Сегде каде има Есенс козметика го има коректоров. Го имам секаде гледано. *************************************************** Иначе ги видов новите кармини, како мат се, малку кремасти, не се долготрајни или премногу пигментирани, ама како за денски супет се. Цената им беше 175 ден.
Го нема веќе коректоров, не се произведува повеќе, а ако некаде случајно го најдете обавезно проверете му го рокот на траење зашто ги изложуваат сите кои им останале во залихите. Иста ситуација е и со сите нијанси на гел-лајнерот.
Ја користам пудрава, одлична е. За многу проблематично лице не е, зошто не е толку покривна. За нормална кожа. А најмногу ги сакам лакчињата од есенс многу се добри и долготрајни се, само скапички се.
99 денари се четките за сенка,за нанесување и за избледување на сенките,односно мешање убаво-бленд на англиски.Четката за руменило и пудра мислам дека е 200 денари,200 и нешто.Не се скапи а убави се,квалитетни.
За нова година купив светкави сенки за очи, бела и сива со металик сјај. Одлични се, трајни и убаво се нанаесуваат. Пред некое веме купи маскара, ама таа не ми се погоди баш многи. Сенките се одличен избор :up:
денес бев во дм во капитол, ќе се шекнев од маскарите, сакав сите да ги имам Од која сте најзадоволни?
Јас сум многу задоволна од една маскара на Есенс -Смуки ајс,така се вика,уште малку имам од нејзе,незнам дали ја има,многу е убава.Трепките се одлични со нејзе. Исто така е убава Еssence Multi Action Mascara. Таа ќе ја најдеш сигурно,за ова смуки ајс незнам,провери.
Јас прееска купував козметика од Есенс и немаше ваму каде што бев продукти од 85,освен гел ајлајнерот и сенката stay all day,ги најдов конечно(и тоа последните беа) . Друго немаше ништо,а за друго место незнам
Денес навалив на есенс јас Купив едно ново карминче од новата колекција, New York нијанса, четка за блендирање, сенчење, како и да е... Лак што ако го протриеш со магнет менува шара, ББ крем во најсветлата нијанса и здогледав едно чудо, гел за тен на усните, така некако му иде. Го умаше во 3 нијанси, јас зедов Deep Red, и баш си е гел, мириса на цреша, и благичко е На почетокот имаш некое чувство како да имаш некој сируп на усните, што после се губи, многу е хидратирачко и трае со часови! Ова е баш новост за мене и многу ми се допаѓа, многу убава боја остава. Ах да, со само едно нанесување бојата не е толку интензивна како со 3 на пр, и тоа за мене е уште еден плус пошто можеш да го користиш и преку ден во понежна нијанса