Имам неколку производи од Есенс и во главно сум задоволна. Го имам коректоров Супер покрива, при крај ми е па кај и да е ќе си земам нов Првата маскара од сликава ја земав пред околу една недела, кафеава е, и супер ми ги прави трепките. Ја користам само за преку ден. Од карминиве го имам тој првиот од втор ред Преубава црвена нијанса. Задоволна сум и од Quattro сенките. Е, не сум задоволна само од течните пудри. Земав пред некое време, колку за да ја сменам таа што ја користев долго време, но ич не ми се допадна. Како водичка е, ништо не покрива. Понекогаш за преку ден ставам од неа и ја комбинирам со камена пудра, ама џабе не ја бива
Немам користено ништо од оваа козметика, ма да во план сум да се подновам со некое карминче - ме привлече амбалажата, as usual. А трајни се, или .. ?
Јас скоро почнав да ја користам оваа козметика по препорака и задоволна сум. Користам маскара, креон, сјаевите за усни, кармините и лаковите за нокти. Презадоволна сум. Сум користела производи од други квалитетни фирми, ми носеле и од странство по нарачки, ама позадоволна сум од есенс... Маскарата и креонот како ќе ги ставиш така ќе ги извадиш. Нит се мачкаат, гачкаат, нит ништо. Исто лаковите за нокти не се гребат одма, траат по недела дена! Добри се, квалитетни, а не се скапи. Ви ги препорачувам. Спојлер Слики ако најдам ќе ви ставам, ако не ќе ги сликам моите
300 денари за единечна сенка на Есенс? Вие озбилни сте? Како се движат отприлика цените на другите работи? Не ми споредувајте со Мис Спорти и Голен Роуз само, не сум запознаена со нивните цени баш-баш. Ми се допаѓаат нијансите на лакчињата, се мислам дали да лупнам пари на нив.
Ги користам сите производи од Essense и сум презадоволна! Користам ваква пудра кафеава маскара и кармини во овие нијанси а лаковите ги обожавам, сите ги имам пробано особено овие colour&go се најдобри!
Сефора лаковите се по 90-100 денари . Јас имам жолт и плав и супер ми се , имаат убави нијанси во право си
јас го користам сјајчето што е со мирис на фрапучино и ми се допаѓа долго стои а и бојата ми се погоди е сеа мн се лепи ама тоа ( инаку девојки како да прикачам слика?)
Во моментов користам некои производи на Есенс. Задоволна сум многу, а посебно од лаковите за нокти, сјајот и карминот.
Пред два дена се подновив со овие производи... Значи ств се преубави... Посебно маскарата ни се размачкува ни ниишо .. Ств се екстра
Би сакала да си купам некое лакче ѕатоа што стварно имаат голем избор на бои кои не се достапни на пазарче П.С го читам списанието редовно и во следниот број даваат поклони од оваа фирма списанието е 60 денари и е повеќе за тинејџери но сепак има интересни рубрики кои би ги заинтересирале и другите ете слика од поклоните подолу
Имам неколку производи од есенс.. задоволна сум. Имаат прифатливи цени , за сечиј џеб. Еве нешто од мојот асортиман на есенс. - имам неколку нијанси од сенките.. - карминчето и сјајот ги користам заедно и добивам супер ефект. - исто задоволна сум и од маскарата , ја користам за дневни излегувања и супер е. Гледам ги фалите и лакчињата, па ветувам дека ќе си земам да ги пробам.
козметиката на essence ја открив неодамна а откако ги користам нивните производи можам да кажам дека сум презадоволна