Има многу убави сјајчиња за уста во ДМ, еден што го користев феноменален беше, а користев и една течна пудра, преубава и кога отидов по втор пат да купам ми кажаа оти веќе не ја произведуваат таа Инаку добра козметика имаат, не се лоши а и поефтини се.
Јас од ДМ пред месец дена си купив мат пудра и одлична е. Ми покрива се и лицето после ми е мазно како на бебе А и ефтини се, не се многу забегани со цените
Случајно да не сте го забележале ова некаде? Бев пред недела дена во еликсир и дм во капитол и го нема
Минатата недела ги земав сенките и хајлајтерот и ептен се добри, хајлајтерот не е лош, за тие пари е предобар
Препорачајте ми туш за очи од фирмава и сте задоволни.. Да стои подолго време, да не се бриши и да има убава црна боја?
Дали имате користено руменило или бронзер од есенс и како сте задоволни? http://4.bp.blogspot.com/-dM3HlIGJN3U/U ... er+pen.JPG Јас го имам користено овој туш и прекрасен е и воопшто не се размачкува како што ми се има случувано со други тушови
Девојки точно во кое Дм можам да ја најдам палетава со сенки? Немам мн време за шетање, па ако била некоја и да забележала нека ме извести, потребни ми се
Во ДМ во ГТЦ мора да го има. Не можам да тврдам конкретно за овие, ама сум забележала таму доста сенки на Есенс во различни големини. Таму мислам дека се најголеми шансите да најдеш. Инаку задоволна сум од козметиката на Есенс, т.е. од сите производи на Есенс досега што сум ги купила.
Палетава ја имам гледано во ДМ во Капитол, ако случаајно им се потрошила види во Еликсир доле. За девојката што праша за бронзер и руменило, ги имам користено Сан клаб бронзерите во светла нијанса и матот и светкавиот. Светкавиот ми е мене поубав за секојдневно користење бидејќи имам светол тен (со исклучок на сега), а матот ми е попортокалов, а е попигментиран. Ги користам перлите што се од новото издание место руменило, супер се за светол тен и повеќе се како хајлајтер.
simoncelicius, а да ѕирнеш во некоја од парфимериите на Еликсир? Досега таму се што сум барала од Есенс сум нашла, Дм често ми се многу слабо снабдени со Есенс т.е брзо им се продаваат работите а не ги надополнуваат со време.
Околу 250 ден. е коректорот, но гледам грамажата му е мала. На овој е 2,3г, а на тој како кармин е 5г. и е 150 ден.