на пониски нешта, пример планинари по мене кога седам до неа и така успева да се намести да ја држам в раце или се качува на полицата под масичката за да излезе од другата страна. Ме плаши тоа што не седнува сама. Да седнува можеби би вежбала исправање, вака од на меше не може да го стигне ни каучот, ни масичката. Јас божем ја мотивирам, и' ставам играчки на работ од каучот за да се посегне по нив, ама таа само пружа рака кон нив дури лежи на меше и толку. Кажете некој совет што да правам.
Лази војнички од 5 ипол месеци негде, а сега 6++ почна да се крева на дланки и колена ама не му работу кликерот што треба да прави со рацете и нозете па ко ќе се исправи така скока нанапред ко жаба и многу е смешен.
Мојата е 1 година и уште лазе војнички, не знае поинаку, а веќе се исправа. Од положба на меше направе шпага и си седне. Многу е еластична, кога леже ги рашире нозете вака, не ѝ се во вис туку на креветот лежат. Ептен е смешна
Ние сме 6+++ и сеуште не сака на меше, не се врти ич како на почетокот .. незнам дали има простор за паника
Значи малата е само за на гимнастика . Нека се живи и здрави и да растат големи . Секое дете со свој развој, ама времето поминато на меше е многу битно за развојот од повеќе аспекти, така да мора да откриеш начин кој му одговара на бебуш. Ако нејќе на под, оставај го на кревет или на тебе.