Супер е Essence јас имам: сенка (love talk 7) кармин (in the nude 52) моливчинја за уста ама траат како кармин (cute pink7 i satin mauve 6) маскара (no limits) кармин (this is me 45) и циклама и виолетово лакче што е и да трае Spoiler не ми е ништо од овде купено а можеби ги има овие нешта тука
Само бронзерите и тушот ги имам видено засега. Ама малку по малку го зголемуваат асортиманот и овде кај нас.
Сега сакав да пишам. Преубав е, не се размачкува, се нанесува со алеста четкичка. Не знам колку пари е на мајка ми и го нарачав само.Го има кај нас.
Мене ми се супер, пишав еднаш ми се чини за коректорот дека е прекрасен, а сега морам да го пофалам и овој сјај: Имаше повеќе нијанси, јас го одбрав овој sparkling papaya. Не сум љубител на сјаеви за уста, но не можев да одолеам на преслаткиот мирис и нежните светки. Воопшто не е леплив, многу е лесен. Следен производ што го меркам е карминчето All about cupcake 53: Spoiler Да не го користела некоја од вас да ми каже дали нијансата е навистина како на сликава?
^ Менди, батко Ѓоргија не можеше да издржи - си го купив веднаш после оној in the nude. Ми се допаѓа, иста е нијансата, мириса прееекрасно и траен ми е. За цената и повеќе од супер е. Сега во план ми е оној coral, така нешто беше, ама прво да присоберам некој денар плус.
Да се надоврзам есенс има и во трговскиот Бисер во парфимерија РИМА. Иначе олку се карминчињата што ги зборите?
Мене коректорот не ми се допадна, зборувам за овој: Премногу е течен, како да ставам течна пудра за нијанса посветла од онаа што ја користам. Можеби мааалку ми ги осветлува подочниците, но ништо посебно. Не врши лоша работа, земајќи ја предвид цената, но очекувам повеќе од коректор. Од друга страна, подлогата за сенка е одлична. Шминката ми стоеше цел ден, а цел ден бев излезена на сонце :up: Одамна ги меркам аглестата четка и туш-гелот, ама последниот пат во DM ги немаше ни едното, ни другото. Се надевам ќе ги има нареден пат.
Се извинувам дали некој знае колку пари е сетот за веѓи и каде може да се најдат производите во Прилеп?
морам да ве прашам женски, тие шо го имат користено ајлајнерот како гел, дали е голема разликата мегу црниот и кафеавиот? само кафеав има моментално а ми треба црн па ме интересира дали се слични или многу се познава кафеавиот
Од Есенс го имам тробојниот коректор. Фин е , убаво си ја врши работата. Сосема солидно покрива. Сега наредно сакам да пробам некоја од сенките ,гледам вака имаат фини бои.
Пред некоја недела си ги земав моите први производи од Есенс, од ДМ поточно. Си купив бело моливче за 75 денари, четка за смоуки ајс за 99 и единечна сенка во природна беж боја за 130 мислам,која е многу убава,пигментирана,совршена за хајлатс. И понатаму планирам да си купувам од Есенс, многу убави призводи за ниски цени.