И јас го барав овој бронзер, но го немаше и наместо него зедов мат бронзер за плавуши од колекцијата sun club и сум презадоволна. Чини 270 денари, има преубав мирис на кокос и ептен е добар за контурирање на лицето. Има и малку потемен за бринети. Мислам дека помалите се по 220 денари.
Од Ессенс не сум користела многу производи. Знам дека пред едно 5 години од Будимпешта купив едно лакче и ми е единствено преживеано лакче од тоа време. Значи алал му вера течно е ко и првиот ден кога е купено За кармин го имам пробано само овој и искрено има убави нијанси ама многу брзо се суши и устата и имам чувство ко пудра да сум ставила. И исто така, имам коректор и сум задоволна. Ок е.
Си ја купив вчера оваа, 255 ден и сум ептен задоволна! Иначе имам чувтсвителна кожа со по некоја бубуљичка и мн светол тен, 2ката ми се погоди. И Clear & matt е добра, али не е за во зима баш. Soft touch mousse е добра за покривање подочњаци, флеки и акни, а Stay all day 16+ некако не ми се погодија боите Си го купив и сјајчево(3тото), ми се свиѓа мн бојата, а за траење онака, ништо посебно. Бронзерот Sun club го користам посветлиот и е ок, али посебно задоволна сум од quattro сенките за очи, гел тушот за очи со четкичка (четкичката си ја користам и за веѓите) и Lash mania маскарата што ја обожавам! Моливчето за очи i love rock е солидно и многу црни, али во лето мислам дека би се размачкало. Се на се многу сум задоволна и од цената и од квалитетот, ми фали уште да си купам еден руж што го меркам и да ја завршам колекцијата
Со пудрите не би ризикувала, ама сјајчињата се фантастични, лаковите за нокти имаат убава боја и долго траат, ацетонот за зацвртување е преубав (никогаш до сега сум немала цврсти нокти), марамчињата за вадење шминка се одлични, подлогата за сенка навистина трае, тонер (2 во 1 тонер & пудра) е нешто што навистина одговара на сите типови кожа. Цените се ниски, можеш да пробаш различни производи нема да жалиш
Јас го купувам по втор пат мене преубав ми е а и плус многу добро оди со течна пудра а и без неа така да од мене имас едно големо да 149 ден е
Јас вчера си го купив парфемот на есенс Vampire's love и можам да кажам дека тоа е едно од НАЈУБАВИТЕ парфеми што сум ги мириснала. Трае многу, јас само на раката шприцнав а цел ден ми траеше. Околу 470 ден го купив и ми рекоа дека немале многу на залиха. Има некој сладок мирис Иначе имам карминчиња светло розев и темно розев,многу се убави и преубаво светкаат , исто така и лакчињата. АМА ЗА ПАРФЕМОТ НЕМАМ ЗБОРОВИ!!!
Bчера се изнакупив работи од Eсенс,прво морам да ја пофалам оваа четкава за руменило,одлична е и е преефтина.... Oваа не ја имам уште пробано,но ја земав зашто беше ефтина Oдличен е коректоров.. Mе интересира дали некој ја има пробано оваа маскара 2 во 1 мислам е?
Од каде ги зема? Инаку да, премногу сум задоволна од козметиката на Есенс, имам информации и дека во Канада, земја со најстроги критериуми за квалитет на производ каде што многу тешко се влегува на пазарот без претходно одобрение, се продава и е многу барана. Ги имам лаковите, козметика за лице, тело и раце. Презадоволна сум. Туку што видов и дека имаат четки а со оглед на тоа што немам убави четки ми изгледаат како вистински избор за мене.
Имам пробано неколку сјајчиња , убави се и не беа воопшто скапи. Spoiler . Коректорот, кој не е лош Spoiler Гелот за миење лице, не ми е нешто посебно. Не ми се изгубија мозолчињата, единствено нешто што ми прави е што ми го чисти лицето од гнасотијата. После миење се познава дека ми е чисто лицето и ми има убава боја Spoiler Убави се и лаковите, имаат прекрасни бои. Маскарата воопшто не ми се погоди, веднаш ми се исуши Spoiler Преубав е тој парфем . Секогаш кога одев во прафимерија си се прскав со него од тестерите
Јас ја имам пробано маскарата, и мене ми е супер. Има голема разлика со двете четки. Ги прави поотворени очите