И јас сум презадоволна од gel eleyner,а исто така го имам и водоотпорниот туш за очи со цврсто четче кој доста долго трае.презадоволна сум од сите производи од оваа фирма,единствено што не ми се допаѓаат кармините и сјаевите за усни,добро изгледаат но не траат баш.а сите производи за очи се супер.
Многу интересна работа, баш е изум...посебно ко за мене, врска немам од чупање. Утре го барам Инаку сенките кои ги имам користено од оваа марка не се лоши, а од лаковите воопшто не сум задоволна, траат 5 минути. Инаку сум редовен потрошувач на карминот бр. 52, во преубава Nude нијанса. И јас како другите ќе се пожалам од краткотрајноста, но многу ми се допаѓа бојата и пак и пак си го купувам. Додека не решам да го заменам со некој поскап, ќе си ставам по 45345 пати во една вечер, што да се прави...
Па не се лоши производите, имам доста работи од таму зошто се по доста прифатлива цена. Ама пример не ми се допаѓа ружот во вид на крем, се прави во грутки и останува премногу кратко, а и + го има само во една нијанса. Но, на пример моливчето за веѓи супер ми се погоди, се мислев тогаш дали да земам онаков eyebrow set како што сте спомнале погоре, ама земав моливче и сама си ги средив веѓите па баш сум задоволна. Имам и неколку сјајчиња,сенки,лабела, сјајевите и карминчињата се малку краткотрајни, иначе добри се.
Многу се светкави!? Некако предискобол ми изгледаат, ама ете да претпоставиме дека се суптилни. И колку пари се?
Јас 3 земав: 04-caramel cream, 02-purr-ple, 05-blue sky. Светкави се, јас баш и такви барав. Пигментацијата не им е лоша, искрено очекував многу многу полоша да биде со оглед на тоа дека на брзинка ги земав, бидејќи купував од новите сенки на мејбилајн колор тату, па набрзинка поминав да земам од овие да видам како ќе стојат врз тие од мејбилајн па ни на тестер не ги пробав. 209 денари беа, ако ме држи добро сеќавањето. Еве пигментацијата каква им е:
Не, тоа е фиксатор за шминка. Не се сеќавам колку го купив, помина повеќе од една година, ама не е лош, убаво си ја врши фунцкијата и шминката ќе ви стои цела вечер, НО о нанесувањето над пудрата го прави лицето бело. Ако планирате да го користите, не нанесувајте камена, туку само маааалку, многу малку од него и поминете со четка преку лицето. Секако, доколку не сакате да бидете Каспер, зашто ако над течната пудра ставите камена, па ова - премногу се познава. Го има секаде каде држат козметика на Есенс. П.С. Па и не се така лоши новите сенки, јас мислев ептен се светлуцави ко оние светки по ноктите што се ставаат. Не се лоши, зелената ми е фаворит и мислам дека би си ја купила неа.
Колку пари им се четките за сенка, пудра, руменило,како и тој сет сто е за веѓи?Дали во ДМ ги има производите?
Дали некој знае зошто ги снема производиве од ЕСЕНС во последни 2-3 месеци?Дали веќе не се увезуваат?Во Шатци нема од 8 март навака ништо ново добиено а ни во друга парфимерија кеде што купував
Можеби имаат доста залихи од старите производи, па чекаат да им се подистрошат за да приложат нови. Има доста нови производи периодов, кај нас во локална парфимерија ги има, ама ништо не ми фаќа око освен старите добри карминчиња. Многу ми е жал за тробојниот коректор, овој новиот не ми се допаѓа воопшто. Па и гел лајнерот ... не успеав да си земам зелен.
во еликсир парфимериите секој месец има неколку производи на есенс кој се по 85 денари..овој месец по 85денари се: -Лаковите Nude Glam, Colour & Go; Colour3 - сјај за усни Xxxl Lip Gloss - молив за очи Kajal Pencil 2 во 1 - Smokey eyes set - Stay all day сенка за очи - Likvid туш за очи со светки - туш за очи I love glam - Gel eyeliner сива боја - Duo сенки за очи - Кармин за усни нијанси: 56,40,59 - водоотпорен туш за очи
не не,не е ова акција секој месец имаат производи кој им се по 85 денари изгледа нели им носат нови работи па овие стариве што им остануваат ги даваат по 85 денари. секој месец го има ова,а трае додека не им се потрошат залихите,па кога ке идете прашајте си што имаат од козметиката на есенс по 85денари и ке ви кажат