Женски,сенкиве Stay All Day дали ги има кај нас? Мислам дека ги нема,барем ја ги немам сретнато,али да прашам за да се осигурам
Да ги има јас пред некој ден во Еликсир во Веро ги потфатив, не обрнав внимание на цената но мислам не се скапи, ја отворив зелената има преубава боја и така некоја фина текстура. А јас пак ги чекам овие да пристигнат
Девојки би сакакала да ве прасам, денес во едно наше модно списание прочитав дека крем руменилото на есенс е многу убаво и е многу ефтино за само 209 денари, па би сакала да ве прашам дали знаете во кои продавници може да се најде и дали некоја од вас го пробала па може искуство да сподели?
Јас ова го видво во Еликсир и го пробав од тестер ептен е кремасто, баш како суфле ги добиле сите бои ставив на ракта доста траеше но мене нешто боите не ми се допаднаа, види може тебе ќе ти одговара, инаку е 200 и нешто денари повеќе нема шанси да е!
Девојки, како сте задоволни од сенките на Есенс? Ги меркам само и планирам да си купам, а до сега ги немам користено. Ме интересира само дали се трајни, цената и не ми е толку битна,мислам дека се ептен приступачни и исплатливи, или се лажам?
Се што имам козметика (скоро се) ми е од есенс. Искрено сум презадоволна од нив. не се мн скапи, цените им се прикладни па може секој да си дозволи да има дел од нивните производи
Добар дел од заштедата оставив во парфимерија по козметикава. Ама речиси сѐ ми се погоди, така да - вреди. Инаку, ме интересира како го нанесувате овој коректор, со каква четка? И ако некоја користи камена пудра од оваа козметика нека каже два-три збора, ефтини се и ми фатија око, башка имаа светли нијанси, па да знам дали да земам (додека имам уште пари).
Уф, мене малце шубе ми е со прсти, затоа ме интересира дали има некаква си четка погодна за да го нанесам тоа чудово. Ич не се разбирам во четки, единствено ги разликувам таа големата за руменило и тоа апликаторчето за сенка, тапа сум. И исто, ме интересира како сте задоволни од базата за сенка, јас ја купив иако ми беше (и уште ми е) сомнителна дали ќе ја држи сенката цел ден/ цела вечер, ќе ја тестирам после, ама ако некоја веќе имала искуство, нека сподели, нема да биде лошо. Spoiler
имам парфем од кој сум мн задоволна, имам и лакови само што шо знам некако не ми се баш јаки, можда епроблем у мои нокти нз али некако ко д ане ми стојат многу ... А вчера баш сакав да си купам и пудра ама не купив оти нејќам на несигурно да купувам ..
јас имам пудра од essence,со пумпица е,long lasting 16h и да ви кажам право ПРЕЗАДОВОЛНА сум,прв пат во моите 23 години да имам пре погодена пудра и да не ми дели од вратот туку да делувам баш онака природно а не поделена во лицето ко паштета тие шо сте со намера да си купите ич да не жалите.јас имам 20 бројче.иначе пудрата чини 295 денари,не е скапа по мое а и не купваме пудра секој ден,така?позззз
јас ова го зедов околу 70-75 ден и многу сум задоволна не се брише одма [/qu А го има ли во боја овој молив?
Едно големо палче за фиксаторот во прав на Есенс, пудрата си остана на место и по малиот милион извртени ора, а т-зоната ми беше без светлечки ефекти. Исто супер е и базата за сенка, конечно не ми се пресликува пешачки премин на очните капаци по два-три саати.