На две места бев немаше ништо, се беше потрошено, акцијата изгледа заврши, беа одлепени жолтите ознаки (иначе имаше неколку нијанси на лакови и сјајови, една пудра и една маскара - за нив сигурно знам) Ме изненади пудрата, од 275 на 85 беше, ама прва се потроши (или си ги тргаат за свои луѓе)...
Тоа се од старата акција, за нова е уште рано вие сакате ептен на почеток. Ќе има таму некаде после една или две недели.
Има од маскарите get big lashes две за 200, виолетовата со црната и виолетовата со сината, за друго не знам
Како сте задоволни од longlasting кармините? Баш си загледав една нијанса ми фати око, ама не бев сигурна викам ај прво на Фемина да прашам за искуства Трајни се?
Кои се longlasting, оние новите во црно пакување? Не читам имиња во последно време, простете. Ако станува збор за тие - топло ги препорачувам, зашто врска нема структурата со оние поранешните кармини на Есенс. Мислам дека се поскапи од оние обичните, 175 денари се ама стварно се доста подобрени. Имаат многу убава структура, баш како з кармин, оставаат интензивна боја и трајноста им е доста солидна.
Морам да си реплицирам сама на себе, т.е да се поправам - 175 ден. биле, денес си купив и многу сум среќна
Да не се мачите за бројчињава, на сликава погоре што е, си се подредени по ред од 1 до 10. Така да кое ви се свиѓа тоа бројче е. Мене пак ми се свиѓаат првите три и последните три. Еве ви линк http://entrebatonsepinceis.blogspot.com ... candy.html
Мене пак четирите во средина. Јас го имам само 05, следен ќе го купам 07, ми фали некоја розе боичка.