Убави им се руменилата и четките. За разлика од Gosh четките што се распаѓаат од вториот ден, на Essence се супер. Има сега најнова пудра во прав(барем мене ми е најнова, скоро ја открив) бела, несто мат ефект пишува...не ти мрда шминката цела вечер..
Има стварно убави а ефтини продукти. Од кармини до пудри и маскари кои сепак се продукти кои најчесто се користат и брзо се трошат, се исплаќа ептен. Јас прво бев малку скептик, не ги ни погледнував нивните производи, ама гледајќи влогови на јутјуб ептен ме намамија на овој бренд иа среќна сум што го открив.
Јас го користам последниве месеци и многу сум задоволна.Неможам да направам споредба со друг прозивод за веѓи,затоа што пред тоа мислев немам ни потреба, па не ни употребував.Ја користам потемната нијанса,а шаблоните веднаш ги фрлив,не ми се од корист,барем мене.За да не добијам спротивен ефект ,откако ќе земам со четчето од "сенката",со четчето тапкам еднаш на палома,па нанесувам.Задоволна сум и не планирам да го сменам
Пред некој ден земав од овие маскари, црна.Воопшто не сум задоволна, се убив од нанесување маскара, сува, барут А се гледаше дека не е отворена претходно.Ми ги направи трепките ко грмушки па и нит ги издолжува, нит ги раздвојува, нит волумен, нада. Немаше Мис Спорти, па реков од оваа козметика да земам.Незаменлива ми е Мис Спорти, долго време ја користам таа маскара, ем ги издолжува трепките, ем волумен, било која од маскарите им е убава.А тука некаде им се цените.Се надевам ќе си ја најдам маскарава на Мис Спорти, барем нема да се расправам со вакви маскари и наоѓање финти за раздвојување на трепките.
Мислам дека кабукито веќе го нема,исто како и четкичката за gel eyeliner. Мене пак ме интересира дали некој ја има четката за руменило розевата и дали сте задоволни?Поранешната бела беше супер,каква е оваа,дали убаво нанесува руменило и дали и испаѓаат влакната?
Јас ја имам четката за руменило, јас сум задоволна, убаво рамномерно се нанесува руменилото,а и влакната не паѓаат
Пред некое време ја купив оваа маскара, но не сум задоволна. Денес ја купив оваа, подобра е од претходната, но пак не сум мн задоволна. Лаковите на есенс најмногу ги купувам.
Есенс имаат нови производи во колекцијата пролет/лето 2014. На страната ги има, но не знам кога ќе бидат достапни кај нас . Сите се прекрасни, поготово маскариве и новиве лакчиња со светки . Јас веќе си одбрав што ќе си купам http://www.essence.eu/mk/produkti/novi-proizvodi/
Новиве кармини на Есенс мене многу ми се допаѓаат,јас пробав една од црвените нијанси од овие кармини,сега оваа незнам која е,јас ја пробав dare to wear и многу ми се допадна.Карминот лесно се нанесува,хидратантен е,не ги суши усните и мислам дека поради тоа малку излегува од линиите на усните,ама не се приметува.Приметив дека и не останува многу долго на устата,ама се друго е супер за него,остава иста боја како што е и тоа со едно поминување.Мене ми се допаѓаат
Нека ми каже некој ако го има користено брозерот од есенс.. се мислам некое време дали да земам, досега освен перли од авон друго немам користено, а ова дека е прашкасто и мислам дека ќе се рони нека ме просветли некој
Нема да се рони,ќе си го нанесуваш со четка,нели.Бронзерот на Есенс е супер,мислам дека многу ќе ти се допадне.Пробај го
Си купив вчера од руменилото и се радувам дека сум ја погодила нијансата и сионќа кога ставив ми беше добар па ќе видиме понатаму како ќе се покаже инаку мислам дека ова нијанса ми е ..сликата подолу фала на помошта