Лаковите се за пофабла, стварно се добри, и сенка имам пробано, одлична е. Од онаа 2 во кутија што се, немав некои очекувања, но повеќе од солидни излегоа.
Јас сум презадоволна од речеси сите производи од Есенс...користам пудра Stay All Day и преубава е, флеки,акни, се покрива, а само 290 денари е...сјајчињата се исто убави, сенките, лаковите, а и цените се супер
денес си купив две сенки во една, розево-сива и на прво пробување беше супер. лаковите и сјаилата им изгледаат супер, па и од нив планирам да земам... И навистина, цената е многу прифатлива дали некој ја пробал пудрата: soft mousse, и каква е? Некој пишувате дека биле водести, ама баш така сакам, да не се познава дека имам пудра , а да имам
оваа? јас ја користам и ми одговара зашто имам мрсно лице. не го мрси дополнително и не се размачкува.
видов од есенс излезени се кремови за лице (околу 140-150ден) , гелови и лосиони за лице (околу 220ден.) Имаше 3 видови на креми и продавачката поприлично ги фалеше за цената. Дали некој ги има пробано и има некакво искуство да сподели...???
Јас ги користам лаковите и супер се,додека за пудрата неможам да кажам многу е водеста ништо не покрива,а исто сум презадоволна од тушот најдобро нешто дефинитивно.
Лаковите ги користам и супер се-долго ми траат и секогаш има многу голем избор на бои...Купив и туш, ама многу брзо ми се потроши, иначе супер беше.Имам сребрен сјај од претходната колекција-Denim Wanted и топ е, а мириса многу добро, на ванила
Денес си купив креон и морам да го пофалам. Ептен остава, не се размачкува и трае. Штом на жештинава не се размачка, алал да му е! xD Long lasting е и не е со острење. Го купив од Јуник, во Космос кога прашав за Есенс таа ме гледаше како да сум од Марс -.-
Јуник се генерални застапници на Есенс, па затоа само таму ги има овие производи- тие го имаат ексклузивното право да ги продаваат
Па Јуник се застапници- сигурно се немаат договорено со поголемите парфимерии како Космо и Шатци- а ја дистрибуираат низ помалите - барем така ми кажаа во Јуник, дека тие се застапници, па сега колку е релевантна информацијата, не гарантирам