Мислам дека за сенка четките се 99 ден. а за руменило и камена пудра се 299 или 289 така нешто битно ефтини се за разлика некои што се по 899 или 799 и да ти кажам многу се квалитетни на есенс јас ги користам за к. пудра и руменило четките и закон се и плус мн се меки а досега ги имам миено и чистено со сапун обичен и ниедно влакненце им нема испаднати мн брзо се сушат и јас сега наскоро ќе си ги купаам и останатите четки
Mишела јас ја имам видено таа за руменило во ДМ на бит пазар ама се разочарав од тоа колку е мала. Инаку си пишав и во темата за ДМ ама нема одговор а планирам утре да одам после факултет, па сакам да прашам, дали од понудата на есенс за 85 денари има нешто во тоа ДМ на битпазар?
Нема врска тоа што е мала, само да ја има. Премеки ми се и преубави за шминкање - ги имам оние за сенки и таа за гел-лајнерот, мислам дека во живот не сум имала толку фини и издржливи четки, а и моментално ми се со најпристапни цени. За почеток ќе земам една, само проблемот е додека да ги најдам. Фала ти во секој случај, ќе проверам таму наредната недела.
Јас таа за гел- лајнер не можам никаде да ја најдам, а не сакам од друга фирма, си ја купив еднаш и кога бев на одмор дали ја изгубив, дали некој ми ја прибрал и останав без неа. Ако некоја ја сретне нека ме извести по лп.
^Јас деновиве таа за гел-лајнер ја убив барајки ја и во ДМ во трговски и на битпазар и во Еликсир во Веро и во Трговски и НИГДЕ ја нема. Ми останува да си земам некоја друга како што ми препорачаа феминкиве.
Девојки, јас пишав и во една друга тема, ама ќе ви ја кажам информацијата и овде. Мене ми рекоа дека четката и општо колекцијата е повлечена од продажба зашто најверојатно се очекува некоја нова колекција четки, а старите ги оставаат додека имаат залихи. Затоа јас си прашав од овие две да ми кажете каде има останато уште, ама нека биде најтазе информацијата. Со оглед на мојата среќа за вакви работи се сомневам да ги фатам некаде, ама ајде ќе видиме што ќе излезе на крај.
^Мишела јас сеа во четвртоков коа бев во Дм на битпазар ги имаше овие четки ти што ги бараш и тоа бааги имаше така да не верувам дека до сеа се потрошиле.Провери си и ти ама ти викам не верувам да ги нема.
Ако бараш во Шатци мислам дека веќе нема ни да добиваат,им пишав и мене од кај нив ми кажаа дека нема веќе да продаваат Есенс не им се продавале производите и ќе донеле Мејбилајн наместо Есенс бидејќи е со слични цени и подобар квалитет,така да продаваат тоа што останало а нема новитети,така да во градовите каде што нема ДМ ни останува да бараме парфимерии кои продаваат Есенс ако ги најдеме како што е случај со мојот град,најдов само една локална парфимерија со овие производи ама избор скоро никаков,немаме ни ДМ ни Еликсир ни Јуник па може да се сликаме за Есенс.
И не можам да кажам нешто конкретно, зошто секоја сезона ги менуваат производите. Таква им е политиката, ама криво ми е што некои многу убави производи, после нема да ги најдеш. А, квалитетот е солиден во однос на цената и претежно сум задоволна од производите, а најмногу од лаковите.
Знаете која глупост ја направив денес? Влегов во Дм нели по производиве од 85 денари, и ставиле со жолта етикета ознака на сите лакчиња дека се на акција само овој месец по цена од 85 денари. И фино си ги ставив во корпа сите бои што ми ги фати око, некаде 13 лакчиња Од пудрите немаше ништо останато, нити маскари нити лајнери, па загледав сјајчиња исто по 85 денари и си земав три. Одам на каса и позади мене се направи ред, пошто стандард тоа дм работи само со една каса. И се завртов да ја оставам корпата, се враќам на каса, леле луѓе 2000 денари сумата Уствари не било се на попуст, на попуст биле само три четири лакчиња, и едно сјајче, и така си оставив 2000 само за лакчиња и сјајчиња и ми одеше да се убијам. Запазете како купувате, затоа што налепиле етикети, цел ред имаше жолти етикети со цена од 85 денари а уствари испаѓа само два три производа се на таа цена. Мислав да се раскарам со таа пошто нели има етикети ама ми беше срам пошо се направи редица дека една каса работеше, и така. Немаше да ми биде криво да си имаше ознака регуларна, или да пишуваше кои нијанси или да беа одвоени тие што се на акција. Сите лакчиња во еден ред стоеа, и имаше две три етикети жолти на тој ред, со сума од 85 денари. Инаку видов и карминчињата се намалени по 85 денари ама дали стварно се со таа цена, не се осмелив да се вратам по нив. Видов и маскари, и тушеви по 85 денари, па ако некоја купила и се ставрно по таа цена нека ме извести.
^^ баш пред некој ден бев до ДМ во центар да видам што е на попуст од есенс и приметив дека не сите лакови им се на попуст, точно си пишува кое бројче од кој лак или кармин се 85 денари. од кармините исто така се само 3-4 нијанси на попуст, како и од лаковите. Можеби не си видела убаво, затоа што прв пат гледам одредени нијанси да им се на попуст а не сите.
незнам, јас бев во тоа на бит пазар, значи на тој ред каде што стоеа само лакови, единствени цени што стоеа, беа жолтите етикети со цена од 85 денари, барем да стоеше и регуларната цена, па ке си пазев ама како и да е бидна веќе. Муабетот ми беше да пазите кога ке купувате, да не се зезнате како мене.
За сите што ги интересираше за четките за шминкање иако не е од Есенс ја пред малце ја купив на Аура од ДМ во трговски таа за гел -лајнер. Четката е 105ден. Иначе на штандот на Есенс немаше ништо. Буквално скоро празен беше.Ни на акција ни обично.
Абе девојки го има уште тоа сетчето за веѓи што беше, во прозирно кутивче, со две нијанси, и четкичка? Јас никаде не можам да го најдам, исто и тој гел-лајнерот. Каде да ги барам?
Прееска го купив оној Match 2 cover коректорот со 2 нијанси,и да ви кажам право,задоволна сум.Убаво ми покрива подочници,а и тие малку пеги што ги имам ги прикрива.Се мислев меѓу овој и тој како пенкалце,ама решив ова,и не згрешив. Цена-195 денари од ДМ.
Есенс извадиле нови кармини, longlasting. Јас си сефтосав една преубава карамел-nude нијанса - 05 dare to be nude и можам да кажам дека се десетпати подобри од оние постарите. Се познава по самата структура - не се толку кремасти, попигментирани се, би рекла дека се нешто измеѓу стурктурата на Gosh и Rimmel - „помеки“ од структурата на Rimmel кармините и подобри и не така растекувачки како кармините на Gosh. Не се сеќавам колку беа, 156 или 165, ја фрлив фискалната инаку ќе ви кажев сигурно. Убо карминче, ќе си земам нареден пат едно баш цреша нијанса, тоа ми фати око ама не сакав да се расфрлам. Изгледа вака и мислам дека се заљубувам во него. Спојлер
Во Германија на сите марки имаше таков селективен попуст, пример, одредена нијанса од таа боја им се продава помалку и таа ја ставаат на продажба. Не е никаква финта на нашите, него треба очи отворање. Јас да ви кажам, се пулев некна кај нас дали ќе има, ама само обичен имаа гел коат за нокти... Што сум донела еден, за ич пари го земав, некои 3 евра преку сила да беше. Прво го земав со намера да се лакирам со безбоен, затоа што ноктите ми се кршеа ненормално, а не ни дозволуваа со лак во боја... после немав време, го баталив и тек сега кога си дојдов го пробав. Значи лакот ми траеше десет дена без да мрдне, од кои 4 бев на одмор и во вода. Дечко ми дури и ме праша - Абе зошто не си се налакирала до крај , ноктите толку ми пораснаа што изгледаше како да сум само 2/3 лакирана. Земав ставив и втор слој одозгора, и тој поседе добри 10 дена, што ти иде дека поголем дел од месецов имав ист лак на мене. Лакчето беше обично, пазарско, знам дека не бев многу задоволна од него оти ми паѓаше по 3-4 дена, ама сега со чудово, многу сум задоволна. Кој има шанса и го начека некаде, нека го зима ова, нема да зажали. Само пазете, не му е наменава за брзо сушење, се суши со нормално темпо, јас се залетав вториот пат мислејќи дека ми се исушени ноктите и си ушлакав некој нокт. :geek: Спојлер
Овие се тие новите? Додуше не се нови, одамна ги има, ама кај нас сега ги носат. Ама нијансиве им се перфектни. Има избор на нијанси кај нас?