Не е руменило, бронзер е и нанесувај го така Ти пишува и бронзинг, значи за истакнување на контурите на лицето Прекрасна е, ја имам истата. Најзадоволна на свет !! Кој и да ја купи нема да зажали а мислам за цена дека беше негде околу 200 ден, незнам точно Четките се најпрекрасни, купувај веднаш, нема да зажалиш
Имам многу работи од есенс и презадоволна сум Ем ефтино, ем убаво. Сенките за очи се предобри, бришачот за шминка, лаковите, сјаевите, лабелата. А за пудри не знам бидејки имам од мејбилин.
Го купив пред некое време мат бронззерот од нивната линија,но не ми одговара на кожата.Прво не ми се допаѓа тоа што како на помаранџесто да мава,не го доловува оној убав исончан изглед,а тоа најмногу го мразам без оглед дали станува збор за пудра или бронзер.Исто и челото многу ми се исипуваше од него.Му дадов неколку пати шанса,мислев ајде да не се погодило така зошто бев во ПМС,но го тестирав неколку пати и се случуваше истото.Може мене не ми се погодил,но сметам дека се џабе фрлени пари
прашањево е за оние кој го имаат оној сетот за веги девојки кога го купивте имаше шаблони со него? на страната на есенс пишува вака сетот содржи две пудри за веѓи , апликатор и три шаблони. совршени веѓи за секунда! па сакам да прашам какви шаблони се тие?
Едноставно не можев да одолеам на постот на Трендафилка, не знам дали беше тука во темава, а и не е битно, зашто конечно си го купив тушот во вид на фломастерче, оној кој stays no matter what. Ако остане негибнат по гмечењата кои ми ги приредува дечко ми - тотално ќе ме освои, готово. Вака на прво ставање, ми изгледа супер - лесен за аплицирање, екстра брз во однос на сушењето, не се размачкува и малку потешко се брише. Што е најважно, не е водлест и доста интензивна боја ми пушта, дали дека е нов или пак навистина е добар, останува да видам. Гледам по интернетов, има и маскара од истата колекција, за волумен на трепките и мислам дека е следна која би ја тестирала. Вака од око, има симпатична четкичка и ми изгледа дека дава солиден ефект, па кој знае, можеби ќе се погоди. Како да ја видов во парфимеријата, ама нека остане за друг пат, на работ на банкрот сум. Spoiler Исто така, долго време пекав по тој фамозен gel top coat на Golden Rose и онака случајно ми фати око колекцијата Studio Nails. Си го купив XXL nail thickener, чија примарна намена е нели за да ги зајакне кршливите нокти, но има баш гел-структура и им дава на ноктите убав завршеток, сјајни се и изгледаат како навистина да има гел на нив, но не се така дебели каков што е и оригинал ефектот на гел-ноктите, но мене баш ми одговара така.
Од оваа козметика имам вакви сенки за очи, лилјакова и од моно сенкоте - сребрена презадоволна сум , а и воопшто не се скапи Го имам и коректорот за лице и тој супер се покажа , а од Гош не е нешто подобар и е многу порвтин од него
Женски,може да ми кажете каде да го најдам горенаведениов коректор,многу го фалат,и колку пари е отприлика?
Секаде каде што држат козметика на Есенс, на пример Шатци, Јуник мислам. Не е скап, ако не се лажам, сто и три-четириесет денари - сигурно не е поскап од 200 ден. Меѓутоа, овој за тие пари има премногу малку милилитража, пробај го и тој во стик, спакуван е како карминче, беж боја е и прилично солиден. Мислам дека тој беше 130.
^Фала ти многу,јас пред некој ден барав во ДМ,немаше,затоа прашав. Ќе проверам во Шатци деновиве. А,да,и тој во стик го фалат,ама ќе видам,ќе прашам Фала ти многу
Мислам дека има во Шатци и Еликсир Јас имам креми за акните и сум задоволна И лаковите ми се убави. Маскарите многу ги фалат.Јас лично не користам маскари,туку од братучедка ми имам слушнато и нејзините другарки,многу и се свиѓале.
Добри ли се овие? Бидејќи на топлово страв ми е дека ќе искочам и ќе бидам како панда И која од маскарите е најдобра за погусти трепки?
Јас ги имам и двата туша на есенс, овој туш и тој лонг ластинг што не е водоотпорен. Според мене, за нигде се. Да, лесно се нанесува со ваквите тушеви што се како пенкалце ама за нигде се. Не пушта убава црна боја, а кога пробуваш повеќе слоја да нанесеш за да добиеш јака црна нијанса некако почнува да се лушти, ко да пука... За недела дена ми се исушија и двата. Ако веќе сакаш водоотпорен туш, земи го на Гош тој со тенка четкичка, во базен да влезеш со него, нема да ти се размачка
Каква е оваа чудесија !? Meне вака на прв поглед ми залича на кондом и дури си се запрашав што им станало на овие, додека не прочитав дека всушност биле марамчиња за самопотемнување !? Дафак ? Патем, преубава е колекцијата, јас око им фрлив на лаковите - и онака сум заљубена во бордо лаковите, не ќе да ми дојде лошо овој. Spoiler И карминов, не дека им се којзнае што, ама мене ми се супер за денска варијанта, за до факултет и прошетки натаму-наваму. Овој навидум бордо, ама далеку е од типичната вино боја. Сепак е нежен, ај лајк ит. Spoiler