Дали имате пробано од производите на оваа фирма ... И што мислите за нив ??? Не се високи цените ама квалитетот каков е ?
Јас ова руменило си го земав,повеќе како бронзер е и мене многу ми се допадна а и не е скапо.Сега сакам да си земам од оваа фирма и сјајче за уста убаво ми згледаа и маскара.
Јас мислам дека сеа се по поголемиве парфимериии... Има многу убави пудри онака лесни се до 260 ден се сите,...
Прекрасни шминки..Јас уште пред 3-4 недели купив неколку производи и сум презадоволна, најпрво од квалитетот, изборот, а и од цената(ептен е пристапна за сите...) :up: :up: :up:
а покриваат или се како крем за лице...добро не барам да биде како маска...ама (црвенило, акничка, пеги) се задскриваат
Ко шо ми кажуваше другарками викаше дека биле убави лесни ... Не се сеа чиста вода а и не се она многу да скријат .. Али со течна и камена пудра супер ке е ))))))
Маскара и сенки задоволна сум од нив како и едно сјајче безбојно за волумен, имам купено и Simmer Powder од него не сум задоволна.
Воопшто не сум задоволна од оваа козметика. Си купив една многу убава темно плава сенка си се израдував на тестер се супер одам дома кога шо ќе видам сенката сува треба 100 пати да стаиш за се размачка сегде подеднакво. После некое време си викам ај да пробам уште еднаш може сега ќе ми се посреки и си купив течна пудра и пак истата приказна на тастерот е едно а дома буквално водичка обоена срамота да кажеш дека е пудра тоа. Среќа што не е скапа козметика па ќе ги прежалиш парите.
немам ништо користено од оваа козметика но планирам да си купам некоја сенка има убави боички п.с. има од оваа козметика во космо или?
Па задоволна сум од тие неколку производи кои ги имам јас. Имам едно куатро со 4 сенки, неутрално со крем и кафени нијанси Пигментирано и добро се blend-ираат боите. Исто задоволна сум и од сјајчето за волумен Јас го имам портокаловото иако кога ќе се нанесе нема боја. Имам и два бронзера, еден мат и еден со светки, и за двата имам само пофални зборови, иако повеќе ми се допаѓа тој без светки. Имам само еден лак, многу е убава бојата (сина) ама кога го отстранувам катастрофа it stains my nails и не се вади Ама ќе купам и други боички, може не се сите исти. А да, го имам и тоа top coat-тот за мат изглед и многу ми се допаѓа Се на се, за тие пари супер производи
essence Ова е нова фирма на козметика од Германија.Главно се задржани на козметика за лице. Имаат голем избор на бои. Дали сте ги користеле и како сте задоволни од овие шминки? Јас имам купено маскара, сенки, молив, сјаеви и лакови за нокти
Денес бев и немаше сјај за волумен , како така ? Инаку го пробала некоја сјајот што менува бои , од посветла во потемна ?
Не сум.Имам користено лакови за нокти и пудра за лице но пудрата не ми покрива,а лаковите одма ми се лупеа.
Па козметика малку подобра од Мис Спорти, слични со цена, е за квалитет мислам дека е за нијанса подобра Есенс. Исто на рамниште со цени со Голден Росе, коишто за мене се далеку подобро од овие 2 фирми, всушност се понискобуџетни компании, квалитет голем не пружат реално. Инаку имам маскара од Есенсе, ми стои дома ако сакате ќе ви ја поклонам, крш невиден, покатастрофална маскара не сум имала, оние маскари од пазар се Диор за Есенс Ама затоа лаковите им се супер, имам неколку и стварно можам да кажам дека се супер за цената од 80 до 150 денари тука некаде зависи нијанса. И имаат многу избор.