Луѓенца сакам да си купам маскара на есенс, ај препорачајте ми некоја за должина и густина на трепките?
јас ја имам оваа четкичката и е мала ама па преубава е а и оваа ми се виде убава дека има голема четка па сеа види одбери си која повеќе ти се свиѓа
А оваа маскара колку е? Не сум задоволна од таа што ја користам моментално и сакам да ја пробам оваа додека сум при пари. Читав доста по блогерките за маскарава - и тие ја фалат, а посебно убава ми се виде четкичката, голема и богата, а богами и тоа volume curl ме примами уште повеќе. A нема да биде лошо и некоја што ја пробала да чкртне два-три збора.
Моментално ја користам оваа маскара: ...и морам да ја пофалам.Екстра е!Стварно ја зголемува густината на трепките и ги прави да личат подолги истовремено.Има два дела со кои можете да постигнете различна густина.Со првиот, маскарата само малку ги нагласува трепките, ги истакнува, ама не ги залепува, доволно колку да се гледа дека имате трепки Вториот дел, очигледно мојот омилен, им дава многу повеќе боја, а со тоа и густина на трепките и се постигнува изглед како со вештачки трепки. Се на се, и давам 10 на маскарава, со една забелешка-многу тешко се вади со млеко за вадење шминка, а не сум пробала со влажни марамчиња.
Пред некој ден си ги земав ovie Го користам место руменило затоа што имам светол тен. И задоволна сум Ме интересира дали ги има овие сенки кај нас? Која им е цената?
Ти ја препорачувам essence multi action false lashes mascara. Дава и волумен и должина и густина. Не е скапа- 195 ден. Мишела, маскарата е 175 ден. Јас лично ја немам користено, но слушам позитивни коментари од другарки. Да ми се истроши уште малце оваа маскара што ја користам сега, во план сум да ај купам оваа. Ги има сенкиве- 125 ден. Јас имам сива и ептен сум задоволна. Стои долго време и дава убав ефект.
Девојки, мене ми треба, уствари не ми треба ама сакам да имам и руменило од фирмава. Како се движат со цените и кои се поубави, гледам тука на нет, ама некако не можам да си одберам нијанса што ќе ми фати око - или ми се претемни или пресветли и дречливи. Значи сакам некоја праскаста нијанса, да не мава ниту на портокалово ниту на розово, бидејќи розово, поготово бебешко розево не ми стои. И да не биде тоа крем-руменилото, не ми е баш симпатично. Мене највеќе ми фаќа око тоа првото, или оние силки тач, ама сакам да слушнам коментари пред да се изластам да купам.
До сега имам само сенка купено од тие дуо сива и потемна сива ,трајни се и не се размачкуваат.Планирам да си купам уште маскара и што ми фати око Навистина сум задоволна од квалитетот, цената, а најмногу од тоа што есенс не тестира на животни.Големо браво од мене
Го имам тој мulti colour blush, вториот ред, десно. Мене ми беше темен некако, кафеавите нијанси ги користев како бронзер, али некако не ми беше погодено. Мислам дека тие од третиот ред ти се најдобри
^ Убав е и тробојниот, мене ми се допаѓа како покрива. Инаку, се изнервирав квалитетно. Кај нас тука немаше избор на убави руменила од фирмава, ја немаше таа маскара која ја барав, ја имаа таа мулти екшн ама многу сиромашно ми се виде четчето и не ја зедов. Па ја сакам таа со извитканата четкичка, аман! Ќе видам следниот викенд низ Скопските парфимерии, ако ми текне да тркнам до таму. Па ај, кај немаа маскари асални и руменила - ни бело моливче немаа, само црно и кафено таму некое си. Опременост = 0 , голема, дебела, гнасна нула. - „После ќе добиеме нови.“ - мхм, важи. „Ни јавија, утре ќе стигнат сигурно.“ - сигурно, жими га*ов полн со стрии! Се изнервирав, не замерувајте. А мака ми е бе, толку се тинтрев и токмев и на крај ТАПААААА. Е, веќе си ќутам, па крај.
Го има кај нас виолетовиот гел-туш за очи? На официјалниот сајт сега ја нема таа боја... btw денес открив дека има и македонска верзија на сајтот http://www.essence.eu/mk/
Си тргнав јас со еден скромен список за купување и ја прашувам продавачката воедно и газдарица на една од подобро снабдените парфимерии во градов, зошто немаат производи на есенс, ми вели-тие се премногу скапи за наш стандард затоа џабе ќе ги носиме а и ретко кој ги има Добро, пријатно...
Од производите на Есенс имам само две карминчиња, кои ми се докажаа доста добри. Нежни се, со убави летни боички, мене лично ми се допаѓаат. За трајноста не можам нешто многу да кажам, зашто јас откако ќе го ставам карминот стално нешто јадам или пијам . Инаку ги имам во нијансите 55 и 52:
Вчера ја купив оваа маскара.Убава е четкицата и пошто не издржав одма ја пробав.Како што имам големи трепки со еден слој ми ги прави како вештачки.А поефтино неможеше да биде 175ден. ја земав од ДМ.