имам неколку производи и пред некое време купив маскара но да ви кажам не сум задоволна многу многу.се суши многу станува на грутки
Па со оглед на цените, богами вреди... Не е мн скапо. А квалитетни се. Зборам општо се што е Есенс, имам една маскара, си ја земав пред една година, ама пошо не се шминкам често, ми остана. Е сега, нормално е да се згрутчи после неколку год. Со оглед на тоа дека таа трае само 6 мес. И секоја маскара после 6 мес треба в канта да се фрли. А сенките траат 18- 20 месеци... Пудрите -Зависи...
Па од некои производи сум задоволна,од некои не..Еве на пример гел-тушот за очи и четкичката која е наменета за него ми се супер,а и вредат за цената..Базата(подлогата) за сенка за очи катастрофа..не ја одржува сенката баш долго..Сенките за очи им се ок..Друго сега за сега не сум пробала.
Шминки сеуште не сум користела, ама четките им се прекрасни Оваа ја користам секој ден, и мислам дека веќе емотивно сум приврзана за неа Преубава е, мека, за тие пари совршенство. Ни едно влакно и нема паднато од кога ја земав.
Неодамна го купив овој туш во форма на фломастер. Се сложувам дека е полесен за користење од обичен туш, можеби и попрецизен, но не сум многу задоволна. Бојата не е многу силна (иако земав strong black) и е премногу водест и редок, па треба повеќе пати да се нанесе. Барем мене така ми се погоди, можеби вие имате друго искуство
И јас ја барав секаде каде што има производи на есенс, ми кажаа дека веројатно нема повеќе да ја добиваат.
Јассссс! Мене посветлата нијанса ми се погоди ептен, а и цел ден трае, фиксирам со проѕирниот гел за веѓи на есенс и цел ден нит се размачкува нит избледува А другата нијанса супер ми се наоѓа како сенка
И јас исто го користам и мислам дека е најдоброто нешто на светот! Прво ставам од посветлата нијанса, па врз неа малку од потемната, така најубаво ми доаѓа. И тие стенцилите се убави, ама за моиве веѓи не одговараат така да не ги користам. За овој производ, 10ка!
Јас го имам и можам да кажам задоволна сум..бидејќи имам потемни веѓи ги мешам двете нијанси и супер ми испаѓа бојата.. Ако не се лажам беше некаде накај 190-200 ден..не ме фаќај за збор
Каде низ Скопје да ја најдам четкава? ја барав низ неколку парфимерии ама ја нема :/ ако некоја знае нека пише и цена )
за сите што трагаат по all about cupcake карминот (бр. 53) да ви кажам дека го има во ДМ во гтц, баш прееска бев во потрага сум по него веќе 2-3 недели и го најдов!!!
Не е нешто којзнае колку квалитетна козметика,но некои од продуктите им се стварно добри како gel eleyner од кој сум многу задоволна,имам и две карминчиња многу убави бои имаат но не се баш долготрајни многу брзо се бришат,имаат многу убави бои на сенки кои те привлекуваат да купиш па поради таа нивна карактеристика имам купено неколку сенки од кои сум прилично задоволна, сега брзо ја купив доста фалената маскара i love extreme црната,дава доста добар волумен на трепките за што всушност и е намената но сосема малку ги издолжува,не се рони па под очите да остава црни честици но кога ќе ја нанесам маскарата трепките ги чувствувам некако тешки дури и да нанесам сосема минимално едноставно како да ми ги преоптеретува очите до сега не ми се случило така со друга маскара. Имам купено и две четки за шминка едната за тушот што се користи другата за smokey eyes добри се и двете.